КОЈ МОЖЕ ДА ЈА ОТКРИЕ ИДНИНАТА?

Давид бил многу зафатен. Требало да го фати авионот, имал толку малку време само да и телефонира на својата сопруга Ана и да и каже кога ќе се врати. Но Ана чуствувала дека нешто не е во ред. Не можела тоа да го објасни, тоа било некое чудно чуство. Го молела својот сопруг да не патува со тој авион. Давид навистина го променил летот. После откажувањето на летот, авионот со кој требало да лета се урнал и сите патници загинале.

Еден кинески земјоделец се припремал за сетва на ориз. Меѓутоа, свештеникот Фунгшуи му кажал да почека само два дена. Тој навистина сетвата ја одложил, а соседите се смееле на неговата лудост. Таа ноќ надошла незапаметена бура која се опустошила. Ги уништила големите површини посеани со ориз, а и посевите на неговите соседи.

Дали е ова само случајност? Или пак можеби постојат настани во иднината кои веќе сега можеме да ги знаеме? Дали ќе биде нуклеарна војна? Дали ќе добијам рак, сида или свински грип? Дали ќе добијам на лото и дали ќе бидам среќен и богат?

Дали постои нешто слично на судбина? Дали навистина надвор од нашиот живот постои сила која ја одредува нашата иднина? Ако постои, која е таа сила?
Многумина од нас чувствуваат, од овие или други причини, дека би било да ѕирнаат во иднината! Би било навистина убаво да се знае иднината. Но сепак, дали тоа би било убаво? Пред неколку години, некој човек, со група свои школски другари отишол кај една вражарка. Таа му кажала мнгоу работи, за кого ќе се ожени, колку деца ќе има, со што ќе се занимава и каде ќе живее! Се што таа кажала се остварило. Меѓутоа, таа му кажала уште нешто: кога ќе умре. “Ќе живееш“ рекла вражарката, “само до 42-та година.”! Кога времето се приближило, него го опфаќало се поголем страв; страв кога ќе умре, страв како ќе умре, страв што ќе ги напушти жената и децата… Стравот управувал со неговиот живот.

Денес тој човек има 48 години. За среќа, тој на време побарал помош и бил ослободен од стравот. Прорекувањето на иднината повеќе не го држел во своите стеги. Познавањето на иднината може да биде добро но и лошо. Сепак многу луѓе сакаат да ја знаат иднината. Милиони луѓе ги пратат хороскопите во весниците, радиото и телевизијата. Некои мислат дека тоа е безопасно, забавно и не очекуваат дека тоа ќе се оствари. Други пак тоа го земат сериозно и даваат големи суми на пари за совет од астролозите.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”331″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”300″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”400″}}]]

Секаде во светот луѓето се обидуваат да ја дознаат иднината. Се употребуваат најразлични методи. Било каде да одите, секаде ќе најдете методи кои ви одговараат. На пример: Ју-џинг во Лондон, руни во Сиднеј, гледање во дланка или филџан кафе во нашите краишта. Насекаде во светот постојат методи кои се привлечни за секој човек со цел наводно да ја открие својата иднина. Освен овие методи кои ја предвидуваат човековата иднина, секако треба да ги споменеме и така наречените пророци кои ја предвидуваат човековата иднина. Секако, Нострадамус е еден од најпознатите гледачи во светот. Тој живеел во 16 век во Франција. За време на својот живот тој бил попзнат како лекар, отколку како пророк. Пред крајот на својот живот станал познат по своите пророчки строфи од по четири стиха наречени кватрени.
Дали навистина кватрените докажуваат дека Нострадамус можел да ја гледа иднината? Каква опасност се крие во кватрените? Неволјата е во тоа што многумина од нив се пишувани без датуми и нејасно. Луѓето кои сакаат да веруваат во неговите пророштва, ќе најдат причина за тоа, но и оние кои се сомневаат во него, можат лесно да го отфрлат.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”332″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”278″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”253″}}]]

Треба да споменеме дека Нострадамус бил половина Евреин, половина Француз. Тој многу студирал за да стане лекар. Користејќи ја големата библиотека во свое време, тој читал и астролошки и окултни извештаи. Тој самиот ги откривал појдовните точки за своите претскажувања. Нострадамус користел окултни книги, толкувал врз основа на површината на водата и употребувал многу магијски работи. Пророштвата на Нострадамус, хороскопите и астрологијата какви што денеска ги познаваме, цврсто се втемелени на митологијата на Стара грција и на Стариот Рим. Библијата ни го дава следново предупредување кога се во прашање пророците и јасновидците: “А вие не слушајте ги вашите пророци и вашите бајачи, вашите јасновидци, вашите магепсници и вашите вражачи…” Еремија 27,9;Исаија 8,19.

