Текстови

Дојди си дома

Лука 15,32. „Но требаше да се зарадуваме и веселиме, зашто овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде.“

Пред многу години со својата сопруга ги минувавме летните празници во камп во близината на еден поголем град. Еден ден, беше празник и тргнавме во споменатиот град на годишна прослава. Верувајте ми, тоа беше нешто што не можеше да се заборави и што требаше да се збува и на другите.

Тука имаше парада со коњи, украсени убавици кои ја покажуваа својата убавина и спортисти кои со своите мајстории ги восхитуваа многумина. На голема приколка беше направен брод со ликови од познати цртани филмови. Имаше секакви ликови преоблечени во историски личности, што и даваше на целата парада значаен впечаток, како сценски приказ на забава од историјата на тој град.

Но последната приколка го привлече посебно нашето внимание. На неа седеше старец со седа коса кој клечеше во подножјето на еден огромен крст. Преку целата приколка беше испишан еден огромен натпис: „ДОЈДИ СИ ДОМА – ИСУС“

Исус и денес ги повикува луѓето да си дојдат дома. Никогаш нема да бидете предалеку и толку одалечени за да не можете да се вратите во прегратките на небесниот Татко. Тој стои и ве чека да се вратите, како што го направил тоа таткото на изгубениот син. „И кога беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, му падна околу вратот и го целива.“ (Лука 15,20). Таткото се радувал зашто неговиот син повеќе не бил изгубен.

Дојдете си дома кај небескиот татко. Не се колебајте. Без разлика на тоа што сте сториле или што сте оставиле несторено. Бог сеуште ве сака и стрпливо ве чека да се вратите во неговите прегратки.

Никогаш не е предоцна да се вратите кај Бога, небескиот Татко!