Текстови

Што прави верата?

Тешко е да се замисли колку се тешки страдањата на оние што не веруваат во живиот Христос и немаат вера во Бога кој е љубов и кој на крај се изведува на добро. Верата во Христа не ја опфаќа само надежта во животот што ќе дојде, туку создава доверба во Божјата потпора и водство во сегашниот живот.

Знаеме дека за Христа ништо не е тешко. Тој не храбри и не поддржува во сите страдања што наидуваат на нас во овој живот. Бог не дозволува неговото дете само да ја води борбата. Тој секогаш знае каде сме и со будно око го следи секој наш чекор. Бог ги познава подробностите од животот на секој човек. Тој го знае нашето име, улица, куќа, соба. Тој не познава нас. Не можеме да го обвинуваме Бог за се што ни се случува, зошто Тој не го предизвикува злото и неговите последици. Но Бог може и сака да стори нешто. Тој се труди и сака неговите деца да стекнат најдобри искуства. Не е лесно да се верува во тоа додека преминуваме низ тешки животни околности. Па, сепак тоа е вистина. Понекогаш Бог нашите молитви ги прима поинаку отколку што очекуваме ние. Некој непознат војник оваа мисла ја изнел во песната што е пронајдена во неговиот дневник:

„Го молев Бога за сила да постигнам успех,

Станав слаб за да се научам понизно да слушам.

Молев за здравје да правам големи дела,

Добив немоќ за да правам подобри дела.

Молев за богатство за да бидам среќен,

Добив сиромаштво да бидам паметен.

Молев за моќ за луѓето да ме фалат,

Добив слабост за да чувствувам потреба од Бога.

Молев за се да уживам во животот,

Добив живот да уживам во се.

Не добив ништо за што се молев,

Добив се што очекував.

Моите неискажани молитви се вослишени,

Јас сум меѓу најблажените.“