Текстови

КРШТЕВАЊЕ НА ДЕЦАТА

Човекот не се раѓа како христијанин, тој тоа станува подоцна. Бог уште од самиот почеток и препуштил на човековата слободна волја да избере меѓу животот и смртта. Неговата одлука да му служи на Бога и да се подготвува за небесното царство јавно се изразува со крштевање. Исус вели: Оној што поверува и што ќе се крсти, ќе биде спасен! Марко (16.16) Никаде во Библијата не пишува дека мали деца се крштевале. Тврдењето дека со крштевањето треба да се исперат наследните гревови на детето, произлегува од лажната теорија за наследниот грев и од небиблиското сфаќање на крштевањето. Оваа нехристијанска појава првпат се забележува кон крајот на 2 век.

Црковниот отец Тертулијан ( 150 – 220 по Христос) запишал: Зошто ги принудувате оние кои уште не згрешиле да бараат проштавање на гревовите? Тие мораат најнапред да разберат, за да можат да го бараат спасението и истото да им биде дарувано на нивна молба.

Познатиот христијански мислител Киркегард кажал: Ние ги земаме децата, на секое од нив ќе му излееме неколку капки вода на главата и така тоа станува христијанин…На тој начин за кратко време ние имаме повеќе христијани отколку харинги за времето на ловот, милиони христијани со што сме станале најголемата сила што светот кога и да е ја видел. Тоа фалсификување на христијанството навистина е ужасно.

Малите деца можат да се молат на Исус и подобро го запознаат преку Библијата.

Самиот Исус ги повикува родителите : Пуштете ги децата нека доаѓаат кај мене и немојте да им браните, зошто на такви е царството Божјо. Марко (10.14) Кога ќе го прифатат за свој спасител и стекнат доверба во него ќе се крстат како што и тој ни покажал со својот пример.