ИМА ЛИ УСЛОВ ДА СЕ ДОБИЕ ЖИВОТОТ ВЕЧЕН?

Даровите на Неговата милост преку Христа слободно му се достапни на секого. Човекот се запустува единствено ако сам, со сопствен избор, јури во пропаст. Бог во својата реч ги изнел условите под кои секоја душа може да биде избрана за вечен живот – послушност на Неговите заповеди со вера во Христа. Бог го избрал карактерот кој е во целосна хармонија со неговите закони, и на секого што ќе ја постигне мерката поставена во неговото барање ќе му биде дозволено да влезе во царството на славата.

Сам Христос рекол “Кој верува во Синот, има живот вечен, а кој не верува во Синот, нема да види живот“(Јован 3,36).

“Не секој што ми вели: Господе, Господе, ќе влезе во царството небесно, но оној што ја исполнува волјата на мојот Отец небесен“ (Матеј 7,21). А во Откровението тој изјавува “Блажени се оние што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат низ портите на градот“ (Откровение 22,14) Тоа е единствена можност на избор изложена во Божјата реч во врска со конечното спасение на човекот.

Одбрана е секоја душа која своето спасение го гради “со страв и трепет“.

Избран е оној кој сака да се вооружи “со сето Божје оружје“ и истрајно да се бори во борбата на верата. Избран е оној кој сака да стражари во молитва, кој го истражува Светото писмо и не дозволува да биде потикнат или наговорен на зло. Избран е оној кој во верата ќе остане цврст и постојан, прифаќајќи го секој збор што излегува од Божјата уста.

Благодетите и можностите на откупувањето му се достапни на секого; плодовите на откупувањето ќе ги уживаат оние што ќе ги исполнат поставените услови.