Капетан на бродот

Еден ново именуван капетан на брод бил мошне горд на својот чин. Управувајќи со својот брод, во една бурна ноќ, капетанот забележал нешто во правецот во кој што се движел. Му наредил на својот човек за врски да ја упати следната порака:

„Променете го својот курс за 10 степени кон југ!  Следувал одговор:

„Променете го вие својот курс за 10 степени кон север!

Капетанот се чувствувал навреден и бил решен да не попушта. Затоа, повторно упатил порака: Променете го вашиот курс! Јас сум капетанот на бродот! Следел брз одговор:

Смени го својот курс! Јас сум светилникот на брегот!

Често пати, секој од нас се однесува како капетанот на бродот. Се движиме самоуверено по сопствениот животен пат, ги уважуваме само своите права. Но Бог и неговото упатство за нашиот животен курс, Библијата како светилник не предупредуваат на карпест предел на кој што можеме да доживееме бродолом. Ако сакаш безбедна „пловидба” по свoјот животен пат, смени го својот курс. Не очекувај од светилникот(Бог) да Го прилагодува Својот курс спрема твојот. Биди разумен капетан на сопствениот брод и почитувај ги добронамерните предупредувања кои доаѓаат од светилникот.