ЗАКОНОТ И БЛАГОДАТТА

„По благодат сте спасени, преку вера,и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој“ (Ефесјаните 2,8,9). Благодат значи незаслужена милост. Божјиот Закон не гонеше да не убие заради нашиот грев, а ние побегнавме на Голгота и баравме милост од Христа. Значи Христос ни укажува милост, и без никакви наши заслуги ни ги проштава гревовите, и ние се фрламево неговите прегратки! Тој на законот, кој не гонеше како грешници, му кажува „Стоп!“ Тие сега се мои деца, мои синови и ќерки.Јас ги плаќам нивните сметки. Јас ги откупувам од ропството на гревот. Умирам за нивните гревови. Ти немаш право да ги гониш веќе. Тие не се повеќе грешни и грешници. Простен им е гревот. – Ете,Тоа значи „по благодат по (по милост) сте спасени, преку вера.“ Тоа значи спасението „не е од вас самите – тоа е Божји дар“. Тоа значи спасение по милоста.

Законот го осудува, а милоста го оправдува грешникот. И површно гледано, тие се спротивни едно на друго. Мнозинството христијани тврдат дека милоста го ликвидирала Законот. Веруваат дека Христос го укинал законот кога не спасил со милоста. Тој, велат тие, за нас го исполнил законот во сите негови подробности и нас не ослободил од сите обврски кон него. Грешка, крупна грешка која на христијаните кои мислат така! Тоа е „ефтина милост“ која на христијаните им дава право да живеат слободно како што сакаат, без никакви натамошни ограничувања и обврски.

Да не заборавиме! И Законот и милоста имаат свој извор во Бога, а Бог не е во спротивност самиот со себе. Ниту е доминантен законот над милоста, ниту пак е поважна милоста од законот во планот на спасението. Имаме многу зборувано на овој сајт и за милоста и за законот. Овој пат ќе повториме дека законот и милоста ги расчистиле своите сметки на крстот Каде што Синај и Голгота си подале рака еден на друг, се измириле, ако воопшто биле скарани, се прегрнале и стапиле во заедничка спрега, во сојуз и хармонија, за да му помогнат на грешникот за да се спаси, извршувајќи ја секој поединечно својата задача и улога што им ја наменил Бог, без никаква тенденција да се потиснуваат, уште помалку да се укинуваат еден со друг, или пак да се мешаат во ресорите еден на друг. Синај (Законот) има задача грешникот да го доведе на Голгота, а Голгота да го прифати и да му укаже милост.

„Под законот“ или „под благодатта“?

„А гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под законот, туку под благодатта. И што сега? Да грешиме ли, затоа што не сме под законот, туку под благодатта? Никако! Не знаете ли дека ако некому му се предадете како робови и му се покорувате, робови сте му на оној на кого му се покорувате; или на гревот – за смрт, или на послушноста – за праведност? Но му благодарам на бога, зашто вие, иако му бевте робови на гревот, од се срце го прифатифте учењето на кое му се предадовте, и откако бевте ослободени од гревот, и станавте робови на праведноста (Римјаните 6,14-18)

Зборот „под“ значи дека владее некој или нешто над нас, дека сме под нечиј или некаков гнет. „Под законот“ значи под „дамоклов меч“ под товарот на камените плочи со Десетте заповеди кои ни лежат на грб и постојано ни тежат, не притискаат и не мачат. Кога сем „под законот“ние непрекратно сме изложени на отровното осило на гревот кое ја боде нажата совест и ја труе нашата душа.

На човек кој живее „под законот“ законот му вели: „Прави го ова!“ „Не прави го тоа !“ „Зошто го стори тоа ? „Немој, тоа е забрането!“ „Не смееш таму!“ „Не смееш така!“ и слично. Но законот не може да ни помогне и да ги задоволиме неговите барања, а човекот не е во можност да ги исполнува неговите строги наредби и да ги почитува неговите забрани – потклекнува ,паѓа, го крши и свесен е дека со тоа навлекува на себе проклетство. Тогаш на сцена стапува чувството на вина како немилосрден диктатор и го осудува за сторениот грев, и тој постојано живее под осуда, под ропство на стравот од смртта (Евреите 2,15). Значи, наједноставно кажано, ние сме „под законот“ кога живееме во грев, кога грешиме; човек-грешник живее „под законот“ и тој е во очајна состојба: „Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртно тело?“ (Римјаните 7,24), ќе каже апостол Павле.

