Текстови

СТО ФАКТИ ЗА САБОТАТА

1. По шест дена работа во седмицата на создавањето на Земјата, Бог си починал во седмиот ден (1Мој.2,1-3)

2.Оваа вистина го потврдила тој ден како Божји ден за одмор, или сабота. Името сабота значи ден за одмор. Денот во кој се родило бебето подоцна станува негов роденден. Така и седмиот ден, денот во кој бог си починал, станал негов ден за одмор- саботен ден.

3.Затоа седмиот ден станал Божји ден за одмор. Дали можеме да го замениме денот на своето раѓање со ден во кој не сме родени? Не. Исто така не можеме да го замениме Божјиот ден за одмор со ден во кој Тој не си починал. Така седмиот ден се уште е Божји саботен ден.

4.Творецот го благословил седмиот ден (1Мој.2,3).

5.Тој го посветил седмиот ден (2.Мој.20,11).

6.Бог ја воспоставил саботата во едемската градина (1.Мој.2,1-3).

7.Саботата е воспоставена пред паѓањето во грев и затоа таа не е симбол, зашто симболите се воведени по паѓањето во грев.

8.Исус рекол дека саботата е создадена за човекот (Марко 2,27), што значи за сите луѓе без оглед на времето во кое живееле и народот на кој му припаѓале.

9.Таа е спомен на создавањето(2.Мој.20,11;31,17).Со нашата починка во седмиот ден ние си припомнуваме за тој величенствен настан.

10.Саботата му е дадена на Адама, прататкото на човечкиот род (Марко 2,27;1.Мој.2,1-3).

11.Преку Него, како наш преставник, таа им е дадена на сите народи (Дела 17,26).

12.Таа не е еврејска институција зашто е воспоставена 2300 години пред настанокот на еврејската нација.

13.Библијата никогаш не ја вика еврејска сабота, туку секогаш сабота на твојот Господ Бог. Луѓето треба внимателно да го обележат Божјиот свет ден за одмор.

14.Саботата се споменува во периодот на патријарсите.

15.Пред Синај таа била дел од Божјиот закон (Мој.16,4.5.27-29).

16.Бог саботата ја ставил во срцето на својот морален закон (2.Мој.20,1-17).Заповедта за саботата како ден за одмор е непроменлива како и другите девет заповеди.

17.Заповедта за саботата како и сите други заповеди е изговорена со гласот на живиот Бог (5.Мој.4,12.13).

18.Секоја заповед ја напишал лично Бог (2мој.31,18).

19.Бог ги напишал на камени плочи и со тоа ја потврдил нивната непроменливост (5Мој.5,22).

20.Плочите на кои бил напишан Божјиот закон се чувани во ковчегот на заветот, во Светињата над Светињите (Мој.10,1-5).

21.Бог потполно забранил секоја работа во сабота (2.Мој.34,21).

22.Затоа што ја презреле саботата, Бог дозволил едно поколение Израелци да умре в пустина (Езекил 20,12.13).

23.Таа е возвишен знак на вистинскиот Бог (Езекил 20,20).

24.Бог ветил дека Ерусалим за секогаш ќе стои ако Евреите ја чуваат и ја почитуваат саботата (Еремија 17,24.25).

25.Во својата подоцнешна историја стигнале во вавилонско ропство затоа што ја прекршиле саботата (Немија 13,18).

26.И Ерусалим бил разорен поради тоа што е прекршена заповедта за саботата (Еремија 17,27).

27.Бог им ветил посебен Благослов на сите што ја празнуваат (Исаија 56,6.7).

28.Ова ветување е составен дел на пророштвото што се однесува на христијанскиот религиски систем види:Исаија 56. глава.

29.Бог ќе го издигне секого што ја чува саботата (Исаија 56,2).

30.Бог не повикува да ја викаме славна, а не стара еврејска сабота или јарем на ропството (Исаија 58,13).

31.Бидејќи многу генерации ја газеле саботата, таа во последните денови ќе биде обновена (Исаија58,12.13).

32.Сите пророци го чувале и го почитувале седмиот ден.

33.Божјиот Син во својата откупителска мисија на нашата Земја го почитувал седмиот ден. Со тоа го следел примерот на својот Отец. Зар да не го следиме сигурниот пример и на Отецот и на Синот? (Лука 4,16;Јован 15,10).

