Текстови

Мудри зборови 2

Љубовта спрема ближниот не се покажува со тоа што ќе му дадеш парче леб кога е гладен; правата љубов ќе ја покажеш кога со него ќе го поделиш својот оброк иако твојата глад не е ништо помала од неговата.

Кога двајца се караат ни еден не е во право.

Четири работи на човекот никогаш не му се враќаат: фрлената стрела, изговорениот збор, поминатиот живот и пропуштената прилика.

Генијалецот има способност да го каже она за кое другите само мислат, и да го изрази она што другите само го чувствуваат.

Како е убаво чувството да познаваш човек и на неговото молчење да се потпреш.

Три пати стани порано, и на својот живот ќе му додадеш уште еден нов ден.

Најголемиот грев што можеш да го направиш спрема самиот себе е да останеш неподвижен кога во себе ќе почувствуваш потреба да правиш добро.

Вредноста на твојата религија се цени по твоето однесување во своето семејство.