АТЕИСТ ВО ШУМА

Се шетал атеист во шумата.

„Колку величенствени дрвја!“

„Колку моќни реки!“

„Колку прекрасни животни!“

Си рече тој себе си.

Како што одел покрај реката, слушнал шушкање во грмушките позади него. Се свртел да погледне. Видел 7 стапки висока гризли мечка како трга накај него. Тој почнал да трча колку што може побрзо по патеката.Се свртел наназад и видел дека мечката му се приближува.Се свртел пак и видел дека мечката е уште поблиску. Тој се сопна и падна на земјата. Тој се обиде да стане но виде дека мечката е над него достигајќи го со левата шепа и подигајќи ја десната шепа да го замавне.

Во истиот момент атеистот извикал:

„Ох, мој Господе!“

Времето застана.

Мечката се здрви.

Шумата беше тивка.

Силна светлина светна над човекот, и еден глас дојде од небото:„ Ти го одбиваше моето постоење сите овие години,ги учеше другите дека јас не постојам,дури и тврдеше дека создавањето се должи на космичка несреќа“. „ Дали очекуваш да те спасам од овој проблем?“ „Дали треба да те сметам за верник?“атеистот погледна директно во светлината и рече: „Би било лицемерно од мене наеднаш да ме сметаш за Христијанин сега ,но можеби би можел да ја направиш МЕЧКАТА Христијанин? “

„Добро.“ рече гласот.

Светлината си замина.Звуците во шумата продолжија.Тогаш мечката ја спушти десната шепа , ги спои двете шепи заедно, ја наведна главата и прозборе:

„Господе, благослови ја оваа храна, која ќе ја примам од Твојата милост преку Исуса Христа, амин.“