Текстови

САБОТАТА (Shabbath) е ВЕЧЕН ЗАВЕТ помеѓу Бог и Неговиот народ

Кога Бог ја благословил Саботата (Shabbat) во 1 Мојсеј. 2:3, Тој истотака и ја осветил. Во Еврејската традиција (Куќата на Јуда-Јудаизам) Саботата е претставена како Невеста чиј младоженец е Израел.

Хебрејскиот термин на Библиско-Еврејската брачна церемонија е (kiddushin/свршувачка) и значи “овенчување/осветување”. Хебрејскиот збор за брак е (kiddushin/ свршувачка) доаѓа од коренот на три хебрејски букви (K = Kaf, D = Dalet, SH = Shin). Хебрејскиот збор за ОСВЕТУВАЊЕ (6942 = Kadesh) и хебрејскиот збор за СВЕТ (6944 = Kodesh) доаѓаат од истиот хебрејски корен на трите букви (K = Kaf, D = Dalet, SH = Shin).

Библиската изјава дека “Бог ја благослови Саботата и ја осветил (vayekaddesh), 1 Мојсеј. 2:3  значи дека Бог ја свршил (kiddushin/ свршувачка) Саботата (Shabbat) со Неговиот народ – Израел.

На денот на Библиско-Еврејската церемонија на свршувачка, невестата била гледана/третирана како кралица, а младоженецот како крал. Всушност зборовите кралица и невеста се два јазични термини со кои се опишува седмичниот саботен ден. (Talmud, Shabbat 119a). Бидејќи, Саботата е сметана за кралица и невеста, со тоа го претставува женскиот елемент на создавањето.

Во традиционалниот Јудаизам, рабините учеле дека Бог влегол во брачен завет со Израел (куќата на Јуда и куќата на Израел) на подножјето на планината Синај. Во Еремија 2:1-2 е напишано:

И ми дојде Господово слово: Отиди и викај му на Ерусалим: Господ зборува вака: Си спомнувам за твојата младост приврзена, за твојата вереничка љубов (kiddushin/ свршувачка): ти дојде со Мене (Богот на Израел/младоженецот) во пустината (планината Синај), во земја каде што не се сее.

НО!!! На Библиско-Еврејската брачна церемонија, прво предходело осветувањето пред самото стапување во брак.

Во Излез 19:10-11, 14 е напишано:

10 Тргни кон народот-му рече Господ на Мојсеја-и осветувај (6942 = Kadesh – свет, осветен) го денес и утре.Нека ја испере својата облека; 11 нека биде готов задутре, зашто задутре Господ ќе слезе на Гората Синај, пред очите на целиот народ……14 Мојсеј слезе од брдото кон народот и почна да го осветува (6942 = Kadesh – свет, осветен) народот. Тие ја испраа својата облека.

Пред почетокот на Библиско-Еврејската брачна церемонија, невестата најпрво морала ДА СЕ ОСВЕТИ пред стапување во бракот, со тоа што требала да се потопи во вода“/mikvah (крштевање). Mikvah е Хебрејски збор што значи потопување на телото во вода“. Mikvah е церемонијален чин на прочистување.

Секој Библиско-Еврејски брачен завет било потребно да има двајца сведоци. Тие се нарекувани пријатели на младоженецот. Нивната задача била да ја подготват невестата и да ја ексортираат при средбата со младоженецот под chupah (свадбената стреа, надстрешница) каде бракот требало да биде склучен.

Кога Бог стапил во брак со Израел (двете куќи) на планината Синај, Мојсеј всушност бил ескортот на невестата до младоженецот – Исус, и Мојсеј бил сведокот – пријателот на младоженецот – Бог. Во Излез 19:17, се зборува за исполнувањето на улогата на Мојсеј како ескорт/придружба на невестата (Израел-двете куќи) во нејзината средба со Младоженецот-Богот на Израел на планината Синај – која била слика на chupah, одн. свадбената стреа, надстрешница под која бракот бил склучен.

(Излез 19:17) – “Мојсеј го поведе народот (го ескортирал народот) од логорот во пресрет на Бога. Застанаа под подножјето на ридот (chupah – свадбената стреа, надстрешница).

Откако невестата и младоженецот стапиле во брак според Библиско-Еврејската брачна церемонија, тие треба да добијат ketubah – брачен договор (или како ние велиме “извод од матичната книга на венчаните”) во кој се наведени условите за бракот.

Како ketubah – брачен договор помеѓу Бог и Израел Евреите ја сметале Тората-(Стариот Завет). А условите за брак од брачниот договор –  ketubah се дадени во Второзаконие 28 и Левити 26. Во овие две глави од Тората се наведени благословите за невестата – Израел ако остане верна на својот маж-Бог, и проклетствата доколку изврши прељуба во бракот.

Церемонијата ќе биде официјализирана и ќе се смета за завршена кога младоженецот ќе и подари нешто вредно на својата невеста, а кога таа ќе го прифати подарокот. Во денешни услови подарокот е златен венчален прстен чија симболика е спомен за бракот и знак на вечна љубов.

Кога младоженецот ќе го стави прстенот на прстот на невестата, со тој чин бракот ќе се смета за склучен, а брачната церемонија за завршена. Целата церемонија во Хебрејскиот јазик е позната под името kiddushin и значи “осветување”

Симболиката на прстенот кој младоженецот го подарува на својата невеста е со цел да ја покаже улогата на Саботата (Shabbat). Светкувањето на Саботата е спомен и сеќавање на вечната љубов помеѓу младоженецот-Бог и Неговата невеста-Израел (двете куќи).

Светкувањето на Саботата (Shabbat) е и една од Десетте Божји Заповеди дадени на планината Синај во знак на спомен на склучениот брак помеѓу Бог и Израел.

Во Излез 20:8 е напишано:

“Помни го саботниот ден, за да го осветуваш (6942 = Kadesh – свет, осветен).”

Саботата (Shabbat) е вечен завет помеѓу Бога и Божјиот народ кој треба да се држи засекогаш.

Во Излез 31:12-18, е напишано:

“Пак Господ му рече на Мојсеја: Речи им на Израелците: Моите Саботи треба да ги пазите, зашто Саботата е знак (венчален прстен) меѓу Мене и вас од поколение до поколение, за да бидете свесни дека Јас, Господ, ве посветувам (6942 = Kadesh – свет, осветен).” И така, држете ја саботата, зашто таа е света за вас. Кој ќе ја онечисти, нека биде погугбен; кој ќе работи во неа каква и да е работа, нека биде отстранет од својот народ.Шест дена нека се вршат работите, ама седмиот ден нека биде ден на целосен одмор, посветен на Господа. Кој ќе обавува некаква работа во саботен ден, нека биде погубен. Затоа Израелците нека ја пазат Саботата – празнувајќи ја од поколение до поколение – како вечен завет. Таа нека е знак (венчален прстен), засекогаш, меѓу Мене и Израелците. Па Господ за шест дни ги создаде небото и земјата, а на седмиот ден прекрати да работи и се одмори. Кога Господ го сврши својот разговор со Мојсеја на Синајската Гора, му даде две плочи на Сведоштвото (извод од матичната книга на венчани), камени плочи, напишани со Божјиот прст.