ДОДЕКА ПОМИНУВА ВРЕМЕТО

,,Вашите светилки нека бидат запалени. А вие бидете слични на луѓе, кои го чекаат својот Господар, кога се враќа од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука.,,

Уште една измината година. Некои од нас ќе ја паметиме по добро но некои со горчина ќе се присетуваат на 2009 со надеж дека нема никогаш да се повтори. Но како и да е ние како Христијани кои го очекуваме неговото скорашно доаѓање сега сме поблизу од оној момент кога сме поверувале. Големиот судир се ближи кон крајот. Божјиот суд е пред вратите. Сето тоа зборува со свечен глас, предупредувајќи: ,, Бидете подготвени, зашто Синот Човечки ќе дојде во час кога не Го очекувате!

Ние живееме во последните настани од историјата на оваа земја. Пророштвата бргу се исполнуваат. Времето на милост истекува. Ние немаме време – ниту момент за губење. Да не се случи Исус да не најде како спиеме на стража оваа 2010 година. Никој нека не каже: Мојот Господар нема да дојде уште долго! Матеј 24,48 Веста за Христовото скоро доаѓање нека одекне со сериозни зборови на опомена.

Господ наскоро треба да дојде и ние мораме да се подготвиме да го дочекаме во мир. Да направиме се што е во наша моќ за да ја пренесеме светлината на оние околу себе. Не смееме да бидеме тажни туку радосни и Господ Исус секогаш треба да биде пред нас. Тој наскоро доаѓа, а ние мораме да бидеме подготвени и да Го очекуваме Неговото доаѓање.

Долго чекаме на враќањето на Својот Спасител, но ветувањето останува сигурно! Наскоро ќе бидеме во својот ветен дом. Во една од визиите на еден Божји пророк се кажува:

Бев длабоко трогната од настаните кои неодамна ги видов во ноќно видение. Ми изгледаше како некое големо движење-дело на пробудување, и тоа да напредува во многу места. Нашите верници заминуваа на работа, одзивајќи се на Божјиот повик.

Драги христијани и христијанки зар нема да го послушаме неговиот повик? Зар нема да се однесуваме како луѓе кои го очекуваат враќањето на својот Господ оваа нова 2010 година.