Текстови

Времето пред потопот и сега

Живееме во време кое наликува со поколението од пред потопот. Во библијата стои Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на човечкиот син,( Матеј 24,37 )Tоа било време на зло во секаков облик. Секој живеел себично само за себе не грижејќи се за другите. Насилство и убиства на сите страни и разни пороци по кои копнееле. Никој не го барал Бог ниту размислувал за чесни и морални работи; И виде Господ Бог дека лошотиите меѓу луѓето на земјата се големи, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време.

Од потопот кој настанал по целата земја се спасиле само Ное и неговите блиски, заедно со животните кои биле на бродот.

И денес се забележуваат последиците од потопот гледајќи ги, промената на географската структура и клима на земјата и многуте фосилни животински остатоци. Денешното време гледајќи ги секојдневните настани, не се разликува од минатото. Во преден план се измамите, алчноста, насилства, убиства и застранети телесни желби исполнети со пороци.

За своето доаѓање Исус вели: Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата.( Матеј 24,33 )