Пред многу години си живеел еден богат човек, заедно со својот послушен син, кој собирал скапоцени уметнички дела. Заедно патувале низ светот додавајќи и ги на својата колекција само најдобрите остварувања. Непроценливите дела на Пикасо, Ван Гог, Моне и многу други ги украсувале ѕидовите на нивната семејна куќа Стариот човек, кој бил вдовец, со задоволство посматрал како неговото единствено дете израснува во еден искусен колекционер на уметнички дела. Извежбаното и остро око на синот и неговиот бистар ум го правеле таткото да блика од радост и гордост додека разговарале со продавачите на уметничките дела ширум светот.
Кога дошла една зима, во нивната земја отпочнала војна и момчето отишло да се бори за својата земја. После само неколку седмици таткото добил телеграм. Неговиот сакан син исчезнал во акција. Колекционерот на уметнички дела со нетрпение очекувал нови вести, плашејќи се дека веќе никогаш нема да го виде својот син.После неколку дена неговиот страв се обвистинил. Момчето загинало додека се трудело да го однесе ранетиот другар во болница.
Збунет и осамен, стариот човек со тага и болка се соочил со доаѓањето на божиќните празници. Радоста која тој и неговиот син ја чувствувале во вакви моменти никогаш веќе нема да се врати.
Тоа рано божиќно утро, тропањето на вратата го пробудило ожалостениот стар човек. Додека се приближувал до вратата, уметничките дела на ѕидовите уште повеќе го потсетувале на тоа дека неговиот син никогаш нема да се врати дома. Кога ја отворил вратата, го поздравил еден војник со голем пакет во рацете. Се преставил зборувајќи, јас бев пријател на вашиот син. Јас сум оној кој беше спасен кога погина вашиот син. Може ли да влезам за момент? Имам нешто да ви покажам. Кога почнале да разговараат, момчето му раскажало како неговиот син на сите му зборувал за својата и за татковата љубов спрема убавата уметност. Јас сум уметник, рекол војникот. И сакам да ви го дадам ова.
Кога стариот човек ја одвиткал хартијата, погледнал портрет на својот син. Иако не би можела да се смета за генијално дело, сликата со неверојатна прецизност го прикажувала лицето на неговиот син. Совладан до емоции човекот му се заблагодарил на војникот и му ветил дека сликата ќе ја закачи на највидно место во куќата. Неколку часа покасно, кога војникот си заминал, човекот се пуштил на работа. Ја поставил сликата на највидно место во куќата, сметнувајќи ги при тоа неколку непроценливи уметнички дела. А потоа човекот седнал во својата фотеља и божиќните празнициги поминал гледајќи во сликата која штотуку ја добил.
Во текот на деновите и седмиците кои поминувале, човекот сфатил дека, иако неговиот син веќе не е со него, тој ќе продолжи да живее преку животите на оние на кој им помогнал. Наскоро дознал дека неговиот син спасил над десетина ранети војници пред него што куршумот му го погодил неговото сочувствително срце. Како стигнувале зборови за храброста и смелоста на неговиот син, гордоста и задоволството почнале да ја смалуваат болката на ожалостеното татково срце. Наскоро портретот на неговиот син постанал негов најдраг имот, замрачувајќи го секое интересирање за сликите со кои музеите се фалеле ширум светот. Тој му рекол на своите комшии дека сликата е најголемиот дар кој некогаш го има добиено.
Следната пролет стариот човек се разболел и умрел. Уметничкиот свет бил во исчекување! Неговите слики ќе бидат продадени на големата аукција. Спрема желбата на стариот човек, сите слики ќе бидат изложени за продажба на божиќ, на годишнината кога го примил својот најголем дар.
Наскоро дошол и тој ден и колекционерите од цел свет се собрале да дадат понуда за некои од светските најспектакуларни слики. Мислеле како ќе ги исполнат своите соништа, и како ќе можат да кажат, ја имам најбогатата колекција.
Аукцијата започнала со сликата која не била ставена ни на еден музејски список. Тоа била сликата од синот на старецот. Аукционерот ја побарал првата понуда. Во просторијата завладеала тишина. Кој ќе даде понуда од 100 долари? запрашал аукционерот. Минутите поминувале. Никој не зборувал. Од позадината на собата се зачуло: кој го интересира за таа слика? Тоа е само сликата на неговиот син. Ајде да заборавиме на неа и да појдеме на поважни работи. И другите гласови сложно се придружиле. Не, мораме прво да ја продадеме оваа слика. одговорил аукционерот. Кој ќе го земе синот?
Конечно, конечно проговорил еден пријател на стариот човек: Сакате ли да земете 10 долари за таа слика? Тоа е се што имам. Го познавав момчето и би сакал да ја имам таа слика.
Нуди ли некој повеќе? прашал аукционерот.
После неколку минути во тишина аукционерот извикал: „Прв пат, втор пат, трет пат! Продадено! и удрил со чеканот.
Радосни извици ја исполниле просторијата и некој рекол: Сега можеме да купуваме скапоцености!
Аукционерот ги погледнал присутните и најавил дека продажбата е завршена. Вчудо невиденост и неверување ја исполниле просторијата. Некој проговорил, „Како тоа мислите готово? Не дојдовме сигурно овде да ја купиме сликата од синот на старецот! Што е со останатите слики? Овде се милиони долари во сликите! Сакам да ми објасните што се случува!
Аукционерот одговорил: Многу едноставно. Спрема тестаментот на старецот, кој ќе го земе синот… добива се !
Истото тоа што го откриле колекционерите на тој божиќен ден, и ден денес е истото: Љубовта на еден Татко, Таткото на кој најголемата радост му доаѓа од неговиот Син, Кој отишол и го дал својот живот спасувајќи други. Заради таа татковска љубов, кој ќе го земе синот добива се.