Текстови

Дали гледаш ти во Христовото лице?

Веројатно сите сме чуле за една од најпознатите слики на Леонардо Да Винчи, Последната вечера, класичен приказ на Исус кој седи крај маса заедно со своите дванаесет апостоли. Многу стручњаци по историја на уметност веруваат дека сликата, кога прв пат била довршена, се разликувала од онаа што ние денес ја гледаме. Се смета дека на крајот од покривката на масата била изработена прекрасна чипка. Кога по завршувањето на сликата Да Винчи поканил група на студенти по уметност да го видат неговото мајсторско дело, нивното внимание веднаш го привлекле деталите на дизајнот на чипката. Ја набљудувале и возбудено ја фалеле. Кога ја видел реакцијата на овие млади, уметникот ја зел четката, ја натопил со боја и со неколку потези по платното чипката била префарбана. А потоа со радост рекол: ”A сега, деца мои, гледајте го Христовото лице!!! Што е тоа што го привлекува твојот поглед? Дали гледаш ти во Христовото лице?