Текстови

ШТО ЗНАЧИ – НАНОВО РОДЕН?

ДАЛИ СТЕ СПАСЕНИ ? 

Колку христијански книги и текстови што вие сте ги прочитале, почнуваат со прашањето дали сте спасени?

Традиционално, тоа прашање се поставува на последните страници од многуte христијански книги наменети за евангелизација, каде го прашуваат читателот дали го прифаќа Исус Христос за свој личен Бог и Спасител за да биде спасен и да оди на небото.

Но јас одлучив овој текст да го започнам со Библискиот одговор на прашањето: “ ШТО ЗНАЧИ ДА СИ НАНОВО РОДЕН?

Доколку некој од вас кој го чита овој текст и не е спасен, дозволете ми накратко да ги објаснам чекорите до спасението. Но пред тоа, најпрво ќе го дефинирам терминот “наново роден” и зошто е важен момент за спасението.

Да се биде наново роден, значи да се покаеш за своите гревови и да Го поканиш Исус во своето срце и живот да се всели како твој личен Господ и Спасител. Во Јован 3:1-7 Никодим дошол до Исус и му поставил прашање, на кое Исус му одговорил дека тој мора да прво да се роди одозгора.

Во Јован 3:1-7 е напишано:

“А меѓу фарисеите имаше еден човек, по име Никодим, јудејски старешина. Тој дојде ноќе при Исуса и Му рече: “Раби! Знаеме дека си дојден од Бога како Учител, зашто никој не може да ги прави чудесата, што ги правиш Ти, ако Бог не е со него”. Исус му одговори и рече: “Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото царство”. Никодим Му рече: “Како може да се роди човек, кога е стар”? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди? Исус му одговори: “Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство. Роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е. ” Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора. “

Во Јован 3:3, Исус рекол:

Исус му одговори и рече: “Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото царство”.

 

Во Јован 3:7 Исус рекол:

Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора.

 

Во овие стихови, Исус му вели на Никодим, дека се додека не се роди одозгора, нема да го види (да оди на) Божјото царство (небото).

(со други зборови кажано…нема да оди на небото)

Во Јован 3:4 гледаме дека Никодим зборувал за физичкото раѓање преку утробата на мајката, како што е напишано:

“Никодим Му рече: “Како може да се роди човек, кога е стар”? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди? “

Исус му одговорил на Никодим на начин на кој му појаснил дека раѓањето по втор пат преку утробата на мајката е физички невозможно, но Тој нагласил дека зборува за духовно раѓање по втор пат.

Овој одговор на Исус, е запишан во Јован 3:5-6, каде е напишано:

“Исус му одговори: “Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство. Роденото од тело, тело е (физичко раѓање преку утробата на мајката); а роденото од Дух, дух е (духовно раѓање одозгора, преку покајување за гревовите и прифаќање на Исус Христос за свој Личен Бог и Спасител)”.

Значи, да се биде “наново роден”, значи да се биде “повторно роден” или  “роден одозгора”.

Хебрејскиот назив за “наново роден” е изразен преку церемонијата наречена Mikvah, односно “библиско крштевање со потопување”.

Гледано од Хебрејска перспектива, кога некој ја поминал церемонијата на ‘Mikvah’, односно “крштевање со потопување”, тој поминал низ “промена на неговиот статус”.

Значи, после крштевањето, лицето добива “нов статус”.

Зборувано во духовна смисла добивање на “нов статус”, значи да се биде “наново роден”, “повторно роден” или  “роден одозгора”.

Во духовна смисла, секогаш кога неверникот ќе одлучи да се покае за своите гревови, поканувајќи го Исуса Христа во својот живот како негов Бог и Спасител, тој станува “наново роден”, “повторно роден” или  “роден одозгора”. Кога ова ќе биде сторено, неверникот поминува низ  церемонијата наречена Mikvah и добива “промена на статусот (во духовна смисла)”.

Тој од статус на неверник и грешник кој чекорел кон патот на вечното уништување, прима „нов статус“ на “наново роден” човек на кого Бог го ветува вечниот  живот на небото заедно со Спасителот

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ БИДЕ “НАНОВО РОДЕН”?

Кога Бог го создал Адам во Едемската градина, Адам имал лично заедништво со Бога.

Бог е Дух (Јован 4:24), и Адам ја воспоставувал својата комуникација со Бога, на релација “дух со дух” (1 Коринтјани 2:10 -12).

Бог го предупредил Адам, дека во денот кога ќе згреши, ќе умре (Битие 2:17). Кога Адам јадел од плодот на Дрвото за познавање на доброто и злото, тој не умрел физички, бидејќи Адам живеел и после сторениот грев, а живеел вкупно 930 години (Битие 5:5). Но кога Адам згрешил со тоа што не ја почитувал Божјата заповед, тој умрел духовно.

Библијата во Римјани 5:12, ни кажува дека поради Адамовиот грев, духовната смрт преминала на сите луѓе кои ќе се родат после Адам, како што стои напишано:

„Како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот-смртта, така смртта помина на сите луѓе, зошто сите згрешија.“

И така, секое човечко суштество кое е родено после Адам, ја наследува Адамовата грешна природа, а гревот предизвикува духовна смрт.

Во Езекиел 18:4 е напишано:

„…И, еве, оној кој ќе згреши, тој ќе умре.“ 

Во Римјани 6:23, е напишано:

„Зашто смртта е плата за грев…“

Под овие услови, Библијата во Римјани 3:10 вели:

„Нема никој праведен, нема ниту еден.“

Поради овие причини, Исус го советува Никодим дека е ваќно да биде “наново роден”.

Со други зборови, Исус не учи дека мора нешто да сториме со гревот во нашите животи.

