Текстови

ВРАЌАЊЕ ДОМА

Оваа приказна зборува за војникот кој се враќал од војска во својата дом во Америка, од војната во Виетнам. Им се јавил на своите родители од Сан Франциско велејќи им: Мамо, тато, си идам дома, но морам да ве замолам за една услуга. Имам пријател кој сакам да го донесам заедно со мене кај нас дома.

Секако, одговориле. би сакале да го запознаеме.

Постои нешто што за него морате да знаете, продолжил синот. Во војната е многу повреден. Нагази на мина и ги изгуби раката и ногата. Нема место во кое би отишол и затоа би сакал да дојде и да живее со нас.

Жал ми е сине! Можеби ќе можеме да му помогнеме да најде некое место каде ќе живее.

Не мамо, тато! Јас сакам да живее со нас.

Сине, рекол таткото, ти не знаеш што бараш. Некој со таков хендикеп би бил огромен терет за нас. Ние имаме свои животи и не можеме да дозволиме такво нешто да ги ремети нашите животи. Мислам дека само треба да си дојдеш дома и да заборавиш на тоа момче. Ќе најде тој некој начин да живее сам.

Во тој момент синот ја спуштил слушалката. Родителите веќе не слушнале ништо од него.

После неколку дена, добиле повик од полицијата од Сан Франциско. Им било кажано дека нивниот син, после падот од една висока зграда, починал. Полицијата установила дека е самоубиство.

Погодени од тага родителите одлетале за Сан Франциско и таму биле одведени во градската мртвачница за да го идентификуваат телото на својот син. Го препознале, но на свое запрепастување откриле нешто што не знаеле – нивниот син имал само една нога и една рака.

ПРИМЕНА:

Родителите во овој случај слични се на многу од нас. На нас ни е убаво да ги сакаме оние кои убаво изгледаат, оние кои е забавно да ги имаш покрај себе, но не ги сакаме оние кои не вознемируваат или ни даваат чувство на неугодност. Поубаво ни е да се држиме подалеку од луѓе кои не се здрави, убави или паметни како ние.

Сета среќа што Бог не се однесува со нас на ист начин како ние спрема нив. Бог не сака со безусловна љубов кој ни посакува топло добредојде во Неговто вечно семејство без разлика во колкава збрка сме.

Заради Неговата голема љубов спрема нас и ние треба да се однесуваме спрема другите на ист начин.