Текстови

ОКУЛТНИ ПОЈАВИ

Под овој поим се подразбираат сите појави кои не можат научно да се објаснат. Некои за тие појави употребуваат поедноставен збор ,,СПИРИТИЗАМ” (англиски ,,спирит – дух). На тој начин на тие појави им се дава поодредено значење – се настојува да се каже дека повеќето настани што се случуваат на таинствен начин припаѓаат на дејствувањето на душата на покојникот. Која е вистината?

Библиското учење за егзистенцијата на човечкото суштество е дека сите сме кандидати за бесмртност. Библијата зборува за условната бесмртност на човечката душа. Тоа е една посебна тема, но сега само ќе се допреме до неа и ќе истакнеме дека Библијата вели дека мртвите спијат. Истото го кажал и Исус за Лазар кога бил во гробот. Мртвите лежат во своите гробови и не знаат ништо. Ние знаеме дека науката за бесмртноста на човечката душа навлегла во христијанството од грчката митологија – од филозофијата на Платон. Ваквата наука не наоѓа своја поткрепа и оправдување на страниците на Библијата.

Мнозина се надеваат дека при некоја спиритистичка сеанса ќе стапат во контакт со некоја своја драга личност која веќе не е жива. Таквата надеж прави многумина да одат на спиритистички сеанси и навистина да доаѓаат во допир со нешто. Некои одат кај гатачи за тие да им кажат нешто за нивната иднина. Спиритистите и сличните на нив веруваат дека верувањето за Исуса Христа е застарено, не е современо – од него се поминати околу 2000 години. Таквите спиритистички сеанси се повеќе се наметнуваат со научна наметка. Има многу научници кои се повеќе се занимаваат со спиритизам, има многу државници, многу политичари и луѓе интелектуалци кои одат на такви места, бидејќи веруваат и се надеваат на добри совети.

Пред 30-40 години тоа не можев да го замислам, но денес речиси секоја поголема улица има свој гатач. Читате хороскоп во списанија, на телевизија слушате одговори од астролог, често се појавуваат разни гатачи и зборуваат што ќе биде утре. Угледни теолози на денешнината не се притеснуваат да ги потпишат човечките души под изјавата за бесмртност. Одиме на места каде што се појавува Марија, во Лурд, во Фатима, уплаканата Мадона во Сијакуза, одиме на места каде што ќе видиме нови ,,чуда” и луѓе кои навистина разговараат со своите умрени. Некои од мртвите повратници дозволиле да биде снимен нивниот глас, некои се сликале. Така се разоружани и многу атеисти. Затоа не е чудо што бројот на организираните спиритисти денес е околу 200 000 000, но вистинскиот број на следбеници е далеку поголем.

Спиритизмот и медиумите – луѓе кои се канали на комуникацијата присутни се од првите денови на историјата на овој свет, од магиските обреди во Вавилон, до староегипетските гатачи преку средновековните вештерки до современите медиуми. Сето тоа спаѓа во широкиот спектар на спиритизмот и неговото адаптирање. Луѓето од античкиот период, особено стоиците и новоплатонистите покажале голем интерес за спиритизмот – верувањето во духови. Тоа имало големо влијание на луѓето од средниот век, а победоносниот поход на современиот спиритизам и неговото ширење по цел свет започнало во 19 век.

Современите спиритисти се согласуваат дека 31 март 1848 година е датум кој го означува почетокот на ширењето на спиритизмот во современиот свет. На тој датум, чудесното тропање на ,,духовите” во Хајдесвил” САД во домот на Џон Фокс предизвикало голема сензација.

Сестрите Фокс

Двете негови девојчиња, 12-годишната Маргарета и 9-годишната Катерина слушнале во ноќта необично тропање. Похрабрата Катерина тропнала на ѕидот и рекла: “Господине со копита, сега е на вас ред ако сакате да одговорите!” Некој господин одговорил. Го прашала колку години има, а тој тропнал дванаесет пати. Така разговарале со помош на тропање. Разговарајќи со ,,некој” дознале дека скелетот на бившиот потстанар се наоѓа во подрумот. Отишле во подрумот и го пронашле скелетот. На почетокот тоа биле само тропања, а подоцна разговорот се водел преку медиуми и водење на раката, на пораките им бил даден глас и набргу дошло до материјализација на духовите. Почнале да се појавуваат духови како реални луѓе. Духови кои дозволувале и да бидат сликани…

Во една спиритистичка книга пишува: Ние тврдиме дека разговорот со мртвите, со духовите, е научно докажан факт со феноменот на спиритизмот. Таа иста книга го дефинира медиумот: ,,Тоа е личност чиј организам е чувствителен на вибрациите на духовниот свет и е во состојба истите тие појави да ги пренесе”.

