Текстови

Грев

Нигде ниту во една друга литература проблемот со гревот не е толку внимателно обработен како во Библијата. Нејзините први страници графички го отсликуваат влегувањето на гревот во историјата на човештвото, а нејзините завршни страници победоносно го објавуваат бришењето на гревот од целата вселена. Помеѓу почетокот и крајот е опишана постојаната борба на човекот со гревот и Божјето ветување, и сите средства за откуп од гревот.

Современата култура го отфрла гревот на неколку маловерни и лесни луѓе кој Библијата ја земаат за сериозно. Меѓутоа Библијата гревот го покажува онаков каков што е се испречил помеѓу Створителот и човекот и направил еден јаз помеѓу Бога и човечкиот род. Провалијата е толку голема со помош на човечки средства непремостива така што Бог морал да го прати својот Син Исус Христос да умре за нас затоа што плата за гревот е смрт.

Но што е ГРЕВ?

Како да го дефинираме?

Библискиот назив за грев во грчкиот оригинал има значење ПРОМАШЕНА ЦЕЛ ИЛИ ПРОМАШУВАЊЕ. Во што е промашувањето на гревот? Гревот е чин кој го промашува Божјото мерило. Божјото мерило е законот. Секој што прави грев, го крши законот; грев е кршење на законот (1 Јов. 3,4).

Божјиот Закон му ги открива на грешникот неговите гревови и го води кај Христа, а Христос преку Светиот Дух ни помага да дојдеме во склад со Неговиот Закон(Рим.8,4) Па праведноста што Законот ја бара да се исполни во нас кои не одиме по телото туку по Духот читај:(Рим.8,4-11).

Значи гревот е беззаконие- престапување на законот. Тоа е единствената дефиниција за гревот. Кога не би бил законот не би имало ни беззаконие ниту грев. Затоа што преку законот доаѓа познавање на гревот. Мерилото на правдата јасно и сестрано забранува се што не е добро.Тој законот кажува што е грев. Тој е духовно огледало што ја покажува нашата духовна состојба.