Драги мои, гревот е жив песок во кој тоне грешникот,и ако некој не му подаде рака да го извлече од него, тој навистина ќе потоне и ќе исчезне во неговата бездна.

Но на грешникот, кој живее „под законот“ тој тоне во живиот песок на гревот, Христос му подава рака, го вади од него и неговите нозе ги поставува на цврста почва, го растоварува од тоа тешко бреме што го носи и го ослободува од тешкиот јарем во кој бил впрегнат до тогаш, и грешникот веќе не е роб на гревот и стравот, туку е слободен човек лагодарение на Христовата милост. Нема веќе грев ниту грешно минато, бидејќи сето тоа е простено, исчистено и отстрането со Христовата крв. Нема веќе никакво осило ниту осилка да го боцка. Законот е симнат од неговиот грб и со помош на Светиот дух е преместен во неговото срце во кое се „вселил Христос“ (Ефесјаните 3,17). И тој, како прероден христијанин, како наполно „ново создание“, слободен од сите стеги на минатиот грешен живот, не е веќе „под законот“ туку живее „Под благодатта“ Христова (благодат кажавме незаслужена милост). Во неговото срце „владее мир“ Божји што надминува секој разум, и се радува со неискажлива и прославена радост (Филипјаните4,7; 1. Петрово 1,8) што во Христа нашол таков прекрасен спасител кој го избавил од амбисот во кој го струполил гревот, што го прифатил како свое дете/ како свој син и ќерка, и го води чекор по чекор кон своето царство.

Додека живееше „под законот“ апостол Павле жално редеше: „Беден човек сум јас!“ Кој ќе ме спаси од ова смртно тело?“ (Римјаните 7,24). А сега срцето му се радува за новиот статус што го ужива „под благодатта“: „Преку законот умрев за законот, за да живеам за Бога. Со Христа се распнав, и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене, а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку вера во Божјиот син, кој ме милее и се предаде себеси за мене“ (Галатјаните 2,19.20)

Христијаните, за жал, и овде ставаат свој прст и велат дека ние денес не живееме „под законот“ туку „под милоста“ затоа штоХристос го укинал законот и нас не ослободил од сите обврски кон него. Ние денес, велат тие, живееме во апсолутната и неприкосновена слобода на евангелието коешто не ослободило од стегите, од ограничувањата и од ропството на Божјиот закон. Го имаме Христа како спасител, и Божјиот закон не е веќе потребен.

Велиме за жал, и навистина жалиме, и за жалење се христијаните што го прават тоа злосторство спрема Божјиот закон, настојувајќи со сите сили да го елиминираат на некој начин, обидувајќи се при тоа, како што рековме порано, да го прескокнат Синај со стап.

Навистина, Христос нешто избришал, укинал и отстранил, но не законот, туку го избришал, го укинал и го отстранил гревот од нас.

Кога сме биле „под законот“ , пробелмот со кој сме се соочувалене бил законот, туку самите ние. Грешката била кај нас, зашто ние по природа сме телесни, продадени на гревот како робови. Божјиот свет закон и нашата грешна природа се несврзливи. Но кога Христос го отстранил гревот од нас, престанала и причината за непријателството меѓу нас и законот. Кај нас нема веќе грев, и законот нема веќе што да осудува. „Милоста и вистината се сретнале, правдата и мирот се бакнале“ (Псалм 85,10). И, како новородени Божји деца, без грев, ние се ракуваме и се прегрнуваме со законот како најдобри пријатели. Значи, од смртен непријател, законот станал наш пријател што го носиме во срцето. „Божјите заповеди“, кои порано за нас беа неподносливо реме, сега „не се тешки“ – лесни се.

Ете, почитувани, тоа значи да се живее „под милоста“ а не „под законот“.