Многу примаат совети, но само мудриот од нив има корист.
Не се чуди кога на небото на твојот живот ќе се појават облаци. Од каде инаку би дошол освежувачки дожд ако не од облаците.
Ограничените умови не признаваат ништо што го надминува нивното сваќање.
Масата се раководи спрема чувствата а не спрема разумот.
Ако никаде не гледаш ни еден облак тогаш сигурно си во пустина.
Кој те има повеќе разочарано од самиот себеси.
Не ја сака вистината оној кој секому ја кажува, туку оној кој дозволува да му се каже во лице.
Болестите не се срушуваат на нас како гром од ведро небо, туку се развиваат во нас врз основа на секојдневните мали прекршувања на природните закони; кога последиците ќе се натрупаат, наеднаш излегуваат на површината и стануваат видливи.
Кариеристот не бара пријатели, нему луѓето му се потребни само како скали во напредувањето. Додека си му корисен во тоа, ги уживаш предностите на неговата наклонетост; ќе престанеш ли да му користиш, повеќе не те приметува; почувствува ли дека му стоиш на патот, се нафрла на тебе со сета своја сила.
Заедничкиот успех го развива пријателството, а заедничкиот неуспех го испитува.