Каде во Библијата се наоѓаат стиховите кои се однесуваат на Десетте Божји Заповеди?

Во Новиот Завет секоја од Десетте заповеди ги содржат истите зборови со исто значење како и во Стариот Завет.

Сите пишувачи на Библијата биле инспирирани од Светиот Дух и знаеле дека Законот кој бил даден на планината Синај е всушност напишан со ” Божјиот прст” (Излез 31:18, Второзаконие 9:10) и НЕ Е УКИНАТ НИТУ пак ПОНИШТЕН со смрта на Исус на крстот.

Следната компарација ќе го разоткрие целиот ДЕКАЛОГ кој е пренесен од Стариот во Новиот Завет после настанот на крстот на Голгота, со намера да остане во сила и за следните времиња, во кои е вклучена и сегашноста, и ќе трае се додека Христос повторно не се врати за да го воспостави Своето вечно Царство.

Цитираните стихови од Библијата се земени од македонскиот превод на Стариот и Новиот завет од Душан Константинов.

 

ПРВА ЗАПОВЕД

 

СТАР ЗАВЕТ

Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене.

(Излез 20:3)

НОВ ЗАВЕТ

“…… На Господа, твојот Бог, ќе Му се поклонуваш и ќе Му служиш само Нему!”

(Матеј 4:10)

“но, ние имаме еден Бог, Татко, од Кого е се и за Кого сме ние, и Еден Господ Исус Христос, преку Кого е се, и преку Кого сме и ние. “

(1 Коринтјани 8:6)

ВТОРА ЗАПОВЕД

 

СТАР ЗАВЕТ

“Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото или долу на земјата, или во водата под земјата. Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто ЈАС, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог, Ја посетувам неправдата на татковците – на оние кои Ме мразат – на децата до третото и четвртото поколение, а покажувам милости на илјадници кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.”

(Излез 20:4-6)

НОВ ЗАВЕТ

 

“Дечиња, пазете се од идолите. “

(1 Јован 5:21).

“И бидејќи сме Божји род, не треба да мислиме дека Божеството е како злато или сребро или камен; како творба на човековата уметност и замисла. “

(Дела 17:29)

 

ТРЕТА ЗАПОВЕД

 

СТАР ЗАВЕТ

 

“Не ќе Го изговараш напразно Името на Господа, твојот Бог, зошто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото Име. “

(Излез 20:7)

 

НОВ ЗАВЕТ

 

“…… за да не се хули Божјото име и науката. “

(1 Тимотеј 6:1)

 

ЧЕТВРТА ЗАПОВЕД

 

СТАР ЗАВЕТ

“Помни го саботниот ден, за да го осветуваш. Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи. А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш; ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти. Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и се што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден. “

(Излез 20:8-11)

НОВ ЗАВЕТ

“И им рече: Саботата е воспоставена заради човекот, а не човекот заради саботата. Така Човечкиот син е Господар на саботата. “
(Марко 2:27-28)

“Зашто некаде за седмиот ден е речено вака: И Бог почина во седмиот ден од сите Свои дела. И пак на тоа место: Нема да влезат во Мојата починка. И така, ако останува некои да влезат во неа, а оние кои порано ги чуле Евангелието не влегле заради непослушност, пак определува некој ден денес, кога по толку време аборува преку Давида, како што е речено порано: Денес ако го слушнете Неговиот глас, не закоравувајте ги вашите срца. “
(Евреи 4:4-10)

 

ПЕТТА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

“Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог! “

(Излез 20:12)

НОВ ЗАВЕТ

“Почитувај ги татка си и мајка си и …….. “

(Матеј 19:19).

 

ШЕСТА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

“Не ќе убиваш! “

(Излез20:13)

НОВ ЗАВЕТ

“А Исус рече: Не убивај, ………. “

(Maтеј 19:18), (Римјани 13:9).

СЕДМА ЗАПОВЕД

 

СТАР ЗАВЕТ

“Не ќе прељубодејствуваш! “

(Излез 20:14)

НОВ ЗАВЕТ

“А Исус рече: …..не прељубодејствувај, ….. “

(Maтеј 19:18), (Римјани 13:9).

 

ОСМА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

“Не ќе крадеш! “

(Излез 20:15)

НОВ ЗАВЕТ

“А Исус рече: …., не кради, …. “

(Maтеј 19:18), (Римјани 13:9).

ДЕВЕТТА ЗАПОВЕД

СТАР ЗАВЕТ

“Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен! “

(Излез 20:16)

НОВ ЗАВЕТ

“А Исус рече: …., не сведочи лажно, “

(Maтеј 19:18), (Римјани 13:9).

ДЕСЕТТА ЗАПОВЕД

 

СТАР ЗАВЕТ

“Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен! “

(Излез 20:17)

НОВ ЗАВЕТ

“Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: Не ќе посакуваш! “

(Римјани 7:7).

Завршна мисла

Од една страна секако дека е вистина дека ние сме спасени по благодат преку вера, но од друга страна е повеќе од очигледно е дека ни е потребно и нешто многу повеќе од Благодатта, за кое Библијата го вели следното:

“Ти веруваш дека има само еден Бог. Добро правиш; и бесовите веруваат и треперат. “

“Сакаш ли пак да сознаеш, суетни човеку, дека верата без дела е мртва? “

“Нашиот татко Аврам не беше ли оправдан од делата, кога го принесе на жртвеникот својот син Исак? “

“Гледаш дека верата соработуваше со неговите дела, и дека верата преку делата стигна до совршенството. “

(Јаков 2:19-22)

Следнава изјава лично Исус ја изјавил, во која вели:

“Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди. “

(Јован 14:15).

Авторот и Оригинаторот на нашата вера (Исус) ќе изјави:

” . . . А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите.”

(Mатеј 19:17).

 

Напишано од: Richard Nickels

Превод од англиски јазик: А.С.