Кажи ми, Господе, дали за своите следбеници си определил некој посебен ден за одмор?
„Бев обземен од Духот во Господовиот ден„ (Отк.1,10).
Кој ден е Господов ден? На кој ден ти си Господар?
„Синот човечки е Господар на саботниот ден„(Матеј 12,8).
Седмицата има седум дена. Кој од нив е ден за одмор?
„Седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог„ (2.Мој.20,10).
Дали седмиот или првиот ден во седмицата е ден за одмор?
„Потоа се вратија и приготвија мириси и миро, а во сабота се одмораа, според заповедта. Во првиот ден на седмицата, многу рано жените дојдоа на гробот, носејќи ги мирисите што ги беа приготвиле. Но го најдоа каменот тргнат од гробот. А кога влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса„(Лука 23,56-24,3).
Дали со својата смрт на Голгота си ги укинал Десетте заповеди?
„Немојте да мислите дека Јас дојдов да ги укинам Законот и пророците! Не дојов да ги укинам, туку да ги исполнам„ (Матеј 5,17).
Дали „исполнам„ значи што и „укинам„?
„Носете ги бремињата еден на друг и со тоа ќе го исполните Христовиот Закон„ (Гал.6,2).
„Ако го исполнувате царскиот закон, според Писмото: Љуби го својот ближен како самиот себе! – добро правите„ (Јаков 2,8).
Господе, дали можеби си изменил некоја Своја заповед, така што твоите следбеници денес треба да празнуваат недела наместо седмиот ден?
„Вистина ви велам, додека постојат небото и замјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ги снема од законот, додека не се исполни се (Матеј 5,18).
Зар саботата не е Еврејска?
„Саботата е создадена заради човекот, а не човекот заради саботата (Марко 2,27).
Дали по твоето распнување твоите следбеници престанале да ја почитуваат саботата?
„А во саботата се одмараа, според заповедта„ (Лука 23,56).
Од тогаш учениците, како спомен на воскресението, празнувале недела наместо сабота. Дали навистина правеле така?
„А Павле и неговите придружници отпловија од Пафос и дојдоа до Перга, во Памфилија. Тука Јован се оддели од нив и се врати во Ерусалим. А тие заминаа од Перга и дојдоа во Антиохија Писидиска, влегоа во синагогата во саботен ден и седнаа„ (Делата на апостолите 13,13.14).
Зар овде не се работи за изделен случај, нешто што се случило само еднаш?
„И по својот обичај Павле влезе при нив и три саботи редум расправаше со нив околу Писмото„ (Дела 17,2).
Можеби апостол Павле во сабота се среќавал со евреите, а во недела со многубожците?
„А кога излегуваа, присутните ги молеа да им ги кажуваат овие зборови и идната сабота… Следната сабота се собра речиси целиот град да ја чуе Речта Божја (Дела 13,42.44).
Господе, дали постојат и други укажувања според кои апостол Павле празнувал сабота?
„А во саботата излеговме надвор од градските порти, крај реката, каде што имаа обичај да се молат. Тука седнавме и им зборувавме на собраните жени„ (Дела 16,13).
Дали Божјата Реч кажува дека апостол Павле во саботата им зборувал и на Евреите и на многубожците?
„А секоја сабота водеше расправа во синагогите и ги ибедуваше Евреите и Грците (Дела 18,4).
Што кажува апостол Павле за празнувањето на саботата?
„На Божјиот народ му останува саботната починка. Имено, кој влегол во неговата (Божјата) починка, тој се одморил од своите дела, како и Бог од своите„ (Евреите 4,9.10).
На кој ден мисли апостол Павле кога пишува дека ние треба да се одмораме, како и Бог што се одморил?
„Зашто некаде за седмиот ден е речено вака (1.Мој.2.1): И Бог почина во седмиот ден од сите свои дела (Евреите 4,4).
Како е воведено празнувањето на неделата во христијанството? Господе, бидејќи ти не си го променил својот закон, кој го сторил тоа?
„Тој ќе хули на Севишниот… и ќе помислува да ги измени времињата и законот„ (Данило 7,25).
Сакаш ли да кажеш дека постои сила која смета дека има право да го промени Божјиот закон?
„Кога не би имала сила, таа не би можела да го стори она со што не би се согласиле сите современи религиски водачи: Таа не би можела седмиот ден, саботата, да ја замени со празнување на првиот ден во седмицата, со неделата – промена за која не постои никаков библиски авторитет„ (Доктринарни катехизис, стр.174).
Кога е извршена оваа промена?
„ Ние празнуваме недела наместо сабота затоа што Католичката црква на соборот во Лаодикеа (336 год.) светоста на саботата ја пренела на неделата„ (Катехизис католичке цркве за обраќенике, стр.50).
Дали свештениците на другите цркви тврдат дека празнувањето на неделата не е потврдено во Библијата?
