Текстови

ИЗМАМА

Сатаната повикал состанок на светско ниво и во воведниот говор на своите зли ангели им рекол:

„ Не можеме да ги спречиме луѓето да одат во црква. Не можеме да ги спречиме да го читаат Светото писмо и така да се приближат до вистината. Не можеме да ги спречиме да изградат свој личен однос со Исус. А во моментот кога тие ќе успеат во тоа, ние ја губиме моќта над нив. Затоа, ќе ги оставиме да одат во црква, ќе ги пуштиме да го водат својот старомоден начин на живот, но ќе го крадеме нивното време, така да не можат да го воспостават тој однос со Исус.

Ова сакам да го направите мои паднати ангели : „ Попречувајте ги, оттргнувајте ги од патотна воспоставување на однос со нивниот Спасител“

„ Но како ќе го постигнеме тоа ? – извикале неговите ангели.
„Ќе ги задржувате со неважни работи во животот и смислете безбројни планови и шеми за да ги окупирате и да ги обземете нивните умови. Намамете ги да трошат и да претеруваат во тоа. Уверувајте ги жените и нивните мажи дека треба да работат на своите работи од утро до вечер, 6-7 дена во седмицата и 10-12 часа дневно за да можат да си ги дозволат своите лажни животни стилови.

Задржувајте ги што можете повеќе за да имаат што помалку време кое би го поминале со своите деца. Кога полека ќе почне да се распаѓа семејството, домот нема да им понуди безбедност и одмор од тежината на работа!
Влијаете на нивниот ум за да не бидат во состојба да го слушнат тој тивок глас на Светиот Дух. Намамете ги да слушаат радио или ЦД секогаш кога возат.

Окупирајте ги со телевизија, видео, ЦД и компјутери во нивниот дом и погрижете се секоја продавница или ресторан во светот постојано да пуштаат музика која не вдахновува. Тоа ќе ги затвори нивните умови и ќе го скрши заедништвото со Христа.

Пополнувањето на масите во баровите, рестораните и на другите места да биде со разновидни списанија и весници кои содржат несоодветни работи. Бомбардирајте ги нивните умови со вести 24 часа дневно. Нападнете ги со разни бесрамни реклами на улица додека возат. Преплавете ги нивните поштенски и e-mail сандачиња со различни непотребни и лоши пратки, нарачувајте им разни каталози и разни профили на весници кои нудат лажни надежи. Држете ги слаби прекрасни модели на насловната страница на списанијата за да ги уверите мажите дека надворешната убавина е единствено важна за тие да станат незадоволни од своите жени. Тоа многу брзо ќе го растргне нивното семејство.
Дури и во рекреацијата нека претеруваат. Нека се враќаат од фитнес, трчање и тренинг измачени , изморени и неподготвени за следниот ден. Дружењето со пријателите нека го заменат со долги рзговори преку мообилен телефон.

Не им дозволувајте да одат често во природа за да се воодушевуваат на Божјите чуда и убавина. Наместо тоа пратете ги во забавни паркови, на разни спортски случувања во кои парите играат улога. Пратете ги на концерти и во кина.

Држете ги зафатени за да немаат ниту малку слободно време за живеење на исправен живот. Дури и кога ќе се соберат на духовни состаноци, вплеткајте ги во озборување, трчарење и ситни разговори, така да по нив да оди нечиста совест и несредени емоции. Одете напред, направете да бидат збунети и во духовните победи и наполнете им ги животите со разни наводно добри цели за да немаат време да бараат сила од Бога. Набрзо по тоа ќе почнат да се наслонуваат на сопствените сили и ќе го жртвуваат своето здравје и семејство за доброто на своите цели.“
Злите ангели тргнале брзо на своите задачи правејќи луѓето ширум светот да станат презафатени и забрзани со своите животи, без време за ситни радости и градење на вистинска среќа.