Од година во година божиќните и велинденските празници се повеќе се прославуваат во христијанскиот свет. Дали во Библијата наоѓаме темел за нивното прославување?
Скоро на секого му е јасно дека Божиќ нема Божјо потекло, ниту за него наоѓаме извештај во Новиот завет. Светото Писмо ништо не зборува за датумот на Исусовото раѓање. Но, зошто денеска голем број христијани го слават 25. декември како ден на Христовото раѓање? Дали тоа има библиски темел?
Библискиот извештај за Христовото раѓање и настаните што го следеле, н# упатуваат на некои други датуми. Во Евангелието според Матеј 2,1.2 пишува: ,,А кога се роди Исус во Витлеем Јудејски, во дните на цар Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток и рекоа: Каде е новородениот Цар Јудејски? Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да му се поклониме. ,,Небото го објавило овој настан и мудреците од Исток сакале на Господа да му посакаат добредојде.
Во Евангелието според Лука 2,8 пишува: ,,Имаше пастири во тој крај, кои ноќеваа таму и го чуваа своето стадо.’’ Во зимско време пастирите не ги чувале своите стада под ведро небо, бидејќи ниските температури тоа не го дозволувале. За време на царот Ирод била издадена наредба за попис на населението. Затоа кога Христос требало да се роди, Јосиф и Марија морале пешки да го поминат патот од Назарет до Витлеем за да бидат попишани и да го платат данокот. Тешко можел еден император да собира данок во зима од Евреите кои не го поднесувале. А Евреите сигурно би имале силни причини да не одат во местото на своето раѓање во зима!
Во минатото имало преку сто разни датуми со кои се обидувало да се одреди Христовиот роденден, а секоја година барем четиринаесет од нив се празнувале во Витлеем. Ниту еден од овие датуми не бил 25 декември. Важно е да се забележи и тоа дека 25 декември со векови се празнувал на северната полутопка, а во некои краишта дури и многу порано пред Христа.
По општиот потоп во времето на Ное, кога народот се свртел против Бога, луѓето почнале да го обожаваат Сонцето како извор на светлината, топлината и храната. Милиони обожаватели истовремено се плашеле и го славеле. Кога ноќите станувале постудени, а деновите пократки, и кога мраз би стегнал на сите страни, луѓето се плашеле од помислата дека никогаш повеќе Сонцето нема да го видат. Притоа, тие забележувале дека тоа од ден на ден почнало повторно да се крева над хоризонтот. Богот-Сонце, повторно се раѓа. Наскоро деновите станувале с# потопли и подолги. Така, старите многубожечки народи – Египќаните и Вавилонците заклучиле дека Богот-Сонцето треба да се роди непосредно по најкраткиот ден. Во почетокот тоа бил 21 декември, а подоцна било пресметано дека е 25 декември.
Во британската енциклопедија пишува: “Дваесет и пети декември се празнува како роденден на стариот бог Митра, чија религија била спротивна на христијанството во текот на првите христијански векови.’’
Во 1. Мојсеева 10,8 читаме: ,,Хус го роди Нимрод…,,, а во следниот стих имаме извештај дека ,,тој бил добар ловец”. Самото име Нимрод значи ,,бунтовник.” Тој навистина бил бунтовник против Бога. Во десеттиот стих пишува дека почетокот на неговото царство било во градот Вавилон. Нимрод бил основач на лажен систем на богопочитување, спротивен на она што Бог го одредил за човекот. Ноевиот син Сим му останал верен на Бога, додека Нимрод се побунил.
Како мошне побожен бунтовник, Нимрод го основал Вавилон и воспоставил свој систем на религија. Вавилонската кула имала религиско значење, бидејќи била изградена во знак на непочитување на Божјите ветувања дека повеќе нема да има сеопшт потоп. Лажното богослужение започнало со обожавање на Сонцето. Народот се собирал во градот, чија кула допирала ,,до небото, до Сонцето”.
Бог не дозволил луѓето да се населуваат во градовите, каде што злото многу побрзо се развива и множи. Расипаноста отсекогаш била поизразена по градовите. Вавилон претставува почеток на идолопоклонството во периодот после потопот. Во Псалам 106, 35-38 опишано е злото кое Бог не го одобрува. ,,Тука се смешаа со незнабошците и свикнаа на нивите дела. Им служеа на нивните идоли, а тоа беше соблазна за нив. И ги жртвуваа синовите свои и ќерките свои на боговите. И пролеваа невина крв, крвта на синовите свои и ќерките свои…и земјата се извалка од таа крв”.
По смртта на Нимрод, неговата жена Семирамида (наречена уште и Иштар) продолжила со лажното богопочитување. Под нејзино владеење се развил култот ,,обожавање на Сонцето”. За тајните ритуали се криел неморал и разврат. Семирамида тврдела дека духот на Нимрод се наоѓа на Сонцето. Тоа го поттикнало народот на поголемо обожавање на Сонцето како животодавател, извор на плодноста и множењето. Со тоа неморалот и изопаченоста станале општа појава. Затоа не е ни чудо што Бог, се она што е поврзано со тоа, го прогласил за одвратно и гнасно (3. Мојсеева 18,25-30). Многу порано, пред Нимрод и Семирамида да склопат брак, таа родила дете по име Тамуз. Самиот факт дека Нимрод станал симбол на обожавање на Сонцето, Тамуз станал ,,Божји син”,. Така сатаната се обидел да понуди и Месија. Тамуз имал и други имиња, како на пример: Господ, Посредник, Спасител, Заветник… Всушност, тие имиња му припаѓаат единствено на Исус Христос, како на вистински Месија. Сосема е разбирливо дека на тој начин Семирамида станала,,Божја” мајка, што во сличен облик подоцна се претопило во учењето на некои христијански вероисповеди.