„Каде воопшто се кажува во Светото Писмо дека треба да го празнуваме првиот ден? Заповедано е да го празнуваме седмиот, но никаде не ни е заповедано да го празнуваме првиот ден. Ние го празнуваме првиот ден во седмицата од иста причина од која држиме и многу други работи:не врз основа на Библијата, туку затоа што црквата наредила така (Isak Viliams, Англиканска црква). „Точно е дека не постои изрична заповед за крштавање на деца, ниту заповед за празнување на првиот ден во седмицата. Мнозина веруваат дека Христос ја променил саботата. Меѓутоа, од Неговите зборови заклучуваме дека Тој не дошол со таа цел. Оној што верува дека Исус ја променил саботата, ја подржува таа претпоставка„(Amos Bini.Методистичка црква).
„Постоела и постои една заповед за празнување на денот за одмор, но тој ден за одмор не е недела. Сепак, со извесна радост бргу е кажано дека денот за одмор од седмиот е пренесен на првиот ден во седмицата, и тоа со сите негови должности, права и забрани.Додека интензивно собирам информации за оваа тема, која со години ја проучувам се прашувам: Каде се наоѓа основата за таа замена? Не во Новиот завет – апсолутно не! Не постои ниту еден библиски доказ за промена на устројството на денот за одмор од седмиот на првиот ден во седмицата„ (Е.Т.Hiskoks, на Баптистички прирачник).
„Во Новиот завет не постои ниту еден збор, никакво навестување, укажување,кое би наредиле воздржување од работа во недела. На наполно иста скала со празнувањето на неделата се наоѓаат и празникот Пепелава среда и времето на пост. Неделниот одмор не е определен со ниту еден божествен закон (Kenon Ejton, Англиканска црква).
„Наполно јасно е: Независно од тоа колку строго и предано ја празнуваме неделата, ние со тоа не го празнуваме денот за одмор. Денот за одмор е воспоставен со посебна БОЖЈА ЗАПОВЕД. Таква заповед за празнување на неделата не можеме да наведеме… Во Новиот завет не постои ниту еден единствен стих кој напоменува дека ќе навлечеме каква било казна на себе ако ја прекршиме божемната светост на неделата„ (R.V.Dejl, Конгрегациона црква).
Кога би можело во Светото писмо да се укаже макар на едно единствено место кое тврди дека лично Господ, или апостолите, определиле таква замена на саботата со недела, тогаш на оваа прашање би можело лесно да се одговори. Кој ја заменил саботата и кој имал право да го стори тоа?„ Dzordz Sverdrup,Лутеранска црква).
„Свето име на седмиот ден е сабота. Овој факт не може да се оспори (2.Мој. 20,10)… Јасното библиско учење за оваа тема било познато во сите епохи. Апсолутно ниту еднаш учениците овој закон за денот за одмор не го примениле на првиот ден во седмицата – ова безумие е оставено за подоцна. Тие исто така не тврделе дека првиот ден го заменил седмиот„ (Dzudson Tejlor, јужен баптист – најголема протестанска црква во Америка).
Господе, дали навистина е толку важно кој ден празнувам? Зар не се сите денови еднакво добри – колку едниот, толку другиот?
„ Не знаете ли дека ако некому му се предадете како робови за послушност, робови сте му на оној кому му се покорувате; или на гревот – за смрт, или на послушноста – за праведност„ (Рим. 6,16).
Господе, зар не можамда те обожавам секој ден?
„ Шест дена работи и сврши ги сите свои работи!
А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог„ (2.Мој.20,9.10).
Што ќе постигнам ако решам да празнувам недела наместо сабота?
„Но напразно ми се поклонуваат, учејќи науки што се човечки заповеди (Матеј 15,9).
Што мислиш за празнувањето на неделата?
„Ја укинавте Божјата реч заради вашето предание„ (Матеј 15,6)
Сепак, не еможно да бидам во заблуда, зашто милиони христијани празнуваат недела.
Влезете низ тесната врата, зашто широка е портата и простран е патот што водат кон пропаст и мнозина се оние кои влегуваат низ неа„ (Матеј 7,13).
Ако седмиот ден навистина е ден за одмор, тогаш зошто прочуените евангелисти, проповедниците и црковните водачи не го празнуваат тој ден?
„Браќа, земете го предвид вашето призвание, дека немаше мнозина од благороден род; но Бог го избра она што е безумно во светот за да ги посрами мудрите; и она што е немоќно во светот, Бог го избра за да ги посрами силните„ (1.Кор. 1,26).
Господе, но јас те прифатиф како личен Спасител. Знам дека и ти ме прифати; секогаш сум празнувал недела. Сигурно нема да пропаднам ако и понатаму празнувам недела?
„Не гледајќи на времињата на незнаењето, Бог сега им заповеда на луѓето да се покаат сите и насекаде„ (Дела 17,30).
Сепак, Ти нема да ме отфрлиш само затоа што празнувам недела, или…?
Оној кој вели: Го познавам, а не ги исполнува Неговите заповеди, лажливец е и вистината не е во него„ (1.Јованово 2,4).
Зар не е доволно да го љубам Бога и моите ближни?
„Ова е Божјата љубов: да ги извршуваме Неговите заповеди, а Неговите заповеди не се тешки„ (1.Јов. 5,3).
