Живот после смртта?

Дали има живот по смртта?

Што се случува со човекот кога ќе умре?

Што не учи Библијата за тоа?

Павле јасно кажува: „Зошто сам Господ ќе слезе од небото со заповеднички повик, со глас на архангел и со Божја труба, и мртвите во Христа ќе воскреснат први.“ (1 Солуњаните 4,16).

Библијата буквално учи дека смртта е спиење без свесно размислување – сон кој само Христовото доаѓање може да го прекине. Всушност, Писмото за смртта како за сон зборува барем 53 пати. И, иако во Библијата зборот „душа“ се спомнува околу 1600 пати ниту еднаш не се кажува дека душата е бесмртна. Бесмртноста е особина што ја има само Бог (1 Тимотеј 6,16). Ние копнееме по бесмртност (Римјаните 2,6,7). Ние ќе добиеме бесмртност дури по второто Христово доаѓање ( 1 Коринтјаните 15,51). Исус за смртта секогаш зборувал како за привремен сон до воскресението. Што се случува при смртта?

Библијата учи дека: „живите знаат дека ќе умрат, а мртвите не знаат ништо… исчезнала и нивната љубов, и нивната омраза ио завист, и немаат веќе никаков удел во ништо што се случува под сонцето… нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост, во гробот во кој заминуваш“ (Проповедник 9, 5.6.10)

При создавањето Бог вдахнал животен здив во човечките суштества (1Мојсеева 2 7) што не сторило живи. Кога човекот ќе умре, духот (здивот-животодавната сила од Бога) се враќа кај Бога (Проповедник 12,7,Книга за Јов 27,3). Тоа не е нешто свесно, нешто што е во состојба да размислува или чувствува. При умирањето „мислите пропаѓаат“ (Псалм 146,4) престанува секаков натамошен живот, престанува секаква свесна состојба се гаси секоја искра на животот, се распаѓа личноста. Оние што умираат не го фалат Бога (Псалм 115,17). „Човекот умира изнемоштен, и кога смртникот ќе издивне, каде е тогаш?“ „Кога човекот ќе легне, не станува веќе, додека постојат небесата, нема да се дигне ниту да се разбуди од својот сон.“ „ Како облакот што се растура и исчезнува, така оној што слегува в гроб, не излегува веќе. Никогаш не се враќа веќе во својот дом, неговото место не го познава веќе.“ „ Ако неговите деца уживаат чест – тој за тоа ништо не знаат, ако се презрени – за тоа не размислува.“ ( Книга за Јов 14,10.12.21, 7, 9,10)