Текстови

ДОБРИ АНГЕЛИ И ЛОШИ ДУХОВИ ИЛИ ДЕМОНИ

Ангелите се небесни суштества што ги создал Бог пред постоењето на нашата Земја и луѓето. Зборот ангел значи пратеник (Мал.3,1) Добрите ангели се службени духови „Определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението (Евреите 1,14).

ДОБРИТЕ АНГЕЛИ И НИВНИОТ БРОЈ

1. Дали ангелите постоеле при создавањето на човекот?

„Откако, пак, го изгони Адама, постави на исток пред градината Едем херувим и огнено оружје, кое се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото и животот„ (1.Мој.3,24).

2. На кого му се потчинети небесните ангели?

„ Кој, откако се вознесе на небото, е одесно на Бога, а кому му се покоруваат ангелите, властите и силите„ (1. Петрово 3,22).

Христос е војсководител на небесната војска (Ис. Навин 5,13-15).

3.Што кажува апостол Павле за нивниот број?

„Вие пак, пристапивте кон планината Сион и кон градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон десетина илјади ангели„ (Евреите 12,22; види Данило 7,10).

4.Што кажува Божјата реч за силата и карактерот на ангелите?

„Славете го Господа, ангели Негови, вие со сила моќни, кои ги извршувате Неговите наредби и го слушате гласот на Неговите зборови„ (Пс. 103,20).

СЛУЖБАТА НА АНГЕЛИТЕ

1. Каква работа им е доверена на ангелите?

„Нели се тие сите службени духови, определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението (Евр. 1,14; види Пс. 37,4).

Ангелите не упатуваат на добро и ни донесуваат од Бога благослов и помош што ни се потребни.

2. Како бил спасен Данило од смрт во лавовска јама?

„Мојот Бог го испрати својот ангел и им ја затвори устата на лавовите, така што тие не ме повредија, оти јас излегов пред него чист, па и пред тебе, царе, не сум извршил никаков престап„ (Данило 6,22).

3.Како биле ослободени апостолите од затвор?

„Но, преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изведе, им рече… „ (Дела 5,19; 12,7-10).

Физичките закони не можат да бидат пречка за ангелите во нивната служба. Нема место каде што ангелите не можат да дојдат да му помогнат на Божјото дете.

4. Секој човек има свој ангел придружник или чувар.

„ Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мјот Отец небесен„ (Матеј 18,10;Проп. 5,6).

На пророкот Езекил во видение му бил покажан еден ангел придружник како „Човек облечен во ленена облека со писарска опрема во појасот„ (Езекил 9,2). На небото постојат книги во кои се чуваат извештаи за земните жители (Малахија 3,16). Тие извештаи се непогрешни. Ангелите придружници бележат секое наше дело, добро или лошо, секој изговорен збор, па дури и нашите тајни мисли и побуди се запишани во небесните книги.

5. Каква фунција вршат ангелите на небесниот суд?

„Видов најпосле дека се поставија престоли и седнат старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; Престолот Негов личеше на огнен пламен, а тркалата му беа како оган што пламти. Река огнена излегуваше и минуваше пред Него;Илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеа пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија„ (Данило 7,9.10).

Бидејќи ангелите се службени духови и водат извештај за нашиот живот, јасно е дека тие ќе бидат присутни на небесниот суд како сведоци.

ЛОШИТЕ ДУХОВИ ИЛИ ДЕМОНИ

Сатаната и демоните се паднати ангели. Сатаната е причина за сето зло на овој свет, но тој е толку лукав во своите измами, што малку има такви кои веруваат дека тој постои. Тој ги вдахнува со свои мисли оние што ги прифаќаат неговите искушенија. Секоја себичност, секое лакомство, сомневање, страв, завист, кавга, омраза и војна; секое лошо и ниско дело – сето тоа е резултат на неговото влијание.

1. Кој е сатаната?

„Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажец и татко на лагата„ (Јован 8,44).

2. Како се нарекува?

Сатаната се нарекува „бог на овој свет„ (2.Кор.4,4); кнез на овој свет (Јован 14,30); кнез кој владее во ветерот (Ефес. 2,2).

3. Каде се фрлени сатаната и неговите ангели откако биле победени на небото? (2.Петрово 2,4; Отк. 12,9-12).

4. Што прави сатаната со своите демони на земјата?

„Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да го проголта„ (1.Петрово 5,8).

5. Против кого христијанинот мора да се бори на оваа Земја?

„Облечете се во сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство; оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните Духови на злобата„ (Ефес.6,11.12)

Сатаната го искушувал дури и Исуса и сакал да го победи, но Исус никогаш не му подлегнал на влијанието на сатаната. Исус го победил сатаната како со својот живот, така и со смртта на крстот. Сатаната е победен непријател. Тој не може да не наговори на зло без наша согласност. Божјата реч не советува: Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете ми се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас„ (Јаков 4,7).

