Израелците, за време на робувањето во Египет, во извесна мера го заборавиле Божјиот закон и отстапиле од неговите заповеди. Погазувањето на Саботата станало општа појава, а поради претераните барања од нивните надзорници нејзиното празнување било оневозможувано. Меѓутоа, Мојсеј на својот народ им покажал дека послушноста кон Бога е првиот услов за нивно ослободување. Бог им ветил дека ќе им биде нивни Бог, дека ќе ги земе да Му бидат негов народ.
После нивното чудесно избавување од Египетското ропство, нивните залихи на храна почнале да се намалуваат. Како да се најде доволно храна за толкаво мноштво народ? Почнало да ги обзема сомнеж, па дури и управителите и старешините на народот почнале да ги обвинуваат водачите кои што ги поставил Бог. До тогаш тие немале трпено глад, нивните потреби биле задоволувани, но тие се грижеле за во иднина. Бог не ги занемарил потребите на Израелците. Лично им кажал на нивните водачи: “Ќе направам да ви паѓа како дожд леб од небото“ (2 Мојсеева 16,4). Бог им дал и упатство на народот при собирањето на храната. Секој ден да собираат колку што им треба за потребите на таа ден, а шестиот ден да собираат двојно повеќе затоа што наредниот ден ќе нема храна за да би се одржало светото празнување на Саботата. Наутро по земјата можело да се види “нешто ситно, округло, ситно како слана“. “Беше како коријандрово семе…“, бела боја. Народот тој леб го нарекол “мана“. Мојсеј им кажал: “Тоа е леб, што Господ ни го набави за храна“ (15 стих).
Така Израелците собирале храна секоја ден колку што им требало за тогаш, а шестиот ден собирале двојно повеќе и за утрешниот. “Ова е Господова заповед:утре е ден на целосна почивка, Сабота посветена на Господа. Испечете што сакате да печете; сварете што сакате да сварите. Се што ќе ви биде одвишок оставете го за утре“ ( 23 стих). “Јадете го тоа денес – им рече Мојсеј – зашто овој ден е Сабота во чест на Господа; денес не ќе најдете мана во полето. Собирајте ја шест дни, а на седмиот, во Сабота, ќе ја нема“ ( 25,26 стих). Израелците, за цело време додека оделе низ пустината, секоја седмица гледале трикратно чудо дадено за да ги увери во светоста на Саботата; двојно поголема количина на мана паѓала во шестиот ден, не паѓала во седмиот ден, а маната одредена и за во Сабота останувала свежа и нерасипана, иако кога оставале и за во другите денови се расипувала. Бог сакал и самиот чин на прогласување на Законот, во склад со неговиот возвишен карактер, да биде со величествен призор кој ќе разбуди кај Израелците стравопочитување. “Тргни кон народот – му рече Господ на Мојсеја – и посветувај го денес и утре. Нека ја испере својата облека; нека биде готов задутре, зашто задутре Господ ќе слезе на гората Синај, пред очите на целиот народ“ ( 2 Мојсеева 19,10.11 ). Во меѓувреме, секој момент морал да биде посветен на свечена припрема за излегување пред Господа. Мојсеј, држејќи се за упатствата, наредил да се подигне ограда околу планината. Ако некој би се осудил да премине преку оградата, казната била секундарна смрт.
На третиот ден наутро Мојсеј го повел народот кон подножјето на планината. “Планината Синај беше завиткана во дим, зашто Господ слезе на неа во оган. Се креваше дим како дим од печка. Целата планина се тресеше силно“ ( 18 стих ). Доказите за Господовата присутност биле толку страшни што Израелците од страв испопаѓале на колена пред Господа. А потоа грмотевиците престанале. Настапило време на свечена тишина и на крај се зачул Божјиот глас. Зборувајќи од големата темнина која Го опкружувала, додека стоел на врвот од планината со мноштво ангели, Господ го објавил својот Закон. Како симбол на Божјиот авторитет и отелотворувањето на Божјата волја, на Мојсеј му бил предаден примерок од Декалогот испишан со Божјиот прст на две камени плочи ( 2 Мојсеева 32,15.16 ; 5 Мојсеева 9,10 ). Но Законот не бил изговорен исклучиво само за благослов на Израелците. Бог им укажал чест да бидат чувари и заштитници на Неговиот Закон. Но овој Закон требало да биде и за луѓето во целиот свет, за поука и за нивно управување. Овие десет кратки, разбирливи и полни со авторитет заповеди, се втемелени на начелото на големата вечна љубов, укажувајќи на човековата должност кон Бога и кон ближните. Саботата не е воведена како нова установа, туку како празник кој е воспоставен за време на создавањето. Саботата треба да ја паметиме и празнуваме како спомен на делата на Создателот. Таа укажува на Бог како Создател на небото и земјата, и со тоа ги истакнува разликите помеѓу Вистинскиот Бог и лажните богови. Сите кои го празнуваат седмиот ден, на тој начин покажуваат дека му служат на Господа. Саботата така станува и знак на верните луѓе кои му служат на Бога овде на земјата.
Четвртата заповед е единствена помеѓу останатите заповеди во која се спомнува името и титулата на Законодавецот. Таа е единствена заповед која открива чиј авторитет стои позади целиот Закон. На тој начин таа претставува Божји печат, ставен на Неговиот Закон како доказ за неговата веродостојност и задолжителност. Господовата намера била да Израелците со постојаното празнување на Саботата бидат постојано потсетувани на својата зависност од Него како Творец и Избавител. Се додека би ја празнувале Саботата во вистински дух, нема да има идолопоклонства; но, ако ги заборават заповедите од Декалогот и ги сметаат за неважечки, Создателот ќе биде заборавен, а луѓето ќе служат на други богови. Ниедна друга установа не ги издвојувала Израелците од околните народи, како што била Саботата. Таа требала да им биде знак на нивното одвојување од идолопоклонството и нивната врска со Вистинскиот Бог. Меѓутоа, да би ја одржале Саботата света, луѓето и сами мораат да бидат свети. Тие мораат со вера да станат учесници во Христовата правда. Кога на Израелскиот народ му била дадена оваа заповед: “Помни го денот од одморот за да го осветуваш“, Господ исто така им кажал: “Ќе ми бидете свет народ“ ( 2 Мојсеева 20,8; 22,31). Единствено на тој начин Саботата можела да ги обележи Израелците како Божји поклоници. Кога Евреите се одвоиле од Бога и ја пропуштиле Христовата правда да ја направат, преку вера, своја правда, Саботата ја изгубила својата смисла за нив. Сатаната настојувал да се воздигне себеси и да ги одвлече луѓето подалеку од Христа, настојувајќи да ја направи Саботата несвета затоа што таа е знак на Христовата моќ.
– Но Бог од тогаш па се до денес сеуште ни упатува апел со зборовите: “ПОМНИ ГО ДЕНОТ ОД ОДМОРОТ ЗА ДА ГО ОСВЕТУВАШ. ШЕСТ ДЕНА ЌЕ РАБОТИШ И ЌЕ ГИ ВРШИШ СИТЕ СВОИ РАБОТИ. А СЕДМИОТ ДЕН Е САБОТА ГОСПОДОВА, НА ТВОЈОТ БОГ“ ( 2 Мојсеева 20,8-10 ).