Се уште Не!

Искушенијата на една шолја за чај!

Јас отсекогаш не бев шолја за чај. Бев само една обична ламба од глина.

Тогаш мојот господар ме зема и почна да ме обликува и да ми дава форма. Беше многу болно и Го молев да престане, но Тој само се насмеа и рече: “Се уште Не! “

Се разболев и мислев дека веќе нема да издржам но тогаш Тој конечно ме остави.

Тогаш ме стави на едно тркало што се врти и се вртев во круг цело време.

Не разбирав зошто сака да ме изгори.

Викав и молев да престане,да ме остави. Не можев да видам многу јасно низ стаклото на рерната, но Тој само се насмеа,но само замавна со раката и ми рече: “Се уште Не! “

Тогаш наеднаш, мојот Господар ме собра и почна да ме четка.

Зема четка за боење и почна да ме обојува. Миризбата беше толку јака што мислев дека ќе се онесвестам,но тој продолжи да се смее и ми рече: “Се уште Не! “

Тогаш ме стави во една друга рерна. Оваа беше двапати пожешка од првата.Знаев дека можам да се задушам. Молев, викав, плачев.

Но Тој се ште само се насмеа и ми рече: “Се уште Не! “

Тогаш вратата се отвори и Господарот рече: “ СЕГА !“

Ме подигна и ме стави на полицата да се одморам.

Подоцна дојде со огледало и ми рече да погледнам.

Како што се гледав себе си, не можев да им верувам на моите очи!

Јас реков: “Леле колку убава шолја за чај !“

Тогаш Господарот ми објасни:

Сакам да разбереш дека знаев дека ќе те боли кога те обликував.

Знаев дека од тркалото за вртење ќе ти се слоши.

Но ако те оставев само, ќе се исушеше и ќе беше само една обична ламба од глина и немаше да имаш идентитет во својот живот.

“Знаев дека е жешко кога те ставив во првата рерна, но ако не те ставев, ќе се скршеше.“

“Знаев дека ти смета да те исчеткам и обојам, но ако не го направев тоа, немаше да имаш ниту една боја во животот“.

“Ох, колку ли само знаев дека втората рерна дека беше претешка за тебе! Но ако не те ставев и во неа немаше да го издржиш притисокот во животот!“

“Твојата сила немаше да биде сочувана, и немаше да издржиш многу долго!“

“Но можеш да видиш, и кога мислеше дека е премногу тешко, Јас се грижев за тебе.Цело време знаев што ќе бидеш денеска. Го имав крајниот продукт на ум од денот кога прв пат те допрев!“

“Но сега, Господе, Ти си наш Татко, ние сме глина, а ти наш грнчар, сите ние сме дела на Твоите раце!“(Исаија 64,8)