КОЦКАЊЕ И ИГРИ НА СРЕЌА

Коцкањето и игрите на среќа се посилно влијаат на се поголем број на луѓе во светот. Идеата да се заработи за сметка на други постанала современо проклетство.

Адвентистите доследно се противат на коцкањето и игрите на среќа, сметајќи дека не со во склад со христијанските начела.

Тоа не е прикладен облик на забава, ниту пак легитимно средство за заработување на пари.

Коцкањето и игрите на среќа претставуваат кршење на христијанските начела на управување. Бог ја одредил работата како начин кој одговара за стекнување на материјална корист а не играње на игри на среќа како стекнување на добивка на рачун на други. Коцкањето и игрите на среќа силно делуваат на општеството.

Идеата дека коцкарниците мошат да му донесат корист на општеството е илузија. Преку тоа коцкање се намалува христијанското чувство на одговорност спрема семејството, ближните и на оние на кои им е потребна помош во Црквата.

Коцкањето ствара лажна надеж. Христијаните својата надеж не треба да ја градат на богатството. Христијанската надеж и славната иднина која што Бог ја ветил е загарантирана, наспроти коцкарскиот сон. Големата добивка што Библијата ја истакнува е побожноста, задоволна со она што го има.

Коцкањето е заразно. Заразноста на коцкањето несомнено е неускладена со христијанскиот начин на живот. Црквата настојува да им помогне а не да ги осудува оние кои патат од манијата на коцкањето и другите зависности. Христијаните се свесни дека пред Бога се одговорни за онаа што го имаат како и за начинот на живеење.

Организацијата на адвентистички цркви не ги одобрува томболите, ни лотариите за стекнување на приходи и не ги поттикнува верниците на учествување во такви активности, без разлика колку се тие добронамерни. Адвентистичката Црква го отфрла коцкањето и горенаведените игри на среќа, и нема да бара или да прифати материјални средства за кои е јасно дека потекнуваат од тој извор.