Денеска, кога се занимаваме со астрологијата, ние всушност повикуваме некои од митовите и боговите од старите времиња. На тој начин се впуштаме во опасност од која тешко можеме да се вратиме. Сите ние имаме чуство за иднината. Откривањето на иднината донесува возбудување и радост. Но од друга страна може да донесе страв и грижи! Луѓето сакаат да ја дознаат добрата страна во својот живот, односно дека “лошите работи” нема нив да ги пратат во животот. За христијаните кои веруваат во Бога, иднината е непозната, но никогаш не е несигурна. Бог нас не создал и ја знае иднината на секого од нас. Тој знае дека ние сме свесни за иднината и знае дека чезнееме и имаме потреба за сигурност, затоа со љубов ни нуди надеж за она што е пред нас.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”335″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”249″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”400″}}]]

Најголема тајна, а за многумина и најголем извор за страв е смртта. Што ќе се случи кога ќе умрам? Има ли нешто зад гробот? За да добиеме одговор на овие прашања, Исус дошол на овој свет да умре, но не и да остане мртов. Се вратил од смртта за да ни покаже дека постои нешто многу поважно од овој живот. Тој дошол да ни покаже да не се плашиме од смртта. “А Исус и рече: Јас сум воскресението и животот, кој верува во Мене, нема да умре, ќе живее. И секој, што живее и верува во Мене, и да умре ќе живее”. (Јован 11,25.26) По природа, ние луѓето сме свесни за постоењето на иднината, и природно е да размислуваме за оние работи кои ќе се случат. Астрологијата може да ни даде чуство на личен идентитет. Тоа лесно може да се примени како средство во секојдневниот живот. Меѓутоа, што ако е безвредно, или пак опасно? Зошто тогаш не се свртиме кон Бога? Дали Тој и нуди на личноста слично чуство на лична вредност? ДалиТој е подеднакво реалистичен и практичен?! ДА! Со Бога можеме да започнеме однос кој е двонасочен, практичен, вреден и непосреден.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”333″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”350″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”322″}}]]

Нашиот однос со Бога се заснован на молитвата. Молитвата е едноставно разговор со Бога, зборување на Бога и слушање на она што Тој ни зборува. Во молитвата на Бога му зборуваме она што сакаме. Тоа е барање на она што ни е потребно и слушање на она што Бог сака да ни го каже. ,,Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец…”(Матеј 6,6) Бог е личен Бог и ни сака се најдобро. Тој е среќен Што може да ни помогне, да се грижи за нас, да ни пружи љубов и да ни даде на знаење дека многу му значиме. Во молитвата тоа можеме да го почуствуваме, да бидеме блиски со Бога и да му ја довериме својата иднина. Ако сакаш да имаш такво пријателство со Бога, ако сакаш надеж, сигурност и мир, примени ги во својот живот овие совети:
– Кажи му на Бога ако си загрижен за својата иднина. Кажи му како се чуствуваш. Без обзир што е во прашање: работа, болест, семејни проблеми, било што, Бог те разбира.
– Замоли го Бога да ти помогне во животот. Замоли го да биде со тебе секој ден. Немој да се двоумиш да разговараш со Него секој ден преку молитвата, бидејќи Тој секогаш е со тебе.
– Ако некогаш си користел уиѓа-табла, или си одел кај вражачи, или си бил “закачен” за хороскопот, или нешто слично, кажи му на Бога. Замоли го да те ослобоси! Замоли го да те заштити од злото кое може да биде поврзано со она што си се занимавал порано. Замоли го да те чува и да му помогне на твоето семејство.
– Читај ја Божјата реч – Библијата. Читај ги евангелијата. Додека ги чисташ, ќе најдеш повеќе извештаи за Бога кој се грижи за тебе! Можеби ќе сфатиш дека од помош ќе ти биде ако одиш на богослужение или на состаноци на кои се проучува Библијата. На тие состаноци ќе имаш можност поблиску да се запознаеш со Исуса и неговата милост која е насочена кон секого. Бог нема да ти обезбеди список на идните настани во животот. Но, верувај тоа нема да го направи ни хороскопот! Бог обезбедува водство кое ти е потребно тогаш кога ќе се соочиш со тешки одлуки во својот живот. Исус отишол од овој живот за да не увери во животот кој ќе дојде. Тој ни ветил живот кој никогаш нема да се заврши, Тој ни ветил живот вечен. (Јован 3,15; Матеј 28,20)

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”334″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”313″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”448″}}]]

Според тоа, не постои нешто од Што треба да се плашиме, ако патуваме со Исус Христос. Тој веќе поминал по тој пат и прогласил дека е сигурен. Да, постојат тешки делови на тој пат, но ние можеме да патуваме со сигурен Водач кој ветува дека секогаш ќе биде со нас. “Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да се бои.” (Јован 14,27) Има ли нешто подобро од тоа? Бог не не информира за сите настани кои би требало да се случат. Меѓутоа, тоа не го прави ни астрологијата! Но, кој ја дава вистинската среќа и мир денес? Исксуството на милиони луѓе по целиот свет сведочи дека тоа го прави само Бог. Тој е стабилен и во потполност може да МУ се верува. Бог дава мир. Тој ги задоволува нашите најдлабоки потреби и не води во сигурна иднина.

Томе Трајков