Текстови

Стапици на сатаната

1 Јованово 2:15. „Не љубете го светот и сè што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот.“

Не знам дали сте гледале еден инересен начин како ги фаќаат мајмуните во Африка. Во еден вид тиква, нешто како нашиве лејки, ќе направат мал отвор, толку само да може мајмунот да ја пикне својата рака во тиквата. Внатре ќе стават ореви, а мајмуните

многу ги сакаат нив. И штом ќе ги намирисаат оревите, мајмуните доаѓаат ја пикаат својата рака во тиквата, ќе ја наполнат со ореви и ќе пробат да ја извадат надвор. Секако тоа е невозможно сè додека не ги испуштат оревите. Но, мајмуните тоа не би го направиле по ниедна цена и така стануваат жртви на ловците. Самите себеси се фаќаат во стапиците на својата алчност.

И сатаната се служи со ист метод за да не зароби.

Колку е добро предупредувањето кое ни е дадено во Библијата: „Не љубете го светот и сè што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот.“ Апостол Јован исто така додава дека „светот е минлив и похотите негови, а оној кој ја извршува волјата Божја, останува довека“ (17).

И запомнете што му се случило на мајмунот. Немојте да допуштите да се фатите во стапиците на сатаната!

Земете го целиот свет, ама дајте ми го Христа, зашто Неговата љубов е вечна, а мене ми е единствено важна. Сета радост единствено се наоѓа само во Исуса Христа.

Не можете да си подготвите богатство на небото сè додека цврсто се држите за земното богатство.