Филозофот Серен Кјеркегор еднаш раскажал една приказна за циркусот кој бил зафатен од пожар. Огнените пламени од циркусот се ширеле на кај околните полиња и набргу земале замав во правец на блиското село.
Убеден дека селото ќе биде уништено, а заедно со него и луѓето спалени ако не бидат предупредени, уметничкиот директор на циркусот запрашал дали некој би можел да отиде до селото да ги предупреди селаните. Кловнот облечен во својата облека, скокнал на својот велосипед и веднаш отишол во селото.
Бегајте! спасувајте се! Доаѓа пожар и селото ќе изгори! Викал додека возел горе доле по улиците на селото. Селото ќе изгори! Бегајте! Љубопитните селани излегувале од своите куќи и од продавниците и стоеле на тротоарите. Му дофрлувале на кловнот, се смееле и му аплаудирале на неговата претстава. Кловнот викал во се поголемо очајување, и се погласно колку што можел, но луѓето само уште повеќе му се смееле.
Селото изгорело, а загубата на човечки жртви била голема, затоа што никој кловнот не го сфатил озбилно. На крајот на краиштата, тој бил само кловн.
ПРИМЕНА:
Како кловнот во приказната, и проповедниците и старешините играат слична улога во Црквата која ја отфрла нивната порака додека го предупредува светот. Не можеме да очекуваме само проповедниците на светот да му ја упатуваат оваа опомена преку пораката на Евангелието. Светот често не ги разбира сериозно. Наместо тоа одговорноста е на нас обичните луѓе – да го сфатиме Исуса сериозно и да одиме и да го проповедаме Евангелието по светот. (Види Марко 16,15). Не можеме да очекуваме светот да го сфати сериозно Евангелието ако како верници не сме спремни да кажеме на другите за Христа и да бидеме сведоци на Неговата сила и љубов во својот живот.