Абортус

  1. Си бил еден проповедник и неговата жена кои биле многу,многу сиромашни. Тие имале 14 деца. Таа сега открила дека е бремена со 15 то, живеат во невидена сиромаштија, земајќи ја обѕир нивната сиромаштија, дали би им препорачале да направат абортус?
  2. Таткото е болен од сифилис, мајката има туберкулоза, тие имаат 4 деца, првото дете е слепо, второто умрело, а третото е глуво, четвртото покажува туберкулоза, и таа дознава дека повторно е бремена,со оглед на екстремната ситуација дали би препорачале абортус?
  3. Белец силувал 13 годишна црнкиња и таа останува бремена, дали би препорачале абортус?
  4. Една млада жена е бремена и таа знае дека нејзиниот свршеник не е татко на бебето и тој е многу вознемирен, дали би препорачале абортус?

Ако сметате дека треба да препорачате абортус во некоја од овие ситуации;

Тогаш во првиот случај вие препорачавте убиство на Џон Весли

Во вториот вие препорачавте убивање на Лудвиг Ван Бетовен

Во третиот вие препорачавте убивање на познатата госпел пејачка Етел Вотерс

и во четвртиот случај вие тукушто препорачавте убивање на Исус Месијата…