Текстови

ЗАНЕМАРЕНА ОПОМЕНА

7ми декември 1941 година јапонските авиони ја нападнаа американската база на Хаваите, уништена е американската флота и приближно 3.000 мртви. Со овој напад Јапонија ја вовлече Америка во Втората Светска војна.

Зошто се случило ова? Во тој период Америка на Хаваите имала околу стотина бродови, од кои 8 борбени и 4.000 војници.

Американската тајна служба, Владата и двајца одговорни генерали на Хаваите однапред примиле предупредување дека Јапонија планира напад на Перл Харбор, но тие ова предупредување го примиле како безначајно. Америка примила десетина информации дека Јапонија ќе ја нападне нивната воена база.

Во ноември 26ти дознале дека нападот ќе биде извршен на 7ми декември. Владата во Вашингтон, претседателот Рузвелт, државниот секретар и секретарот за одбрана и воена команда на Хаваите знаеле дека во случај на напад нивната база не е целосно подготвена за одбрана. 7 дена пред нападот фатен е радио сигнал во кој повторно 7ми декември е означен како ден за напад.

Во вторник 2ри декември, данскиот дипломат ја известил Американската Влада дека јапонските воени бродови ја напуштиле воената база и запловиле во океанот. Истиот ден после пладне, претседателот Рузвелт повторно е известен дека јапонската флота е упатена кон Хаваите.

Во сабота 6ти декември американските воени и политички лидери дознале дека јапонската флота е на 600 милји од Хаваите. Кога флотата се приближила на 500 милји претседателот Рузвелт бил известен за опасноста која им се заканува на Хаваите.

Во недела 7ми декември рано наутро командантот на базата повторно ја примил веста дека јапонија ќе нападне. Овој пат јапонската флота била на 200 милји. Офицерите биле во своите станови, војската била слободна, не биле подготвени да се одбранат.

Доколку ги изнеле бродовите на брегот или пак го искористиле одбранбеното оружје кое го имале против авионскиот напад, би биле помалку жртви, а повеќе загуби на непријателот.

Зошто Америка не направила ништо за да се одбране? Одговорот е едноставен “Не верувале дека тоа може ним да им се случи”.

Јапонија на 7ми декември со нешто повеќе од сто војници, 29 авиони и 5 подморници ја нападнале базата Перл Харбор, ја уништиле американската флота и авијација, оставајќи зад себе илјадници мртви и ранети. Напаѓачите без пречки се вратиле назад и речиси без никакви загуби.

Американскиот брод Аризона потонал во океанот со 1102 морнари. Сите воени бродови биле оштетени, 3 целосно уништени, четвртиот се превртел.

Претседателот Рузвелт после овој настан изјавил: “Ова беше добро однапред припремен напад”. Два месеци подоцна, двајца главни американски генерали биле обвинети за немарност спрема воената база, имотот и луѓето кои им биле поверени.

Меѓутоа не биле само тие виновни цела американска војска и политички апарат ја занемариле опомената, и не се подготвиле да се спротистават на нападот. Америка потоа објавила војна со Јапонија што претставува почетокот на Втората светска војна. Америка во оваа војна изгубила 4.000 војници.

Немарноста на бранителите на Перл Харбор совршено се вклопува во илустрацијата на Лаодикеја, млаки, немарни и неактивни христијани. Пораката за последното време и знаците за Второто Христовото доаѓање пристигнуваат, да не ги занемариме и ние овие опомени.