Текстови

БЕЗНАДЕЖЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР

Неодамна Војводина од Нови Сад играла против тимот на Црвена ѕвезда од Белград (Тука можете да ставете имиња на своите омилени фудбалски клубови) на стадионот во Белград. Го одведов и мојот син на натпреварот очекувајќи дека добро ќе си поминеме. Ги покажавме картите на влезот, купивме сокови, кикиритки и сендвичи и седнавме на своите места на западната трибина, во првиот ред. Седевме во очекување дека ќе гледаме добар натпревар.

Атмосферата беше прекрасна и сите со нетрпение го очекувавме почетокот.

Навивачите и на едниот и на другиот тим ги очекуваа своите играчи да истрчат на зелениот терен. Најпосле натпреварот почна. Играчите на двата тима влегоа многу мотивирано на натпреварот, но поради преостри стартови и навредувања, уште на самиот почеток судијата беше присилен да покаже два црвени картон на играчите на Војводина.

Играчите на Црвена ѕвезда тоа одлично го искористија, и за пет минути постигнаа три брзи голови. Војводина пробуваше да се поврати но без успех. Работите одеа на се полошо и полошо. Да ја завршиме долгата приказна, многу пред завршетокот на првото полувреме резултатот беше 5:0. Сите знаеја а и ние знаевме дека натпреварот е готов. Немаше момент дури ниту да ги изедеме своите сендвичи. Некои навивачи уште не беа ни дојдени а натпреварот веќе беше готов. Немаше никакви шанси Војводина да се поврати при резултат 5:0.Играчите изгледаа безнадежно. Бесните навивачи беснееја и фрлаа предмети на теренот. Луѓето веќе почнаа да го напуштаат стадионот. Каква катастрофа. Додека го јадев својот сендвич на ум ми дојде една луда мисла. Што би било доколку со помош на некоја магија, би можело да го вратам натпреварот на резултат 0:0, – без исклучени играчи – на самиот почеток на натпреварот? Со таков резултат играчите повторно би имале надеж. Нивниот оптимизам би ги мотивирал многу поинтензивно. Така што натпреварот сигурно би бил успешен а навивачите би биле среќни што пак можат да навиваат за своите тимови. Натпреварот би бил повторно интересен – и ние би можеле да си ги изедеме нашите сендвичи и сета она нездрава храна.

Применување:

Да го вратиш почетниот резултат е токму начинот на кој функционира опростувањето. Опростувањето ни ја обновува надежта. Многу луѓе се чувствуваат безнадежно притиснати од гревот. Работите во животот се излегле од контрола. Така страшно се разочаруваат и чувствуваат дека би било подоброе и веќе да не живеат. Луѓето кој така се чувствуваат често си го одзимаат својот живот. Меѓутоа, Евангелието прави нешто неверојатно. Иако безнадежниот резултат очигледно покажува дека сотоната победува, Исус е во состојба да го врати натпреварот на резултат 0:0.Кога гревовите ни се опростени, ние имаме чист почеток и цел нов натпревар повторно имаме надеж. Но до кога?