Текстови

АСТРОЛОГИЈА

Астрологијата е религија-обожавање на Сонцето како култ

Паганската филозофија се темели на античкото космолошко сфаќање дека ѕвездите (боговите) управуваат со животите на луѓето. Астрологијата ја чита волјата на тие богови. Како што е истакнато, таа не е некоја нова наука базирана на научни факти, туку всушност древна паганска религија, верување во космички божества. Во најстариот вавилонски астролошки систем богот Сонце бил врховен бог кој е владетел и главен бог на Зодијак, на ѕвезденото соѕвездие, додека се сметало дека сите други богови (ѕвездите и планетите) произлегуваат од него, дека се само негови манифестации, еманации или инкарнации – “тело од неговото тело“.

Затоа сите природни појави се сметани само како манифестација на еден бог – Сонцето. Тоа верување го прифатиле старите Сумерци, Феничаните, народите на Месопотамија, Египќаните, Арапите, Персијците, Грците, Римјаните, Хиндусите и Индијанците во Америка, менувајќи ги само имињата во своите јазици. Сите тие своите богови ги гледале само како варијации на еден бог, Сонцето. Тоа верување сеуште е основа и на модерната астрологија. Сите небесни тела се сметаат за манифестација на Сонцето, за астрални божества кои произлегле од него и кои интелигентно влијаат врз човечкиот живот. Со тоа астрологијата семирот го прикажува како структура на поголеми и помали семирски богови и нижи духови. Тоа е типична политеистичка (верување во мноштво богови), но и пантеистичка религија (бог во се, бог внатре во своите созданија), верување што го прифатиле ориенталните народи (Индија, Кина, Јапонија и др.). Вавилонците, како најстар народ, верувале дека секој смртник, слично на боговите, има своја сопствена ѕвезда. Познато е дека седум главни божества на Зодијак биле седумте планети: Сонцето, Венера, Земјата, Месечината, Марс, Сатурн и Јупитер. Во астрологијата постои прецизна структура на односи и хиерархија на планетите, односно на астролошките богови. -“Секоја планета носи име на некој бог од грчката митологија и шири психички ентитет кој денес му се припишува на тој бог. Планетите имаат еден домицил (место на престој, дом) во еден знак на Зодијак (се вели дека една планета господари или владее со знакот во кој престојува, или дека оваа планета е негов владетел), место на егзил, егзалтација и пад… (Жан-Луј Бро, Речник астрологије Ларус, стр.137).

-Така астрологијата во својот темел е космичка религија, со темелно верување во бесмртност на душите, кои по природа се “полубогови“. На секоја душа и припаѓа по една ѕвезда, па по смртта тие се враќаат таму. Затоа ѕвездите се поврзани со нивниот физички живот во тело, па со нивната заемна констелација се предвидува иднината. Според тоа, астрологијата станува темел на сите пагански верувања, а едновремено и на спиритизмот, верување дека секоја душа оди на небото (кое во голема мера е присутно и во христијанскиот свет).