Текстови

Христовото вознесение

Целото небо го очекувало тој триумфален момент кога Христос требало да се врати кај Својот Татко. Ангелите дошле да го примат Царот на славата и триумфално да Го придружат до небото.Откако ги благословил Своите ученици, Исус се одвоил од нив воздигнувајќи се кон небото. На тој пат го следело цело мноштво на заробеници кои станале од мртвите при Неговото воскресение. Бил следен исто така и од големо мноштво на ангели, додека на небото безбројни чети на ангели го очекувале Неговото доаѓање. Кога се приближиле до Светиот Град, ангелите кои го продружувале визвикувале: “ Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти и ќе влезе Царот на славата!“.Ангелите од градот восхитено запрашале: “Кој е Царот на славата?“.

Триумфалниот одговор на ангелите гласел: “Крепкиот и силен Господ, силниот во војна Господ. Подигнете ги порти, горништата свои, подигнете се вечни порти и ќе влезе Царот на славата!“. Повторно се слушнало прашањето на англеите кои чекале: “Кој е Царот на славата?“, а ангелите што го придружувале мелодично одговориле: “Господ над војските – Тој е Цар на славата!“ (Псалм 24:7-10). Тогаш оваа величествене поворка влегла во Светиот Град. Сите небесни војски се насобрале околу својот величествен Заповедник поклонувајќи Му се со најдлабоко обожување, положувајќи ги своите круни пред Неговите нозе.Потоа почнале да свират со своите златни харфи така што целото небо се исполнило со милни и хармонични звуци на најубава музика и песни во чест на Јагнето што беше заклано и повторно живее во величество и слава.

Додека учениците тажно гледале кон небото сакајќи да го фатат и последниот зрак на светлина во којашто исчезна нивниот Господ, пред нив се појавиле двајца ангели во бели облеки велејќи им: “Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото: Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што го видовте да оди на небото“ (Дела 1:11). Учениците и Неговата мајка кои биле заеднички очевидви на вознесувањето на Божјиот Син, целата наредна ноќ ја поминале во разговор за Неговите чудесни дела и необичните и величествени случувања кои се случиле за толку кратко време.

Сатаната повторно се советувал со своите ангели и полн со горчина и омраза против Божјата власт им кажал дека додека уште трае неговото владеење над овој свет нивните напори против Христовите следбеници мораат да се зголемат десеткратно. Христа неможела да го совладаат со ништо, но затоа пак мораат да ги совладаат Неговите следбеници, доколку е можно. Мораат да настојуваат во секое поколение да ги пречажат на некој начин оние кои веруваат во Христа. Тој им кажал и дека Исус ги овластил Своите ученици да изгонуваат зли духови од лужето кои биле опседнати со нив и да ги лечат таквите кои биле мачени од нив. Потоа демоните се разотишле, рикајќи како бесни лавови, решени да ги уништат Христовите следбеници.

Извадок од книгата “Рани списи“

Ние денес се бориме во веќе победена битка. Христос победил на крстот и сега се застапува на небото каде што се вознел 40дена по воскресението. Можеби понекогаш ќе ни изгледа тешко во овој свет, но тоа е така бидејќи Сатаната бидејќи поразен сака да направи што е можно поголема штета на сите а посебно на Божјиот народ.

Помолете се кога ви е тешко и молитвата нека стане ваша секојдневна навика.

Разговарајте со Исус! Тој е верен да ви помогне!