“Утре изутрина“ почна хирургот, “Ќе ти го отворам срцето…“
“ Ќе го најдеш Исус таму,“ го прекина момчето.
Хирургот погледна, вознемирено рече “Ќе го пресечеме и отвориме“ тој продолжи, “да видиме колкава штета е направена… “
“но кога ќе го отворите моето срце, ќе го најдете Исус таму,“ рече момчето.
Хирургот ги погледна родителите, кои седеа мирно. “Кога ќе видам колкава штета има, ќе го сошијам твоето срце повторно, и ќе планирам што да правам следно.“
“Но ќе го најдеш Исус во моето срце. Библијата кажува дека Тој живее таму. Ќе го најдеш Него во моето срце.“
На хирургот му беше доста. “Ти кажувам што ќе најдам во твоето срце. Ќе најдам оштетени мускули, мала снабденост со крв и слаби крвни садови. И ќе видам дали може да ти биде подобро.“
“Ќе го најдеш и Исус таму исто така. Тој живее таму.“
Хирургот замина.
Хирургот седна во неговата канцеларија, снимајќи ги нивните забелешки од операцијата, “… оштетена аорта, оштетена белодробна вена, проширена мускулна дегенерација. Нема надеж за трансплантација, нема надеж за лек. Терапија: таблети против болки и одмор во кревет. Прогноза: тука тој застана, “смрт за една година.“
Тој престана да снима, но имаше уште многу да се каже. “Зошто“ праша гласно. “Зошто Го дозволуваш ова? Зошто му ја даваш оваа болка, и го препушти на рана смрт. Зошто?“
Господ одговори и рече, “Момчето, мое јагне, не требаше да биде во твоето стадо уште долго, бидејќи тој е дел од Моето стадо, и засекогаш ќе биде.
Солзите на хирургот беа жешки, но неговиот бес беше уште пожежок. “Ти го создаде тоа момче, и Ти го создаде тоа срце. Тој ќе биде мртов за неколку месеци. Зошто?“
Господ одговори, “Момчето, мое јагне, ќе се врати во Моето стадо, бидејќи тој ја заврши својата обврска. Јас не го ставив моето јагне со твоето стадо за да го изгубам, туку за да здобијам уште едно загубено јагне.“
Хирургот плачеше….
Хирургот седна покрај креветот на момчето, родителите на момчето седеа спроти него. Момчето се разбуди и прошепоти,“ Дали го отворивте моето срце?“
“Да“, рече хирургот.
“Што најдовте?“ праша момчето.
“Го најдов Исус таму.“ одговори хирургот.