НОВИ СОЗДАНИЈА

Еден лондовски деловен човек по име Линдзи Клег раскажува за еден магацин што го продавал. Зградата била со месеци празна и била потребна нејзина поправка. Некои вандали ја оштетиле вратата, ги скршиле прозорците и на сите страни оставиле ѓубре. Кога го довел заинтересираниот купувач во зградата, тој се струдел да објасни дека ќе ги поправи скршените прозорци, ќе донесе мајстори кои ќе ги поправат оштетените делови и ќе го расчистат просторот. Купувачот рекол: “ Заборавете ги поправките. Ако ја купам оваа зграда на нејзино место ќе изградам нешто сосем ново. Не ми треба зградата, го сакам местото.”

Тоа Бог ни го кажува и нам. Кога ќе се спореди со поправката која Бог ја има на ум, нашите напори да го подобриме својот живот истото така се беззначајни како што е и чистењето на магацинот, на кој му било наменето рушење.

Дали во твојот рецепт има нешто што не дава вистинска арома? Дали во твојот живот има нешто што би требало да се отстрани? Бог сака да бидеш сличен на Христа. Врати се кај него со своите генетички темели со кои си роден. Предај му го денес својот живот и кажи: “ НАПРАВИ ОД МЕНЕ НОВО СОЗДАНИЕ”. Кога ќе станеме Божје власништво, на стариот живот настапува крај. Тој прави се ново. Се што Тој сака е место и дозвола да гради. Многумина меѓу нас се уште се обидуваат да се “променат”, но Бог нуди “избавување” . Се што треба да направиме е да му го предадеме “местото”, а Тој ќе ја започне потребната “изградба”.