Првата буква на името Тамуз (Т) станала негов заштитен знак-крст, и го употребувале во молитвите и во разни прилики на богослуженијата. Подоцна, околу крстот бил нацртан круг, кој го претставувал самото Сонце. Жртвите што паганите ги принесувале или ги одредувале за жртва на Сонцето, ги приковувале на крст во мигот кога Сонцето излегувало. Овој обичај ни помага подобро да разбереме зошто сатаната настојувал Христос да биде распнат токму на крст. Сатаната е ,,ѕвезда Деница”, Луцифер, и кога Христос бил прикован на крстот, тој се надевал дека со тоа ќе покаже дека Христос е жртвуван токму на него. Меѓутоа, Бог ја спречил намерата на сатаната на тој начин што целиот настан го сокрил со замрачување на Сонцето.
Дваесет и петти декември, датумот на раѓањето на Тамуз, станал празник кој се прославувал со приредби, гозби, пијанки и со неморал.
Многу порано пред Христа во Вавилон се празнувал денот на детето. Како дел од религискиот ритуал, старите кителе дрво со сребро и со слични украси. Пророкот Еремија напишал: ,,Бидејќи наредбите од народите се суетни: отсекуваат дрво во гората, го изделкуваат човечките раце, го украсуваат со сребро и злато, го прицврстуваат со клинови и со чекан за да не се ниша” (Еремија 10,3.4)
Четириесет дена пред пролетната рамноденица – почетокот на пролетта, биле посветени на плачењето и радувањето. Пророкот Езекил вели дека жените плачеле пред вратите на Божјиот дом на Тамуз (Езекил 8,13.14). Бог тоа го нарекол ,,гнасотија”. Овој период од четириесет денови се поистоветува со каризмата, што е всушност и подготовка за Велигден. Всушност, и самиот збор Велигден во многу јазици не е ништо друго туку модифицирано име на божицата Иштар (Англ. Ештер).
Божицата Иштар меѓу народот била позната како божица на пролета и на плодноста. Нејзиниот дух, според верувањето, отишол на месечината, па затоа во нејзина чест секоја година се одржувале големи свечености. Тој свечен ден се празнувал во првата недела по полната Месечина, по пролетната рамноденица. Денеска Велигден се одредува на ист начин – првата недела по полната Месечина после 21 март.
Има уште еден вид обожавање на Сонцето што Бог не можел да го одобри, а тоа е обожавање на небесната царица. Во книгата на пророк Еремија 7,18 пишува: ,,Децата собираат дрва, а татковците палат оган, и жените месат тесто, за да прават банички (погачи) за Божицата на небото и да вршат преливи за други богови, за да Ме огорчуваат”.
Банички, односно погачи со втиснат крст потекнуваат од стариот Вавилон. Во 13 век на на англиските пекари им било забрането да втиснуваат крстови на погачите(лепчињата), бидејки тоа се сметало за пагански обичај. Така, вешто и незабележливо се провлекувал знакот на Тамуз.
Боењето на велигденските јајца, симбол на раѓањето на животот и доаѓањето на пролетта, исто така е преземено од паганските обичаи. Поради карактеристичното брзо размножување на зајаците, исто така, станале симбол на плодноста. Затоа не е ни чудо што денес на офарбаните јајца се лепат слики на зајачиња. Сите овие обичаи потекнуваат од стариот Вавилон. Спомнатите примери не наведуваат на заклучок дека на истите не можеме да им припишеме духовна вредност, ниту пак дека тие имаат темел во Библијата. Очигледно е дека сатаната вешто ги вметнал паганските обичаи во христијанството, и им дал христијанска конотација.
При крајот на ова излагање ќе наведам уште еден пример. Најважниот ден во велигденските празници е неделата. Неделата ја празнувале паганите кои го обожавале Сонцето на Исток. Сонцето често го нарекувале ,,Господово”. Но неделата никогаш не била Христов ден, туку ден на Тамуз, вавилонскиот господар. Највозвишениот дел на богослужението бил митот кога Сонцето се раѓало. Луѓето во тие моменти се свртувале кон Исток. Затоа денес не треба да не изненади извештајот во Библијата во кој гледаме како Бог наредил неговиот храм во Ерусалим да биде свртен кон Запад. Во спомнатиот библиски стих во книгата на пророк Езекил, Бог напоменува дека идолопоклониците го свртувале грбот кон Божјиот храм, а лицето кон Исток, обожувајќи го на тој начин Сонцето. Бог го опоменувал својот народ да се чува од обожавање на Сонцето. ,,Саботите Мои пазете ги, јас сум Господ, вашиот Бог” (3. Мојсеева 19,30).
Почитувани пријатели, Бог нека ви помогне да ги цените Неговите заповеди повеќе од се друго во вашиот живот што би можело да ве заведе на погрешен пат!
Томе Трајков