Млади христијани – Бог има светла иднина за вас

Живееме во збунувачки и предизвикувачки свет. Со толку многу неслоги и несреќи покрај нас, понекогаш може да чувствуваме дека е невозможно да се води вистински христијански живот. Кога нашите политички лидери и останатите авторитети се оддалечуваат од Божјиот пат и не успеваат да дадат пример за добро христијанско живеење, лесно е да се разочараме. Но, не треба да гледаме во тие околу нас за да ја почувствуваме Божјата љубов. Треба едноставно да знаеме дека Небесниот татко го сака најдоброто за нас како млади христијани и Тој ќе ни даде се што ни треба за да успееме.

“Зашто Јас ги знам Своите замисли за тоа што имам намера со вас – зборува Господ – замисли за мир, а не за несреќа: да ви дадам иднина и надеж.“ (Еремија 29:11)

Времињата кога живеел Исус Христос не биле помалку бурни од сегашните времиња. Преку своите добри дела и големата љубов за човекот, Бог им покажал на луѓето во тоа време што значи да се биде Христијанин. Бог го жртвувал својот единороден Син, за ние да можеме да се љубиме еден со друг како што не љуби Бог и да ги исполнуваме Неговите желби преку водење на добар христијански живот. Ние како млади христијани сме благословени со можноста да живееме во време кога можеме толку многу да сториме споделувајќи го Божјиот збор. Да знаеме дека сме благословени и имаме моќ да им помагаме на другите покажувајќи добар пример на христијанско живеење.

“Се можам преку Христос кој ми дава сила.“ (Филипјаните 4:13)

Да живееме како добри христијани значи да ги прифаќаме другите дури иако можеби се поразлични. Младите христијани денес можат да направат радикални и долготрајни промени во светот живеејќи живот каков што сака Бог, со покажување на пример дека само добриот христијански живот може вистински да не исполни. Семејството, пријателите и Божјиот збор се најголеми подароци кој некој може да ги подари и сите тие се награда што произлегува од доброто христијанско живеење. Премногу сме благословени што ја имаме Божјата голема љубов во нашите животи. Не постои подобар начин да ја возвратиме таа љубов од оној да ја споделиме со оние кои можеби живеат во темнина.

Охрабрете се и бидете одлучни! Не бојте се и не плашете се од нив! Та Самиот Господ, твојот Бог, доаѓа со тебе; не ќе те напушти ниту ќе те остави.” (5та Мојсеева 31:6)

Наоружани со големата Божја љубов, нема препрека што неможеме да ја поминеме. Како христијани имаме толку многу можности да ја споделиме Божјата љубов и Божјиот збор. Радувајте се на големите предности кои ги имаме како млади христијани. Да знаеме дека без разлика со каков проблем се соочуваме, Божјата љубов ќе ни помогне. Да се држиме до нашите верувања и да живееме живот каков што Бог заповеда, па ќе можеме да ги ожнееме плодовите на добриот христијански живот. Дури и во најтемниот час, големата вера и христијанскиот живот ќе ја осветлат твојата душа и ќе ја исполнат со мир, па ќе знаеш дека никогаш не си сам.

“Бог ќе те води постојано“ (Исаија 58:11)