Текстови

Небесна самопослуга

Веќе долго бев на патот на животот. Еден ден здогледав знак со натпис: „Небесна самопослуга“ Кога се приближив, вратата ширум се отвори и веќе бев внатре. Видов многу Ангели. Стоеја насекаде. Еден ми ја додаде корпата и ми рече: „Дете мое, внимателно купувај. Се што му треба на човекот се наоѓа во оваа самопослуга. Ако не можеш да понесеш се што ти треба, можеш да дојдеш и следниот ден.“ Најпрво земав Трпение. Љубовта беше во истиот ред.

Подолу беше Разбирањето – тоа ти треба каде и да одиш. Земав кутија или две Мудрост, вреќа или две Вера. Едноставно не можев да го пропуштам Светиот Дух затоа што беше насекаде. Застанав да земам нешто малку Сила и Храброст за да ми помогне да ја истрчам оваа трка. До тогаш мојата кошница веќе се наполни но тогаш се сетив дека ми треба и малку Милост. Не го заборавив Спасението, затоа што Спасението беше бесплатно, па земав доволно за да те спасам и тебе и себе.

Тогаш почнав да се враќам кон касата за да ја платам својата сметка. Мислев дека имам се за да ја исполнам војата на Учителот. Како се движев кон излезот видов Молитва – едноставно морав да ја земам, затоа што знаев дека ќе се сретнам со предизвиците кога ќе излезам надвор.

Радост и Мир имаше во изобилство, беа на задната полица. Песната и Благодарноста висеа во близината, па се послужив и со нив. Тогаш му реков на ангелот: „Колку сум должен?“ Тој повторно се насмевна и рече:

„ДЕТЕ МОЕ, ВЕЌЕ ОДДАМНА БОГ ЈА ПЛАТИ ТВОЈАТА СМЕТКА“