Постојат разни трикови, измами, но спиритизмот е реален настан, реална појава видлива за човечките очи. Кулминација на овие појави претставува појавувањето на самиот Исус Христос. Во својата книга за спиритизмот господин Смит напишал:
Во петок наутро имавме една приватна сеанса каде што присуствуваа осум луѓе, вклучувајќи го и др.Пенц. Медиумот влезе во салата, за дваесет минути падна во транс, додека духот го контролираше. Тогаш вратата се отвори и се појави величествена појава која не исполни со стравопочит. Во сета Своја големина на Својата слава се појави Исус од Назарет. Господарот над господарите – царот над царевите. Дојде да го исполни Своето ветување, видлив пред нашите очи, не гледаше неколку моменти и рече: Вие сте верни борци и ќе видите поголеми чуда.“ На г-ѓа Луис која седеше најблизу до вратата и ја пружи раката. Таа ја прифати и му даде цветен венец, а потоа Тој и ја пружи раката на г-ѓа Катер… Беше облечен во бела облека и на главата имаше круна. Тоа беше вистинско ремек-дело на материјализацијата.“

Дали тоа бил Исус? Не, тоа не бил Исус. Матеј 24,23-27.,,Ако некој ви каже: Месија е овде или онде – не верувајте, зашто ќе се појават лажни месии и лажни пророци и ќе прават големи чуда за да ги заведат, ако е можно, и самите избрани. Ете, однапред ви кажав! Затоа, ако ви речат: Ене го во пустината! – не излегувајте. Зашто доаѓањето на Човечкиот Син ќе биде слично на грмотевица која ќе блесне на исток и ќе осветли до запад.” Откровение 1,7 ,,Еве доаѓа во придружба на облак!… ќе го види секое око…” Кој се појавува? Еден ден ќе се спушти НЛО (неидентификуван летечки објект). Ќе се спушти. Ќе се спушти во некоја пустина. Ќе се случи тоа. Ќе се спушти во некој град или покрај градот. И од него ќе излезе Исус. Ќе каже дека дошол да го исполни Своето ветување. Дали тоа ќе биде Тој? Според Библијата – не. Или е тоа наука која не води во светот на духовите? Или тоа е голема измама?

Да погледнеме една спиритистичка сеанса опишана во Библијата која може да се спореди со современата спиритистичка сеанса: 1. Самоилова 28,3-20. (Читај од Библијата). Како Бог гледа на овој вид на луѓе – на гатачите? Второзаконие 18,9-12. ,,Кај тебе нека не се најде некој кој се занимава со гатање, волшебништво, магии; никој кој гата, повикува духови и души на предци. Зашто кој прави така, одвратен му е на Господа.” Зошто толку тешки зборови? Како Бог гледал на ова Саулово дело? 1.Летописи 10, 13. ,,Така Саул загина поради своето неверство… не ги држеше Господвите зборови и бараше совет од гатачка.” Бог гледал на оваа постапка со негодување. Тоа не е Божја работа! Чија е? Дали тоа е сатанска работа? Можеме ли таква етикета да ставиме на многу гатања кои денес се толку популарни, а за кои луѓето се толку приврзани? Првите страници на Светото писмо ни зборуваат дека сатаната не доаѓа директно туку преку посредник, преку медиум, се појавил преку змијата. На истата страница го имаме она што сатаната го кажува преку змијата и зборовите кои ги изговара Бог. Битие 2:17. ,,Кога ќе вкусиш, ќе умреш,” вели Бог. ,,Нема да умрете,” вели сатаната.

Битие 3,4. Што е вистина? Дали умираме? Умираме. Дали оваа сатанска лага се уште се проповеда, дали луѓето веруваат во неа? Повеќето луѓе веруваат во ова. На кој начин? Така што повеќето
христијани велат дека нема смрт. Кога ќе умреш, ти не си мртов, бидејќи можеш да разговараш со душата на покојникот. Библијата вели дека нема контакт, бидејќи човекот спие.

Ендрју Џексон

Повеќето будисти веруваат во реинкарнација. Кога ќе ја согледаме оваа наша цела планета, повеќето луѓе денес веруваат во проповедта која сатаната почнал да ја проповеда во рајот – ,,нема да умрете.” На спиритистичките сеанси нема смрт. Оттогаш до денес сатаната преку различни видови на спиритизам проповеда иста проповед: ,,Нема смрт.“ На споменикот на сестрите Фокс пишува: ,,Нема смрт.” Бог не се служи со никакви соблазни, никави тропања, никакви сеанси. Заблудите на спиритистите се спротивставуваат на самата срцевина и самата суштина на евангелието. Во едно спиритистичко списание читаме: ,,Грев не постои. Христовата смрт не е во никаква врска со гревовите на светот…” Знаете ли нешто за духот или личноста кој се нарекува сатана? Тој ист сатана е наш бог и наш татко.“ (спиритист Ендрју Џексон) ,,Спиритизмот ќе го потчини светот. Ќе направи од него подобро место за живеење на луѓето. Под власт на спиритистите, Христовата крв ќе биде отфрлена од овој свет…” (англиски книжевник и спиритист Кенон Дојл)

