Еден мисионер ја раскажуваше оваа приказна додека ја посетил домашната црква во Мичиген. „Додека служев во една полска болница во Африка, секои две недели патував со велосипед преку џунглата до најблискиот град за резерви. Ова беше патување од два дена и имаше потреба од кампување преку ноќта на половина пат.
На едно од овие патувања, пристигнав во градот в кој планирав да подигнам пари од банката, да набавам лекови и резерви, и потоа да го започнам моето дводневно патување назад до полската болница. По пристигнувањето во градот, набљудував двајца мажи кои се тепаат, едниот од нив беше сериозно повреден. Ги санирав неговите повреди и во исто време му зборував за Бог.
Потоа патував два дена, кампувајќи преку ноќта, и пристигнав дома без инциденти.
По две недели го повторив моето патување. По пристигнувањето во градот, ми се приближи младичот кој го лекував. Тој ми кажа дека знаел дека носам пари и лекови. Тој рече: „Јас и моите пријатели те следевме во џунглата, знаејќи дека ќе кампуваш преку ноќта. Ние планиравме да те убиеме и да ги земеме твоите пари и лекови. Но, само што сакавме да отидеме во твојот камп, видовме дека си опкружен со 26 вооружани чувари. На ова јас се насмеав и реков дека со сигурност бев сам во џунглата кампувајќи. Младичот рече: „Не господине, Јас не бев единствениот кој ги виде овие чувари. Моите пет пријатели исто така ги видоа нив, и сите ги избројавме. Поради овие чувари ние се исплашивме и те оставивме сам.“
Во тој момент од службата, еден човек од заедницата скокна на нозе и го прекина мисионерот и го праша ако може да му го каже точниот ден кога тоа се случило. Мисионерот го кажа точниот ден, и човекот кој го прекина ја раскажа оваа приказна:
„Ноќта на твојата несреќа во Африка, тука беше утро тука и јас се подготвував да играм голф. Тогаш наеднаш почувствувам итна потреба да се молам за тебе. Всушност, итноста од Бога беше толку силна, што се јавив во црквата да се молат за тебе. Дали може сите вие кои се молевте тој ден со мене да станете?“ Луѓето кои се молеа тој ден станаа.
Мисионерот не беше заинтересиран за тоа кои беа тие, тој беше презафатен броејќи колку се. Беа 26.