АНГЕЛ ОТПАДНИК

Библијата кажува дека сатаната постои и дури и дури дека дошол од небото. Исус им рекол на своите уценици: „Јас го видов сатаната како падна од небото како молња„ (Лука 10,18). За паѓањето на тој најголем ангел кажува апостол Јован: „И фрлена беше големата ламја, старата змија, која се вика ѓавол и сатана, која го мами сиот вселенски свет, и фрлена беше на Земјата, и нејзините ангели беа фрлени со неа„ (Откровение 12,9). Сатаната бил славно суштество, создаден како и другите ангели. Поради неговата величествена појава пророкот Исаија го нарекува син на Зората и Луцифер (носител на светлина). Неговото таинствено и необјасниво паѓање го натерало пророкот да се запраша: „Како падна од небесата, Светлоносец, сине на Зората? Како се обори на Земјата, ти, владетеле на народите?„ Исаија 14,12).

Заедно со сатаната паднале и многу ангели „ кои не го сочуваа своето достоинство, туку го напуштија својот стан„ (Јуда 6).Расцеп меѓу ангелите! Драма во вселената! Но зошто овој силен ангел носител на светлина, ѕвездата Деница, паднал од небото на Земјата и станал сатана?

Во Библијата наоѓаме околу четириесет имиња за сатаната. На пример: ѓавол, непријател,озборувач, Велзевул, кнез кој владее во ветерот и други. Сатана значи противник, додека „ѓавол значи озборувач или клеветник. Тој исто така е измамник човечки од почеток„ и „лага и татко на лагата„ (Јован 8,44).

Како дошло до тоа тој од ангел да стане ѓавол и од светлина темнина? Одговор наоѓаме во следниот текст на пророкот Исаија: „А си велеше во своето срце: Ќе се искачам на небесата, над Божјите ѕведи ќе подигнам свој престол. ќе владеам на гората зборна на крајниот север. Ќе се искачам во висините над облаците, ќе се изедначам со Вишниот„ (Исаија 14,13.14).

Од овие зборови јасно се гледа желбата на Луцифера за власт. Во својот план за освојување на вселената рекол пет пати едноподруго: Јас ќе, јас ќе и јас ќе! На крилјата на својата горделивост сакал да летне над увездените облации да се „изедначи со Севишниот„. На вратата на Божјото царство затропал грев. Тоа бил страшен предизвик за Отецот на љубовта, на милоста и мирот. Војските на ангелите се вознемириле. Приврзаниците на сатаната ги извадиле сјајните мечеви на својата висока интелигенција за борба против својот Творец. Така почнала војна на ангелите. Немало крв, но оваа војна ги однела своите жртви. „И настана војна на небото. Михајло со своите ангели мораше да војува против ламјата, а ламјата и нејзините ангели војуваа против нив, но не можеа да издржат; и не им се најде повеќе место на небото„ (Откровение 12,7.8).

Наместо да се вивне над небесата, овој ангел паднал на Земјата и од колепката направил гробница. Пророкот го проследил неговиот пад со зборовите: „А ти се урна во подземје, во длабина гробна. Оние што те гледаат размислуваат за тебе: Тоа ли е оној што ја тресеше Земјата и градовите ги срамнуваше со земјата, кој своите заточеници никогаш не ги отпушташе м дома?„ (Исаија 14,15-17).

Историјата на светот зборува дека желбата за власт предизвикала неопишани разурнувања, крвопролевања, рани и смрт. Ако нема ѓавол, тогаш кој е одговорен за сето зло и страдања, за војните и гробиштата по сета Земја? Овој невидлив жител на Земјата себе си се смета за поглавар и кнез на големиот сојуз „на духовите на пакоста под небото„ и за управител „на темнината на овој свет„ (Ефесјаните 6,12).

Овие вселенски злосторници активно учествуваат во светските настани како и во однесувањето на поединците. Нивното силно влијание е одговорно за уништувањето на многу народи. Затоа апостол Павле кажува: „Облечете се во сето Божје оружје за да можете да му одолеете на лукавството на ѓаволот. Зашто нашата војна не е против крв и тело, туку против поглаварите, против властите, против управителите на темнината на овој свет, против духовите на пакоста под небото„ (6,11.12).

Потеклото на сатаната не е Библиска тајна. Кога го создал Бог, Луцифер не бил ѓавол туку херувим, шестокрилен ангел засолнувач. „Оној ден кога се роди, ти беа направени тапани и свирки „ Езекил 28,13). Станал ненадминлив композитор, музичар и хороводител на небесните хорови. На неговата глава е излеано масло на сите Божји благослови и способности. Сам Бог рекол: „Ти беше херувим, помажан да засолнуваш; и јас те поставив„ (28,14).

Не е тајна дека овој распеан ангел станал причина за лелек и пискот на нашата планета, но причината за оваа страшна промена не е дадена. Гревот нема објаснување ниту оправдување, причина или извинување.

Беззаконието било грев и се уште „гревот е беззаконие„ (1.Јованово 3,4). Горделивоста предизвикала пад на херувимот Луцифер. Љубовта е претворена во омраза, убавината во грдост, мудроста во безумие. „ Се наполни внатре со насилство и грешеше…херувиме, засолнувачу! Срцето твое се возгордеа со твојата убавина, ти ја расипа својата мудрост со својата светлина; ќе те фрлам на Земјата ќе те положам пред цареви да те гледаат„ (Езекил 28,16.17).

Во Првата книга Мојсеева 3 глава читаме како сатаната ги измамил првиот маж и жена. Најпрво им ја наметнал мислата дека она што го кажува Бог не мора да биде вистина, а потоа дрско настапил обвинувајќи го Бога за лага. Бог им кажал дека ќе умрат ако згрешат, а сатаната тврдел спротивно: „ Нема да умрете!„ (3,4). Последиците се мошне добро познати: „Преку еден човек влезе во светот грев, а со гревот смрт, така смртта премина на сите луѓе, зашто сите згрешија„ (Римјаните 5,12).

Сатаната ги одвоил првите луѓе од Бога, а другите сами се отцепиле. Не мораме да и се чудиме на човечката наивност пред таквиот подмолен и маскиран противник, „зашто сам сатана се претвора во ангел„ (2Кор. 11,14). Никој не е способен да се препира со сатаната, а уште помалку да го победи. Во секој човек сатаната има нешто од својата природа – само во Исуса Христа немало ништо од неговиот карактер. Само Христос „не стори грев, ниту се најде измама во неговата уста„ (1.Петрово 2,22).

Ѓаволот има способност да се престорува и да ги мами мажите и жените, младите и старите „со лукаво измислени прикаски„ (2.Петрово 1,16)

Драги пријатели, без сомнение тоа е причината за предупредувањето што ни го упатил светиот апостол Павле: „Да не не измами сатаната, зашто знаеме што мисли тој„ (2.Кор. 2,11). Сега е миг да му се спротивставиме. „Покорете му се на Бога, а противете му се на ѓаволот и ќе побегне од вас„ (Јаков 4,7).