СПИРИТИЗМОТ – ГОЛЕМА САТАНСКА ИЗМАМА

1. Што е тоа спиритизам?

Спиритизмот е верување дека живите можат да одржуваат врска со мртвите; со други зборови, спиритизмот тврди дека смрт не постои, дека духовите на умрените можат да им се јавуваат на живите. Според учењето на спиритистите, духовите на умрените имаат можност и на другиот свет да се усовршуваат и дека на крај сите луѓе ќе бидат спасени без оглед како живееле на оваа Земја.

2. Од кога постои спиритизмот?

Спиритизмот потекнува уште од најстари времиња. Тој во минатото само ги менувал своите облици. Уште во рајот сатаната тврдел дека првите луѓе нема и не можат да умрат, зашто се бесмртни како боговите (1.Мој.3,4). Сатаната и понатаму ги заведувал луѓето во овој правец, учејќи ги дека смрт не постои, туку дека таа е само премин во друга состојба. Речиси сета незнабожечка служба се состои од принесување на жртви на мртвите, мислејќи дека тие сеуште живеат и дека се занимаваат со настаните на земјата меѓу живите. Спиритизмот е познат кај Индијанците, Египќаните, Асирците, Вавилонците, Грците, Римјаните, секогаш во друг облик, но суштината му е иста.

3. Каква опомена му дал Бог на својот народ во врска со спиритизмот?  – 5.Мој. 18,9-13.

4. Како се појавил модерниот спиритизам?

Модерниот спиритизам се појавил во САД во 1848 година. Во местото Хајдсвил, недалеку од Њујорк, во куќата на семејството Фокс, на 31 март во 1848 година се слушнало таинствено тропање. Мајката и нејзините две ќерки биле будни. На прашањето кој тропа, тропањето престанало. На прашањето дали тропа живо суштество, не дожол никаков одговор. А на прашањето дали тропа мртовец, се слушнал жесток удар, што наводно требало да значи потврден одговор. При тоа се развил опширен„ разговор„ меѓу мајката Фокс и непознатиот дух. Мајката поставила прашање: колку години има мојата ќерка Маргарета? Тогаш се слушнале дванаесет удари, што значело дека таа има дванаесет години. На прашањето колку години има помладата ќерка Катарина, се слушнале девет удари. На прашањето дали оној што тропа е човек, не дошол одговор. А на прашањето дали е дух, даден е позитивен одговор во вид на еден удар. На тој дух му се поставени многу прашања на кои тој одговорил со отчукувања. Духот објаснил дека тој е духот на трговецот патувач Чарлс р. Розме, кој пред извесно време е убиен во оваа куќа. Духот исто така кажал кој е убиецот и каде треба да се копа за да се најде телото на убиениот. На означеното место во подрумот навистина се најдени коски.

5. Кои се тие таинствени духови?

Според Светото писмо, сите мртви спијат и не можат да одржуваат врска со живите (Проп. 9,5.6; Пс. 146,4). Па тогаш кој се јавува наместо умрените? Има само два вида на духовни суштества: ангели кои никогаш не згрешиле и демони, чијшто татко е ѓаволот (Јован 8,44), кои бараат некого да го прелажат, да заведат и да упропастат (1.Петрово 5,8). Значи/ тие духови можат да бидат само демоните кои се фрлени на Земјата (Отк. 12,9.12) и тука ги лажат луѓето очекувајќи ја и својата сопствена пропаст.

6. Според Христовите Зборови, што е модерен спиритизам?

Спиритистите тврдат дека Христос се јавува на нивните сеанси што ги одржуваат во разни соби, но Исус ни кажува: Не верувајте! Тоа се само чуда за да ги прелажат избраните (Матеј 24,24). Христос однапред не предупредува.

7. Какви се последиците на поврзувањето со духовите во спиритизмот?

Така умре Саул поради своето беззаконие, што го направи пред Господа, затоа што не ги запази зборовите Господови и се допрашуваше до вражачи (1.Днев. 10,13).

8. Каква е судбината на сите вражари?

„А на плашливците и неверните, на поганите и убијците, на блудниците и магесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото, што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт„ (Отк. 21,8).

9. Како можеме да се заштитиме од сатаната и од неговата лажна наука?

„ Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас„ Јаков 4,7).

Исус го победил сатаната со Божјата реч. Со истото оружје треба да се вооружиме и ние против сатаната и против неговите измами. Ако знаеме што учи Светото писмо и ако го држиме тоа, сатаната не ќе може да не прелаже. Околу оние што го сакаат Бога, Бог поставува ограда од свети ангели (Пс. 37,7; За Јов 1,9.10) и сатаната не ќе може да им се приближи. Моќта на сатаната е голема, но Божјата сила да не заштити е уште поголема!