34.Седмиот ден е Господен ден (види:Отк.1,10;Марко 2,28;Исаија 58,13;2.Мој.20,10).

35.Исус бил Господар од саботата (Марко 2,28), што значи дека Тој го држел и го почитувал овој посебен и посветен ден.

36.Тој ја одбранил саботата како установа и посебен израз на Божјата милост насочена кон човекот (Марко 2,23-28).

37.Исус не ја напуштил саботата, туку внимателно учел како треба да се празнува (Матеј 12,1-13).

38.Своите ученици ги учел во сабота да не прават ништо што не е според Законот (Матеј 12,12).

39.Тој ги поучил учениците дека саботата треба да се почитува и по неговото воскресение (Матеј 24,20).

40.Побожните жени кој по распнувањето се грижеле за Исусовото тело во гробот, мошне внимателно го празнувале седмиот ден (Лука 23,56).

41.Многу години по Христовото воскресение, апостол Павле во саботен ден мошне вдахновено проповеда за планот на спасението на човекот (Дела 13,14).

42.Апостолот на незнабошците, Павле, истакнува дека ерусалимците и нивните кнезови не ги почитувале гласовите на пророците чиишто зборови ги читале секоја сабота (Дела 12,27).

43.Вдахновениот христијански историчар, Лука, пишувајќи ги своите хроники, овој ден го означува како посебен ден за собирање и за проповедање на Божјата реч (Дела 13,44).

44.Обратениците од многубоштво на сабота и придаваат исто значење (Дела 13,42).

45.На големиот христијански собор 52.година на нашата ера, во присуство на апостолите и учениците, Јаков ја споменува саботата (Дела 15,21).

46.На своите мисионерски патувања апостолите во сабота држеле проповеди и молитвени состаноци (Дела 16,13).

47.Апостол Павле на јавните состаноци во сабота ја читал и со присутните ја проучувал Библијата (Дела 17,2.3).

48.Проповедниците на младата христијанска Црква многу време посветувале за проучување на Божјата реч на собирите што се одржувале во сабота (Дела 17,2).

49.Во книгата Дела апостолски се споменуваат 48 состаноци одржани во тој ден (Види:Дела 13,14.44;16,13; 17,2; 18,4.11).

50.Евреите и верниците на првата христијанска Црква не расправале за празнувањето на саботата. Тоа значи дека христијаните во времето на апостолите ја празнувале саботата заецно со Евреите.

51.Во ниедно обвинување подигнато против апостол Павле, не му се припишувало дека го занемарува саботниот ден.

52.Апостол Павле јавно објавил дека го почитува Законот: Ништо не му згрешив ниту на еврејскиот закон, ниту на црквата ,ниту на цезарот(Дела 25,8).Тој ова не би можел да го каже кога не би ја празнувал саботата.

53.Саботата со најголема почит 59 пати се споменува во Новиот завет.

54.Во Новиот завет со ниеден збор не се споменува дека саботата е укината или применета.

55.Бог никогаш ниту во еден текст во СВЕТОТО ПИСМО НИКОМУ НЕ МУ ДОЗВОЛИЛ ДА РАБОТИ ВО ТОЈ ДЕН.

56.Ниеден христијанин пред и по Христовото воскресение во сабота не ги работел своите секојдневни работи. Во Новиот завет не е забележан ниту еден случај на отфрлање на саботата од страна на апостолите или верниците на првата христијанска Црква.

57.Во Светото Писмо не постои запис дека Бог некогаш го повлекол својот благослов или своето посветување од саботниот ден.

58.Саботата вечно ќе биде празнувана на обновената земја ( Исаија 66,22.23).

59.Саботата како ден за одмор е важен дел на Божјиот Закон кој излегол од неговата уста и бил запишан со неговиот прст на камени плочи на Синај (Види:2.Мој.20 глава).Кога Исус ја почнал својата работа, објавил дека не дошол да го поништи законот: Немојте да мислите дека јас дојдов да ги укинам Законот и пророците… (Матеј 5,17).

60.Исус сериозно ги прекорил фарисеите како лицемери кои се преправале дека го љубат Бога додека истовремено Божјиот Закон го подвластувале на своите обичаи и традиции. Празнувањето на неделата е дел на човечката традиција.

