СЛУШАЊЕ НА БОЖЈИОТ ГЛАС

Што значи да се слушне Божјиот глас?

СЛУШАЊЕ НА НЕГОВИОТ ГЛАС = ДРЖЕЊЕ НА ЗАКОНОТ (Тора)

(Излез 19:5) Затоа, ако Ми се ПОКОРУВАТЕ верно и ГО ДРЖИТЕ Мојот Завет, вие ќе ми бидете посебна сопственост, покрај сите народи – па Мој е целиот свет!

СЛУШАЈТЕ ГО МОЈОТ ГЛАС = СЛУШАЈТЕ ГО МЕСИЈАТА

(Прва Коринтјани 10:4) И сите пиеја иста духовна напивка, зашто пиеја од духовната Карпа, која ги следеше, а таа Карпа беше Христос.(Месијата)

  • Во овој стих се потврдува дека Исус Христос, Месијата бил со Својот народ во пустината.
  • Во Тората, Месијата е наречен “анѓел” (malak – на Хебрејски – што значи “гласник”) Господов.

(Излез 23:20) Еве, го испраќам Својот анѓел пред тебе, да те чува патем и да те доведе до местото што ти го приготвив!

(Излез 23:21) ПОЧИТУВАЈ ГО и СЛУШАЈ ГО! Не буни се против Него, зошто нема да ви ги опростува прекршоците: па МОЕТО ИМЕ е ВО НЕГО.

Божјото Име е во Тој “malak / Гласник”.

(Јован 10:30) Јас и Татко Ми едно сме..

СЛУШАЈТЕ ГО МОЈОТ ГЛАС = ДРЖЕТЕ ГО ЗАКОНОТ = ИСПОЛНУВАТЕ ГИ ЗАПОВЕДИТЕ

(Второзаконие 13:4) Одете само по ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ; бојте се од Него; ВРШЕТЕ ГИ НЕГОВИТЕ ЗАПОВЕДИ; СЛУШАЈТЕ ГО НЕГОВИОТ ГЛАС, служете Му; прилепете се кон Него.

(Второзаконие 27:10) Затоа СЛУШАЈ ГО ГЛАСОТ НА ГОСПОДА, својот Бог, и ИЗВРШУВАЈ ГИ НЕГОВИТЕ ЗАПОВЕДИ и НЕГОВИТЕ ЗАКОНИ, што ти ги заповедам денес.

(Второзаконие 30:2) И се обрнеш кон Господа, својот Бог, И ГО ПОСЛУШАШ – ти и твоите синови – НЕГОВИОТ ГЛАС од сето свое срце и од сета своја душа во се што ДЕНЕС ти наредив.

СЛУШАЈТЕ ГО НЕГОВИОТ ГЛАС = ИСПОЛНУВАЈТЕ ГИ ЗАПОВЕДИТЕ ШТО ТОЈ ВИ ГИ ЗАПОВЕДА ВО ОНОЈ ДЕН (НА ПЛАНИНАТА СИНАЈ)

(Еремија 7:23) Ова им го заповедав: СЛУШАЈТЕ ГО МОЈОТ ГЛАС, па Јас ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ. ОДЕТЕ ПО ПАТОТ ПО КОЈ што ВИ ЗАПОВЕДАВ, за да ви биде добро.

(Еремија 11:4) Зборовите кои што им ги заповедав на вашите татковци кога ги изведов од Египетската земја, од онаа вжарена печка говорејќи: Послушајте ГО МОЈОТ ГЛАС и ПРАВЕТЕ СЕ ШТО ЌЕ ВИ ЗАПОВЕДАМ, тогаш ќе бидете Мој народ, а Јас ваш Бог.

ИЗЛЕЗЕТЕ ОД ЕГИПЕТ = СЛУШАЈТЕ ГО МОЈОТ ГЛАС

(Еремија 11:7) Зошто СЕРИОЗНО ГИ ОПОМЕНУВАВ вашите татковци кога ги изведував од Египетската земја и неуморно ги опоменувам до денес, велејќи: ПОСЛУШАЈТЕ ГО МОЈОТ ГЛАС.

БОГ ОД НАС БАРА:

  • ПОСЛУШАЈТЕ ГО МОЈОТ ГЛАС = ДРЖЕТЕ ГО ЗАКОНОТ (Тората)

НЕ ДРЖЕЊЕ ЗАКОНОТ (Тората) = НЕПОСЛУШНОСТ НА БОЖЈИОТ ГЛАС

(Второзаконие 28:62) Ќе остане само малку од вас што бевте многубројни како небеските ѕвезди, а се заради тоа што НЕ ГО СЛУШАВТЕ ГЛАСОТ НА ГОСПОДА, својот Бог.

(Даниел 9:11) Сиот Израел ГО ПРЕСТАПИ ТВОЈОТ ЗАКОН (Тората), се одметнаа НЕ СЛУШАЈЌИ ГО ТВОЈОТ ГЛАС, затоа врз нас се излеа клетвата и проклетството, како што е запишано во Законот на Мојсеј, Божјиот слуга – зошто згрешивме пред него.

ОВЦИТЕ ГО ПОЗНАВААТ ГЛАСОТ НА ПАСТИРОТ

  • Овците го преставуваат народот на Израел.

(Езекиел 34:31) ВИЕ, ОВЦИ МОИ, вие сте стадо на Моето паство, ВИЕ ЛУЃЕТО; а Јас Сум ваш Бог – говори Господ Бог.

(Езекиел 34:11) Зашто вака зборува Господ Бог: Еве Ме, Самиот ќе ги побарам МОИТЕ ОВЦИ и Самиот ќе ги пасам !

МЕСИЈАТА Е ДОБРИОТ ПАСТИР

(Јован10:14) ЈАС СУМ ДОБРИОТ ПАСТИР, и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене.

ГЛАСОТ НА ДОБРИОТ ПАСТРИР = ГО ДРЖИ ЗАКОНОТ (Тората)

(Јован10:27) МОИТЕ ОВЦИ ГО СЛУШААТ МОЈОТ ГЛАС, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене.

ПОСЛУШАЈТЕ ГО МОЈОТ ГЛАС = ДРЖЕТЕ ГО ЗАКОНОТ (Тората)


ИСПОЛНУВАЈТЕ ГИ МОИТЕ ЗАПОВЕДИ = ДРЖЕТЕ ГО ЗАКОНОТ (Тората)

(Излез 20:6) А покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ГИ ПАЗАТ МОИТЕ ЗАПОВЕДИ.

(Јован 14:15) Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите Заповеди.

ГЛАСОТ НА СТРАНЕЦОТ = НЕ ГО ДРЖИ ЗАКОНОТ (Тората)

(Јован 10:5) По туѓинец никако не одат, ќе побегнат од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците.

  • Гласот на странецот вели: НЕ го држи Законот (Тората).

 

Краток заклучок:

Послушност кон Божјиот глас = држење на Законот (Тората);

Послушност кон Месијата (Исус Хриостос) = држење на Законот (Тората);

Божји Благослов,

Анета Станковска