Дали тоа значи дека морам да ги држам сите Десет заповеди?
„Навистина, кој го извршува целиот закон, а згреши само во едно, станува виновен за се. Зашто Оној кој рекол: Не врши прељуба!, рекол и: Не убивај! Ако не направиш прељуба, а убиеш, стануваш престапник на законот„ (Јаков 2,10.11).
Господе, дали и ти си празнувал сабота?
„Тој дојде во Назарет, каде што беше пораснал, и според својот обичај влезе во саботен ден во синагогата и стана да чита„(Лука4,16).
Господе, тоа се случило пред 2000 години. Кога Ти денес би живеел меѓу нас, зар не би одел во недела во црква?
„Јас, Господ, не се менувам„(Маланија 3,6).
„Исус Христос е истиот вчера, денес и во вечни векови„ (Евреите 13,8).
Господе, дали тоа значи дека нема да дојдам на небото ако не празнувам сабота?
„Ако сакаш да влезеш во животот, почитувај ги заповедите! (Матеј 19,17).
Се уште не сфаќам зошто овој ден е толку важен?
„И Бог го благослови седмиот ден и го посвети„ (1.Мој.2,3). „Кога Ти, Господе, ќе благословиш, ќе биде благословено довека„ (1.Летописи 17,27).
Јас мислам дека е доволно ако празнувам кој било од седумте денови во седмицата.
„Некој пат му се чини прав на човекот, но крајот му води кон смрт„ (Мудри изреки 16,25).
Господе, тешко е да се празнува сабота. Јас те прифатив Тебе како свој Спасител. Дали тоа ќе ме одведе на небото?
„Секој што ми вели: Господе,Господе! нема да влезе во небесното царство, туку оној кој ја извршува волјата на Мојот Отец кој е на небесата (Матеј 7,21).
Но Господе, јас се молам!
„Кој го отклонува своето уво за да не го слуша законот, неговата молитва е одвратна„ (Мудри изреки 28,9).
Господе посетувам црква каде што се празнува недела. Таму сум доживеал чудесни исцелувања и се дружам со луѓе кои зборуваат јазици. Тие примија Торонто – благослов. Дали е можно тие да се наоѓаат на погрешен пат?
„Во оној ден мнозина ќе ми речат: Господе, Господе, не пророкувавме ли во Твое име, и не изгонувавме ли демони во Твое име и не правевме ли моќни чуда во Твое име? А тогаш Јас ќе ви кажам: Никогаш не Сум ве познавал. Одете си од Мене, вие, који правете беззаконие! (Матеј 7,22.23).
Сега сфатив дека седми ден е сабота, ден за одмор. Што ако загубам работа затоа што нема да работам во сабота?
„Каква полза има човекот ако го добие целиот свет, а и напакости на својата душа?„ (Марко 8,36).
Морам да се грижам за своето семејство. Како ќе опстане тоа ако ја изгубам работата?
„ Не грижете се, велејќи: Што ќе јадеме? или што ќе пиеме? или: Што ќе облечеме?… Зашто вашиот небесен Отец знае дека сето ова ви е потребно. Туку, барајте го најпрвин Божјото царство и неговата праведност, а сето друго ќе ви се додаде„ (Матеј 6,31-33)
Господе, кога ќе почнам да празнувам сабота, можеби моите пријатели ќе помислат дека сум споулавел?
„Блазе вам кога ве навредуваат и зборуваат лажно против вас секакви лоши зборови заради мене заради Мене. Радувајте се и веселете се, бидејќи голема е вашата награда на небесата (Матеј 5,11.12).
Што да правам ако моето семејство не сака да појде по мојот нов пат? Тоа би можело да го уништи мојот брак?
„Кој не го земе својот крст и не оди по мене, не е достоен за мене„ (Матеј 10,37.38).
Господе, не верувам дека сите проблеми со кои ќе се соочувам ќе престанат ако почнам да празнувам сабота.
„Доста ти е мојата благодат, зашто Нојата сила се покажува совршена во немоќта„ (2.Кор. 12,9).
Навистина ли сакаш да ми кажеш дека ќе стигнам на небото ако празнувам сабота?
„Блазе на оние кои ги исполнуваат Неговите заповеди, за да имаат право на дрвото на животот и за да влезат низ портите на градот„(Отк.22,14).
Господе, дали и таму ќе празнуваме сабота?
„ Како новата небеса и новата земја што ќе ги создадам Јас, ќе траат пред мене, вели Господ, така ќе ви траат името и потомството. И од…сабота до сабота, секое тело ќе доаѓа за да се поклони пред моето лице, вели Господ„ (Исаија 66,22.23).
Тогаш,Господе, нека биде волјата Твоја на земјата како и на небото. Со Твоја помош ќе празнувам сабота!
Добро , сакан и верен слуго, влези во радоста на својот Господар! (Матеј 25,21).
Господе Исусе, подарими своја мудрост и љубов; несебичен дух и нов живот; примерен карактер и однесување, кои ќе го привлечат моето семејство, моите пријатели и непријатели, заедно да го празнуваме саботниот ден и да ги уживаме благословите што ги носи тој во себе.