Библиски факти за првиот ден на седмицата

1. Првите зборови запишани во Библијата зборуваат за работата што е извршена во првиот ден на седмицата-неделата (1.Мој.1,1-5).Ова го сторил самиот Творец поставувајќи ги темелите на историјата на животот на нашата планета.

2. Првиот ден во седмицата Бог го одредил да биде работен ден (2.Мој.20,8-11).Дали е погрешно да се послуша Бог.

3. Ниеден патријарх никогаш не ја празнувал неделата.

4. Тоа не го правел ниеден пророк.

5. Со изрична Божја наредба за неговиот избран народ првиот ден во седмицата бил обичен работен ден најмалку 4000 години.

6. Сам Бог го нарекува работен- работнички ден (Езекил 46,1).

7. Бог не почивал во тој ден.

8. Бог никогаш не го благословил.

9. Христос никогаш не почивал во тој ден.

10.Исус се занимавал со дрводелски занает се до својата триесетта година (Марко 6,2.3).Тој празнувал сабота и работел шест дена во седмицата.

11.апостолите работеле во недела.

12.Апостолите никогаш посебно не ја изделиле.

13.Црквата никогаш не ја благословила.

14.Никогаш не носела благослов на небесниот авторитет.

15.Никогаш не била посветена.

16.Ниеден закон со Божествено потекло не одредил празнување на неделата.

17.Новиот Завет не забранува работа во тој ден

18.Не постои никаква казна за непочитување на тој ден.

19.Празнувањето натој ден не донесува никаков благослов.

20.Никакво правило не одредува празнување на тој ден. дали тоа навистина би било така кога Господ би сакал да го празнуваме.

21.Неделата никогаш не е наречена христијанска сабота.

22.Никогаш не е наречена сабота.

23.Никогаш не е наречена господен ден.

24.Никаде не е наречена ден за одмор.

25.Со тој ден не е здружен ниеден свет назив.

26.Неделата е наречена со едноставно:Прв ден на седмицата.

27.Исус никогаш не ја споменал.

28.Неделата како ден за празнување Никогаш не се сменува во Библијата.

29.Ни еден збор во корист на неделата како свет ден не кажале ниту Бог-Отец,ниту Христос, Ниту вдахновените луѓе.

30.Првиот ден во седмицата во целиот Нов Завет се споменува осум пати, но не како посебен или издвоен ден:Матеј 28,1;Марко 16,2.9;Лука 24,1;Јован 20,1.19 Дела 20,7;1.Кор.16,2.).

31.Шест од овие наведени текстови се однесуваат на ист прв ден на седмицата.

32.Павле ги повикал првите христијани во недела да ги извршуваат своите световни работи (1.Кор.16,2).

33.Во целиот Нов Завет постои само еден запис за религиски собир одржан во тој ден, но тоа бил вечерен состанок што се протегнал длабоко во ноќта (Дела 20,5-12).

34.Не постои ниту едно навестување дека е одржан некој сличен состанок пред или по тоа.

35.Апостолите и верниците на првата Црква имале обичај да се собираат во недела.

36.Не постоела никаква обврска во недела да се крши леб.

37.Постои само еден запис во кој се споменува ваков собир (Дела 20,7).

38.Овој состанок траел до по полноќ,до зора (Дела 20,7-11).Исус кршел леб в четврток (Лука 22), а учениците тоа го правеле секој ден (Дела 2,42-46).

39.Библијата никаде не споменува дека првиот ден на седмицата е изделен да го објавува Христовото воскресение. Ова е човечка традиција што не е во согласност со Божјиот закон (Матеј 15,1-9).Со своето богато значење крштевањето, меѓу другото,не потсетува на Исусовиот закоп и на неговото воскресение (Рим. 6,3-5).

40.Новиот Завет никаде не споменува промена на светоста на саботата или каква и да е светост на првиот ден.

Веруваме дека овие 100 едноставни библиски факти за ова важно библиско прашање ќе им послужат на читателите како увод на едно подлабоко проучување на историјата, значењето и суштината на Господовиот ден за одмор,кој со својата непроменливост му припаѓа и на современиот човек.