Во Дела на апостолите 17:30 е напишано дека „Бог им заповеда на луѓето да се покајат сите и насекаде.“

Мисијата на Јован Крстител била да ја проповеда потребата од каење за гревовите.

Во Марко 1:4 е напишано:

„Се јави Јован, крштевајќи во пустината покајно крштевање за проштавање на гревовите.“

Во Евреи 9:22 пишува дека без пролевање на крв, нема простување на гревовите.

Кога Исус ја подигнал чашата на последната вечера Тој ги искажал  следните зборови запишани во Матеј 26:28, каде вели:

„Зашто ова е Мојата крв  на Заветот, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите.“

Од сите до сега цитирани стихови од Библијата, можеме да ја видиме нашата потреба да бидеме “наново родени”.

Кога Адам згрешил, тој духовно умрел. Духовната смрт значи наше лишување од Божјото присуство. Ние сме одвоени од Бога поради нашите гревови како што е напишано во Исаија 59:2, каде вели:

„Туку вашите безаконија создадоа разделба, меѓу вас и вашиот Бог.“

Во Римјани 3:23 е напишано:

„Зошто сите згрешија и им недостасува Божјата Слава.“

Бидејќи, целото човештво ја наследило Адамовата грешна природа, сега, целото човештво има потреба од покајание од своите гревови.

Исус дојде на земјата и ја пролеа Својата крв на крстот како откупнина за гревовите на оние кои ќе се покајат за своите гревови пред Бога.

Преку покајанието од гревовите и поканувајќи го Исус во нашите животи да биде наш Бог и Спасител, ние ќе бидеме спасени.

Во Римјани 10:9-12, е напишано:

„Зашто, ако со твојата уста исповедаш дека Исус е Господ и ако со твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.Зашто се срцето се верува за праведност, а со устата се исповеда за спасение, зашто Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се засрами. Но нема разлика меѓу Јудеец и Грк, зашто еден е ист Господ за сите, богат за сите кои го повикуваат.

 

КАКО ГРЕШНИЦИТЕ СЕ СПАСУВААТ?

 

Библијата вели дека ние се спасуваме со Божјата милост преку верата,  и не е од нашите добри дела.

Во Ефешјани 2:8-9 вели:

„зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар! Не е од делата, за да не се фали некој.

 

ШТО Е ГРЕВ?

 

Во 1 Јован 3:4, е напишано:

„Секој кој врши грев, врши и безаконие, и гревот е безаконие.“

Во Римјани 3:20, Библијата ни кажува дека нашето спасение не доаѓа преку послушност на Законот или преку нашите добри дела, како што е напишано:

„Зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него, зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.“

Во Римјаните 3:28 е напишано:

„И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.“

Значи, Библијата јасно ни кажува дека ние сме оправдани (спасени) преку милоста Божја низ Неговиот план за откупение кој бил исполнет кога Исус ја пролеал Својата крв на крстот за нашите гревови.

Во Римјани 3:24-26, е напишано:

„Но се оправдуваат од Неговата благодат, преку откупот во Исуса Христа, Кого Бог Го постави за жртва на помирувањето преку вера, во Неговата крв, за да се покаже Неговата правда во пропуштањето на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение, та да ја покаже Својата правда во сегашно време, за да биде Самиот Праведен и за да го оправда оној , кој е од верата на Исуса.“

 

Во Галатјани 2:16, е напишано:

„Но бидејќи знамеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот, зашто од делата на Законот нема да се опреавда ниту еден човек.“

 

Во Римјани 5:8-9, е напишано:

„Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.Сега, откако сме оправдани во Неговата крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него.“

 

Краток заклучок – зошто имаме потреба од спасение?

 

1. Кога Бог во Едемската градина го создал човекот, тој (Адам) имал совршена комуникација и заедништво со Бога. Бидејќи, Бог е Дух, оние кои Го обожаваат, мора да го обожаваат во Дух и вистина (Јован 4:24).

Пред да згреши Адам, тој бил способен да комуницира со Бога и да има заедништво со Творецот на Негово ниво на комуникација, бидејќи Бог го создал Адам како духовно суштество.

2. Кога Адам згрешил и не ја послушал Божјата заповед, и јадел од дрвото за познавање на доброто и злото, Адам духовно умрел, а неговата духовна смрт преминала на целото човештво.

3. Гревот претставува престапување на Божјиот Закон и непослушност кон неговиот Збор (1 Јован 3:4). Гревот го одвојува човекот од Бога и предизвикува како физичка така и духовна смрт (Исаија 59:2),.

4. Со цел човештвото да се измири со Бога, човекот треба да ги исповеда своите гревови пред Бога и да го прифати Божјиот план на спасение за човештвото. Божјиот план за спасение е исполнет преку смртта на Исус на крстот и преку пролевањето на Неговата крв како откупение за нашите гревови. (Римјани 5:8-9)

5. Преку покајанието на гревовите и поканување на Исус во нашите срца и животи како наш Бог и Спасител, ние сме спасени по Божјата милост преку верата,а не преку нашите добри дела. (Ефешјани 2:8-9).

6. Пред нашето прифаќање на Исус  како наш Бог и Спасител, нашиот дух е мртов (одвоен од Бога). Но, кога ќе се покаеме за нашите гревови и Го поканиме Исус во нашите срца и животи, нашиот духовен човек доживува “наново раѓање” и поминува низ процес наречен “духовно крштевање” кое претставува “промена на статусот”. Кога ќе минеме низ овој процес, ние се преобразуваме од грешници во спасени христијани кои ќе живеат на небото и ќе ја поминат вечноста со Исус.

 

Божји благослови!

Анета Станковска

Користен е превод на Библија,  Д-р Душан Константинов