ЈА ПОВТОРУВАМЕ ЛИ ИСТАТА ГРЕШКА НА САМСОН?

Четириесет години Филистејците го мачеле и го угнетувале Израилскиот народ. Израел очајувал! Како да се ослободат од овие Филистејци?

Но, тие заборавиле!

Го заборавиле живиот Бог кој може да им помогне. Маное и неговата жена живееле во мало гратче, Цора, близу до Фелистејците, близу до непријателите. Сепак му биле верни на Бога.

Еден ден некој дошол кај Маноевата жена со прекрасна вест: Ќе зачнеш и ќе родиш син тој ќе го спаси Израел од рацете на Филистејците! Тоа било наубавата вест што ја чула оваа жена, која била неплодна. Таа ќе роди син! Потрчала за да му ја каже на својот маж оваа прекрасна порака. Вџашен и изненаден од она што се случило, но воедно и исплашен дека нема да биде во состојба правилно да го воспитува детето, Маној паднал на своите колена и му се помолил на Бога.

Господи! Нека дојде пак кај нас човекот Божји што си го испратил, и нека не научи како да постапиме со детето кога ќе се роди.

Бог одредил посебна задача за оваа момче. Неговата мајка морала да се придржува кон посебните здравствени начела во текот на својата бременост и да го одгледува детето според истите начела, за да биде подготвено да ја исполни својата задача.

Секој татко и секоја мајка треба понизно да бараат водство од Господа, молејќи се на своите колена: Како да го одгледаме детето што ќе ни се роди? Не е доволно ветенето дете само да добие наследство од своите родители. Потребно е детето да го следат и да го учат да стекнува добри навики.

Уште од првите денови Самсон морал да научи да биде умерен и да има самоконтрола. Само мал број луѓе сфаќаат колку се важни навиките во исхраната и колку тие влијаат врз нивното здравје, врз карактерот, способностите и вечната судбина.

Маној не знаел кој е тој човек, кој ги поучил, но кога принел јаре на жртва, Човекот се вивнал кон небото во жртвениот пламен. Во тој миг Маној се сетил на столбот од оган што ги извел Израилците од Египет тоа бил Божјиот син! И Маној извикал: Го видовме Бога!

Го видовме Бога!

Дали можеби Бог ти зборувал? Дали си го видел Бога, а да не си бил свесен во тој миг?

Дали Тој можеби и сега ти зборува?

Сансон е роден да живее. Роден е да живее за Бога.

Маној и неговата жена мошне бргу согледале колку е силно нивното момче. Гратчето Цора се наоѓало мошне близу до Фелистејска населба, па Самсон имал прилика да се дружи и со некои Фелистејци

Пријателствата што ги стекнувал во својата младост ќе го замрачат целиот негов живот. Самсон се вљубил во една млада девојка од Фелистејскиот град Тамнат и се оженил со неа.

Меѓутоа, тој бил роден да живее за Бога.

Кога дошол во позрели години, во период кога требало да одговори на својот небесен позив, токму во време кога требало да ја покаже својата верност – Самсон решил да се поврзи со непријателите на Израел. Тој не се запрашал дали тој брак ќе му помогне подобро да му служи на Бога. Па дури и да размислувал на таков начин, би бил поподготвен да ја исполни својата животна цел. Бог му ветил мудрост на сите оние што сакаат да го прослават, но ниту едно ветување не е оставено за оние кое прво место им остапуваат на своите лични замисли и желби.

Мнозина од нас одиме по Самсоновиот пат. Често се случува млади лица да стапуваат во брачна заедница со лице кое не верува во Бога и не го следи, а пред тоа да не го прашале Бога дали онаа што го прават е правилно или не. Сатаната ја фрла својата мрежа и постојано врши влијаније врз Божјите деца. Тој ги наговара да се врзат за неговите следбеници.

