Текстови

НЕВИДЛИВИОТ СВЕТ НА АНГЕЛИТЕ

Луѓето се уште малку знаат за планетата на која живеат. Се уште многу повеќе го има она што не може да се види отколку она што се гледа. Да го замислиме само неизмерниот број на атомите што се наоѓаат во воздухот. Без сомнение, тие постојат иако се невидливи. Ни самиот воздух не може да се види, но неговото постоење може лесно да се докаже. Ниту со помош на супер – електронските микроскопи не можат да се видат сите физички тела што несомнено постојат и можат да се докажат на друг начин. Колку дури луѓето малку знаат за вселената во која живеат. Библијата е книга што ја отстранува завесата меѓу видливото и невидливото. Нејзините вдахновени писатели зборуваат за постоењето и за животот на еден чудесен, невидлив свет. Творецот на видливиот свет е и Творец на невидливиот. Библијата ни кажува дека преку Него е создадено се – се што е на небото и на Земјата, видливо и невидливо, било тоа да се престоли, или господства, или поглаварства, или власти; се нсе создаде преку Него и за Него (Колосјаните 1,16).

Големиот Творец на видливиот и невидливиот свет е Исус Христос, „кој е совршена слика на невидливиот Бог„ (1,15). Бог е невидлив но во Христа можел да се види и да се чуе. Апостол Јован кажува дека дури и нашите земни „раце го опипаа„ (1.Јованово 1,1).

Врската меѓу видливиот и невидливиот свет е прикажана во Библијата со прекрасна сликаод сонот на Јакова. „И сони сон: скала стои на земјата а со врвот допира до небото, и Божји ангели се качуваат по неа и слегуваат„ (1.Мојсеева 28,12).

Библијата ни помага да дознаеме нешто за невидливите суштества во вселената. Жителите на тој невидлив свет псалмистот ги нарекува ангели: „Ангелите господови ги опкружуваат оние што се бојат од Него и ги избавуваат„ (Псалм 34,7).

Сигурно веќе сте слушнале дека некои луѓе доживеале несреќа и останале живи под необични околности, а можеби и самите сте го искусиле тоа. За сите тие необични спасувања можеме да им заблагодариме на ангелите, односно на Господа. Всушност,Библијатакажува дека секое Божјо дете има свој ангел чуваркој бдее над него и го чува од раѓањето до смртта. Сам Исус го потврдил тоа со зборовите: „Внимавајте да не презрете ниту едно од овие малечкиве, зашто ви кажувам дека нивните ангели на небесата постојано го гледаатлицето на мојот небесен Отец„ (Матеј 18,10).

Разни легенди за ангелите од средниот век мнозина навеле да не веруваат ниту во она што го кажува Библијата за ангелите. Други, пак, мислат дека ангелите се духови на умрените. Некои тврдат дека тие воопшто не постојат, и како и некогаш садукеите велат дека  „нема… ниту ангели ниту дух„ (Дела 23,8). Но што кажува Библијата за ангелите, за овие невидливи жители на небесното царство?

Пред се, дали ангелите се духови на нашите покојни претци? Одговорот на Библијата е јасен и одреден. Ангелите не се души на умрените. Во тоа можеме да бидеме наполно сигурни затоа што Библијата кажува дека ангелите постоеле уште пред да умре првиот човек на овој свет. Кога нашите прародители згрешиле и биле оддалечени од својот дом во Едемската градина, „Бог постави пред Едемската градина херувими со пламенен меч што светеше да го чуваат пристапот кон дрвото на животот„ (1.Мојсеева 3,24).

Библијата зборува за различни редови ангели, а херувимите се едни од нив. Ангелите се суштества што ги создал Бог пред да го создаде човекот. Во посланието до Евреите читаме: „Што е човекот да го помниш, или синот човечки та милостиво го погледнуваш? Во одредено време – само за кратко – си го сторил помал од ангел, но тогаш си го овенчал со слава и чест; сеси подложил под неговите нозе„ Евреите 2,6.7)

Библијата е полна со извештаи за ангелите и за нивните дела. Таа кажува дека нивната моќ е огромна. Апостол јован рекол дека илјадници и милиони ангели се наоѓаат „околу„ Божјиот„ престол„ (Откровени 5,11).

Повеќе пати ангелите се појавувале на Земјата во човечки лик и биле примани како гости од страна на своите гостољубиви домаќини. На пример, Божјиот пријател Аврам „не знаејќи од гостољубивост прими на конак ангели„(Евреите 13,2). Неговиот близок роднина, Лот, примил на преноќиште два човека како патници кои всушност биле Божји ангели. „И тој ги нагости, испече погача та јадоа„ (1.Мојсеева 19,3).

Многу пати ангелите ги спасувале Божјите слуги од смртни опасности. Кога министерот на персискиот цар Дариј, Данило, бил обвинет и фрлен во јама пред лавови, за своето чудесно избавување можел да му благодари на еден ангел. За тоа му рекол на царот: „Бог мој испрати свој ангел кој им ја затвори устата на лавовите та не ми напакостија; зашто се најдов чист пред Него, а ни тебе, царе, не ти сторив зло„ (Данило 6,22).

Кога пророкот илија паднал во душевна криза, бил испратен ангел од небото да го окрепи обесхрабрениот пророк. Го нашол далеку в пустина под една смрека. Библијата кажува: „И глеј, ангел го допре и му рече: Стани, јади!„ (1. Царевите 19,5).

Ангелите се наоѓаат насекаде околу нас како невидливи сведоци на нашите зборови и дела. Колку поинаку би живееле и би зборувале кога би биле свесни дека не посматраат и не слушаат светите Божји ангели! Затоа вдахновениот проповедникотни дал добар совет: „Не и дозволувај на устата да те наведува на грев, и немој подоцна да кажеш пред ангелите дека било неволно„ (Книгата на проповедникот 5,6).

Ангелите имале видно учество во Христовиот живот. Еден ангел го објавил неговото раѓање и истиот ангел го предупредил Јосифа навреме да се засолни од Иродовиот меч. Ангелите пееле непосредно пред Христовото раѓање и му служеле во пустината на искушението (Матеј 4,11). Христов ангел го отстранил каменот од гробот и го објавил Христовото воскресение.

Врската меѓу Земјата и небото се одржува со посредство на ангелите. Овие свети суштества се длабоко заинтересирани за спасението на целото човечко семејство и на секого од нас поединечно.Ангелите „се испратени да им служат на оние што ќе го наследат спасението„ (Евреите 1,14).

За жал, постои и темна страна на оваа светла слика. Од прилика една третина од непознатиот број на небесната војска паднала во грев и била фрлена на Земјата. Овие паднати ангели во Новиот завет се нарекуваат „демони„ . Еден ден Бог ќе ја ослободи вселенатаод нивното присуство. Демоните за секогаш ќе исчезнат, а светите ангели ќе станат видливи пријатели на спасените на новосоздадената Земја.

Драги пријатели, уште денеска можете да уживате заштита и помош од Божјите ангели. Ако верувате во Христа, Бог ќе заповеди и за вас како што заповедил за својот Син: „Зашто им заповеда на своите ангели да те чуваат на сите твои патишта„(Псалм 91,1).