Брод на излогот

Пред многу години едно момче поминало многу напорни часови правејќи една мала едрилица. Ја изградил до најситните детали и веднаш после тоа ја однел до најблиската река да ја испроба. Меѓутоа кога ја ставил во водата, едрилицата многу брзо се оддалечила од него. Иако трчал по неа, сепак не можел да ја стигне. Силниот ветар и струјата на водата го однеле бродчето.

Со скршено срце детето си заминало дома со сознание колку напорно би морало да работи за да направи друга едрилица. Така пловејќи едрилицата, понатаму по реката ја пронашол еден човек, ја однел во градот и ја продал на еден трговец. Покасно во истиот ден, додека момчето шетало низ градот одеднаш ја здогледало едрилицата во излогот на продавницата. Влегол во продавницата и му рекол на продавачот дека тој брод е негов. Имал свои мали ознаки на него но не можел да му докаже на трговецот дека е негов. Тогаш трговецот му рекол дека единствен начин да го добие бродот е да го откупи. Бидејќи момчето многу го сакало бродчето го откупил. Додека го земал бродот од раката на трговецот, го погледнало бродчето и рекло, те направив и те купив.

П О У К А

На истиот начин и ние сме двојно Божји. Нашиот Татко на небесата не створил и платил за нас превисока цена. Со крвта на неговиот Син, ние сме откупени и соединети со Бога. Исус Христос го дал својот живот за да не добие назад, а сепак ние, така често не покажуваме ни малку благодарност за тоа што го направил за нас.