Жената со која Самон се оженил му станала неверна дури и пред да се заврши свадбената свеченост, зашто и тој им бил неверен на Божјите заповеди. Ова го навело Самсона да започне борба против Филистејците. Врзал вжарени факели за опашките на триста лисици и ги пуштил низ житните полиња за да го уништат плодот. Разбеснат од нечуеното убиство на својата сопруга, Самсон убил многу филистејци. Голема Филистејска чета тргнала да го фати Самсона. Неговите земјаци врзан им го предале на Филистејците, зашто се исплашиле за сопствениот живот – но Божјиот Дух дошол над него- врвците паднале од неговите раце и тој убил околу илјада филистејци, само со една магарешка челуст.

Самсон бил мошне силен, но бил и возвишен во своите очи. Заборавил дека Бог му ја подарил таа победа. Бог веднаш го потсетил Самсона за неговата слабост, пуштајќи му голема жед. Самсон тогаш ја согледал својата зависност од Бога и повикал кон Него. Бог ја раздвоил карпата пред него и од неа потекла вода.

Тој бил роден да живее за Бога.

Но Самсон го занемарил сето тоа. Го прекршил својот назерејски завет опивајќи се со вино. Својата тајна и ја открил на Далила. Во книгата Судии 16,20 стои забележано еден од најтрагичните текстови во Светото Писмо: Но не знаеше дека Господ отстапи од него. Кога Далила повикала: Самсоне, Филистејците идат против тебе, тој се разбудил и мислел дека ќе ги раскине јажињата, како што го сторил тоа и порано, но силата го напуштила – Филистејците го ослепеле.

Самсон бил роден да живее за Бога.

Божијот помазаник – човек кој можел да стане херој за Бога – ја изгубил од вид својата света задача. Станал слаб и слеп роб присилен да работи за своите непријатели. Што се случило? Тој времето го минувал повеќе со своите непријатели отколку со Бога. Влегол во сојуз со своте непријатели. Додека бил во затворот, Самсон имал доволно време да размислува за својот живот и да сфати колку е слаб – и тогаш се обратил кон Бога.

Својата победа филистејците им ја препишувале на своите богови и се осмелиле, во своето воодушевување , да му пркосат на израилскиот Бог. Приредиле свеченост во чест на Дагон. Во храмот и во храмската галерија се собрал голем број идолопоклоници. Било ден на славење.

Самсон, симбол на Дагановата попеда и моќ,бил доведен во храмот, додека мноштвото воскликнувало. Меѓутоа вистинската битка не се одвивала повеќе помеќу Самсон и Филистејците. Битката се водела помеѓу живиот Бог и Дагон, идол со лик на риба. Дали Самсон ќе му се покори на Бога и ќе му дозволи овој пат Тој да го употреби? Сфаќал што се случува. Знаел дека препуштил да го исполни својот повик. Самсон ја разбрал болката во Божјето срце.

Додека се правел дека е уморен, Самсон замолил да му дозволат малку да се одмори кај двата главни столба на храмот, врз кои се потпирал целиот кров. Самсон се помолил, предавајќи се тивко на Бога: Господи, Боже спомни си за мене и подржиме само сега, о Боже за да им се одназдам веднаш на Филистејците и за двете очи мои. Суди 16,30

Ги опфатил столбовите со своите раце и, кога ја почуствувал Божјата сила како струи низ неговото тело, повикал; Умри душо моја со Филистејците,

Самсон ги турнал столбовите со сета своја сила и на тој начин направил кровот на храмот да се сруши и, со голем тресок, да го убие присутното мноштво. Живиот Бог велиренствено победил.

Умри душо моја со Филистејците

ЧОВЕКОТ КОЈ БИЛ РОДЕН ДА ЖИВЕЕ ЗА БОГА.

Млади, вие сте родени да живеете за Бога.

Вие стоите денес пред Бога можеби со спуштени очи, скршени поради грешните одлуки што сте ги направиле во вашиот живот. Исус ве повикаува: Дојдете кај мене сите кој сте уморени и оптоварени и јас ќе ве успокојам.

Драги млади Вие сте родени да живеете за Бога!