КОЈА Е ВИСТИНСКАТА ЦРКВА?

Во светот денес има повеќе од илјада разни религии, од кои повеќето се христијански вери. Само во САД има повеќе од триста разни христијански цркви у групи. Интересно е што секоја од тие тврди дека е ,,вистинската црква”. Секако, тоа не може да биде вистина, бидејќи читаме во Светото Писмо, дека двајца не можат да одат заедно ако не се разберат. (Амос 3,3)

Единствена причина што христијанските цркви и групи се разделени е тоа што тие не се разбираат меѓусебно и не го разбираат толкувањето на Светото писмо. Но сепак, секоја од нив тврди оти е таа ,,вистинската црква”.

Освен Светото Писмо, и самата логика на размислување заклучува дека тоа не може да биде вистина. Сите тие можат да бидат погрешни, но сите не можат да бидат исправни, и во исто време да не се сложуваат во разбирањето и учењето на христијанската вера и наука. Вистината соединува, но заблудата раздвојува. Кога сите христијански цркви би ја имале и би ја учеле целата вистина на Божјата реч, тогаш христијанството би било соединето во едно духовно тело. Но сепак помеѓу расеаните и несогласените христијани, Бог мора и денес да има свој верен народ или своја ,,вистинска црква”, што Тој ја имал во своите минати векови. Затоа Господ во својата Реч не учи, сите да ги испитаме и тоа со помош на Неговиот закон, кој Тој му го дал на човекот како вистинско морално мерило на правдата и правило на животот. (Амос 7,8; Езекил 20,11)

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”340″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”250″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”400″}}]]

При испитувањето на историјата на Божјата вистинска црква, пророкот Исаија ни советува да го побараме народот кој го почитува Божјиот закон и живее во склад со неговите барања. “Допрашај се до законот и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив вема светлина.” Исаија 8,20.

Кога Исус бил на Земјата, Тој учел дека постојат два пата, тесен и широк. Тој ги советува своите следбеници да одат по тесниот пат, кој води во вечен живот, бидејќи широкиот пат, рекол Тој, води во вечна пропаст. “А тесни се вратите и тесен е патот што води кон животот, и малцина го наоѓаат.”(Матеј 7,14)

Во старозаветното време постоеле два слоја на религиозен народ. Тоа биле еврејскиот или израелскиот народ кој го обожавал правиот и живиот Бог, и останатите незнабошци кои биле идолопоклоници и ја обожавале природата.

Во тоа време за да се препознае правиот пат или “вистинската црква” било многу полесно. Но денес, кога пред себе го гледаме поделеното и скараното христијанство, човек се прашува: “Кој е вистинскиот пат? Која е вистинската црква?” Луѓето кои барем и малку размислуваат гледаат дека нешто во основа е погрешно кај христијаните наместо љубов и братство, помеѓу христијанските народи владее завист, мрзост, револуција и војни! Затоа денес многумина се прашуваат: “Дали христијанството промашило во своето постоење?” Постои само единствен одговор: Христијанството само по себе не промашило, туку христијаните промашиле да живеат по начелата на христијанската вера и наука. Затоа христијанските водачи се виновни што многубоштвото се раширило на земјата. Кога самите пастири се расипале, што би можело да се очекува од нивното стадо? “Свештениците нејзини го нарушуваат Мојот закон и ги осквернуваат Моите светињи, не одвојуваат свето од несвето и не прават разлика меѓу чисто и нечисто…”(Езекил 22,26;44,23)

Причина за секое зло во светот е што христијаните не живеат по начелата на христијанската наука и вера. Затоа Господ однапред објавил во својата Реч, дека сето тоа ќе биде последица на напуштањето на Неговиот свет закон. Проучувајќи го Светото Писмо дознаваме, дека Бог секогаш имал една мала група на народ на Земјата која му служела верно и предано, додека останатите секогаш му служеле површно, почитувајќи ја традицијата и обичаите. За таквите Господ рекол: “И рече Господ: Бидејќи овој народ се приближува кон Мене со устата своја, и со јазикот свој ме почитува, а срцето негово му останува далеку од Мене, и почитувањето нивно пред Мене е само научено човечко правило.” (Исаија 29,13)

Мора да признаеме дека и денес повеќето христијани се придржуваат на човечките обичаи и преданија, наместо на Божјиот закон, и му оддаваат служба само со својата уста. (Матеј 7,6-8) Службата со уста е залудна служба, рекол нашиот Спасител. Бог бара служба која потекнува од послушно срце. Затоа христијанската вера не е виновна што злото дошло на светот, туку за тоа се виновни христијаните, бидејќи не живеат по Светото Писмо. Христијанската религија не е причината за злото ниту расипаноста во светот, туку тоа го прави отпаѓањето од Бога. Причината за сите неволји во светот е во тоа што човечкото срце се одвоило од Бога. Затоа Бог вели:”… Поради тоа што вашите татковци Ме оставија, вели Господ, и тргнаа по други богови, ним им служеа и ним им се поклонуваа, а Мене ме оставија, и законот Мој не го пазеа.”(Еремија 16,11) “Што повеќе се множеа, повеќе грешеа!” (Осија 4,7) Денеска тоа е права вистина. Колку повеќе има жители на Земјата, толку повеќе има беззаконија, разврати и морална расипаност! Тоа е директна последица на отфрлањето на моралното правило на животот што Бог им го предал на луѓето –- Неговиот свет закон. Додека повеќе народи го престапуваат Божјиот закон, Бог ги има и тие кои го почитуваат и ги држат сите заповеди. Таквите Тој ги смета за свој избран народ и за своја вистинска црква. “И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино, што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исуса Христа.” (Откровение 12,17)

Господ на пророкот му покажал во видение дека “остатокот” на наеговиот верен народ ќе постои и во последните денови и ќе го објавува евангелието на сите народи на Земјата. (Откровение 14,6-12) Изразот “остаток” ги означува оние кои ќе останат верни на Бога во времето на христијанскиот отпад. Тоа е таа мала група на христијани кои ги држат сите Божји заповеди, додека онаа поголема група христијани се придржува кон “човечките преданија и обичаи.”(Римјаните 9,27)

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”291″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”300″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”400″}}]]

Бог имал свој верен “остаток” во секој век и во секоја генерација на Стариот и Новиот завет. Таков остаток Бог има и денес. Многу христијани го држат учењето што на разни начини се вовлекло во нивното верување, а не настанало со Божја заповед. Меѓутоа, Божјата вистина никогаш не е изменета. Бог очекува од луѓето да ја прифатат вистината што ќе ја запознаат. Псалмистот Давид ставот на секој искрен христијанин го опишува вака: “Вистината ќе изникне од земјата, а правдата ќе се појави од небото.” (Псалм 85,11)

Кога се молиме: “Господи, покажи ми го својот пат”, Бог ќе ни ја открие вистината. Меѓутоа, наша должност е светлината што ни ја открил да ја прифатиме и да живееме според неа. Времето на Божјиот часовник истекува. Небесниот суд набргу ќе заврши и Христос ќе дојде своите верни следбеници од сите времиња и од сите краишта на светот да ги поведе во вечниот дом.

Без оглед на тоа дали си стар или млад, образован или не, богат или сиромав, Христос те сака. Во неговите очи имаш неизмерна вредност и затоа Те повикува, во сообразност со твојата вера, да одлучиш и да влезеш под крилото на неговата вистинска Црква. Одлучи се уште денес!

Томе Трајков