Текстови

ДАЛИ ТЕБЕ ТИ БИЛО ЛАДНО?

Тоа било една божиќна ноќ во Кореја. Една млада жена која очекувала дете се пробивала низ снежните наноси до домот на мисионерот и неговата сопруга кои и биле пријатели и знаела дека можат да и помогнат. Не била далеку од куќата на мисионерот кога наишла на мал мост. Тука почувствувала јаки болки и знаела дека не може да оди понатаму. Се скрила под мостот и донела на свет мало детенце.

Бидејќи не земала ништо со себе бебето го замотала во својата тешка зимска облека. Едно по едно ги соблекувала од себе деловите на својата облека и го омотувала малото дете да не смрзне. Тогаш пронaшла едно фрлено парче груб материјал, го наметнала на своето тело за да се заштити од ладниот ветар и легнала исцрпено покрај своето бебе.

Следното утро жената на мисионерот тргнала со својот џип преку мостот за да однесе корпа божиќни поклони на едно корејско семејство. Кога са враќала џипот наеднаш застанал на мостот и се угасил… Кога испаднала од возилото и тргнала преку мостот, слушнала плачење од бебе, баш под неа. Успeала некако да се симне од мостот и да испита што се случило. Таму пронашла мало бебе, топло но гладно и млада мајка која се смрзнала и умрела.

Жената на мисионерот го земала бебето и го одгледала малото момче. Кога детето растело често ја прашувало мајка му која го посвоила да му кажува како го пронашла. Кога наполнило 12 години, на божиќен ден барал да го однесе на гробот на неговата вистинска мајка. Кога стигнале барал да го почекаат малку подалеку од гробот, додека тој отиде да се помоли. Момчето стоело покрај гробот плачејќи. Потоа почнал да се соблекува. Жената на мисионерот изненадено го посматрала како соблекува еден по еден дел од својата топла облека и го остава на гробот на својата мајка. Па тој ќе се смрзне – помислила таа. Меѓутоа момчето клекнало на гробот без својата топла облека на снегот. Додека му се приближувала да му помогне да се облечe, слушнала како плачејќи и зборува на својата мајка која никогаш не ја запознал.: дали си се смрзнувала повеќе заради мене, мајко моја? – и горко заплакал.

Кога Исус дошол го соблекол од себе царското одело и влегол во нашиот свет на омраза и ладна незаинтересираност. Зошто го направил тоа? Затоа што видел илјадници скршени животи кои го бараат Спасителот, и тогаш умрел од скршено срце. Што го скршило? Гревовите на човечкото срце. Долгата историја на човекот кој другите ги прави робови, вековите на грубост, умирање од глад и страдања, обожавање на лажни богови, ратови крв, криминал и себичност го скршиле Исусовото срце. Но и ние сме дел од долгиот список на нешта кои го скршилеНего. Токму нашето студенило го направило тоа. Ние луѓето од сите нации кои сме спасени, задоволно седиме. Ние кои се молиме дај ни сочувствителност за изгубениот свет и тогаш “жртвуваме“ некој денар за некого, ние кои ги имаме нашите удобни домови, полни фриждери и ормари, ние кои имаме пари, знаење, сила да ја однесеме евангелската вест на секое создание, а тоа не го правиме. Ние кои зборуваме дека ги сакаме изгубените, а одбиваме да им кажеме за Спасителот полн со љубов. Исус сака да замрзнат лагите на нашите усни и тие да станат топли и да зборуваат за Него. И затоа да ја отфрлиме нашата покривка од гордост и самозадоволство и да појдеме во подножјето на голготскиот крст и во нашата голотија додека се смрзнуваме од гревовите кои не обземаат и ние како и момчето кое викало на гробот на својата мајка да застанеме и во солзи да викаме: ДАЛИ СИ СЕ СМРЗНУВАЛ ЗА НАС ПОВЕЌЕ, ГОСПОДИ? Можеби ТИ не знаеш за нашиот СПАСИТЕЛ и не знаеш што направил за тебе како и многу други но јас ја почувствував таа голема љубов и милост која ТОЈ неизмерно ја дава и се уште ги чувствувам благословите на неговата жртва во мојот секокјдневен живот како река која непрестано тече. Тој е жив извор и со Него животот е навистина прекрасен. Ако и ти сакш да дознаеш повеќе за Него за Неговата жртва за тебе и за благословите што Тој ги дава на секој кој бара, слободно прашај ме затоа што јас сакам секогаш да зборувам за Него.