Од сите тие примери и упатства од Божјата реч можеме да забележиме дека тоа е битка која сатаната веќе ја загубил. Тоа е војска која во очај се повлекува. Треба ли да се плашиме? Да, треба да бидеме исплашени ако во своја рака немаме Библија, ако не ги склопуваме своите раце. Ако Му се молиме на Бога и го проучуваме Писмото, ќе бидеме најслаби луѓе и нема да се плашиме ниту од зли духови ниту од демони. Ако Му се молиш на Бога, сатаната нема сила, бидејќи си на Божја страна. Тогаш не треба да се плашиме, бидејќи сатаната е поразен противник, победен на крстот. Зошто Бог употребува толку тешки зборови ,,гад пред Господа?” Затоа што сатаната и неговите паднати ангели се директни Божји непријатели. Кој се занимава со спиритизам се става на почвата на најдиректниот Божји непријател. 1.Јованова 4,1. Не верувајте на секој дух туку духовите изложете ги на искушение за да видите дали се од Бога…” Ние имаме порака од Бога дека луѓето кои го тврдат ова или она ќе ги препознаеме и ќе испитаме дали тоа доаѓа од Бога или не, па според тоа треба мудро да постапуваме, бидејќи чуда може да прави и сатаната и демоните.

Како ги препознаваме? Матеј 7, 15-22. Пазете се од лажните пророци кои доаѓаат кај вас во овчја облека, а внатре се грабливи волци. Ќе ги препознаете по нивните плодови (живот). Се бере ли грозје од трње или смокви од чичка?…“ Исаија 8,19.20. ,,Покрај законот и Сведоштвата (Писмото)” Ако не живеат христијански начин на живот, не веруваат во Исуса Христа и ако нивниот живот не е во склад со десетте заповеди или со Божјата реч, треба да ги одбегнуваме. Се прашуваме што се спаѓа тука? Гатање, гледање во карти, астрологија, верување во хороскоп, спиритстички медицински центри, мистични источни движења, повикување на духови, магии, претскажување на судбина, парапсихолошки лекувања, бионергија, трансцендентална медитација, визуелизирање, левитација итн. Бионергија имаме сите. И јас и ти, но со таа енергија не може никој да прави чуда освен оној преку кој некој друг работи. Според Божјата реч овие духови кои им се јавуваат на луѓето на сеансите не се мртви луѓе. Тие не се ниту живи. Тие воопшто не се луѓе. Тоа се паднати ангели. Тие можат да ги имитираат оние кои сме ги сакале, бидејќи ѓаволските духови прават чуда. Паднатите ангели – следбеници на Луцифер – се суперинтелигентни суштества и можат да прават чуда. Чуда кои можат да измамат. Она што е натприродно и чудесно не мора да доаѓа само од Бога. Овој свет во минатото бил многу прелажуван. Пред овој свет е најголемата измама која ќе се случи. Сатаната го подготвува светот за таа најголема измама. Тоа е најголемата измама која Писмото ја опишува пред нас. Се уште не се случила. Тоа е имитирање на второто Исусово доаѓање. Повеќето луѓе ќе поверуваат дека Исус дошол. Кој нема да има Писмо во рацете, ќе биде измамен дека тука пишува како ќе дојде. Ако дојде со НЛО или на некој сличен начин, тоа ќе биде величествено, неодолива измама. На паднатите ангели лесно им е да се маскираат во оние кои сме ги сакале, тие поседуваат интелигенција, имаат информации за личностите за време на животот и не е чудо што можат да го имитираат неговиот глас, што знаат како тетка ви ја средувала косата, каде вујкото го сокрил својот тестамент или каде се наоѓа некој скелет. Ако им дозволиме на нашите очи и на нашите уши да не водат, ќе бидеме измамени. Покрај пет сетила ќе бидеме измамени. Единствена заштита е Писмото. Мртвите не знаат ништо. Тоа доаѓа од непријателот.

Една г-ѓа за време на војната во Шкотска примила телеграма од тогашните власти дека нејзиниот сопруг загинал на фронт. Таа била без утеха и се упатила на спиритистичка сеанса и таму го сретнала својот сопруг и разговарала со него. Раскажувале за интимни работи, тој и зборувал како е од другата страна на гробот. Била утешена. Не можела да запре да оди на редовен разговор со својот сопруг на спиритистичките сеанси. По три години, нејзиниот сопруг жив и здрав влегол низ портата од нивниот дом. Не погинал. Од тој момент таа престанала да верува во Бога и во било што друго. Сатаната ја постигнал својата цел, бидејќи ѓаволите правеле чуда. Додека растев, на ТВ се даваа нормални филмови, иако не ги гледав многу, додека денес не можете да гледате филм, а да не видите во него нешто од спиритизмот. Ние денес сме опкружени со тоа. Треба да се плашиме ако не знаеме на кој терен стоиме. Кога ќе сфатиме, читајќи го Писмото, дека тоа е непријателот кој нема сила против Создателот, ние најслабите ќе ги склопиме своите раце, ќе му се предадеме на Бога и мирно спиеме. Она на што не повикува Божјата реч е да го земеме Светото писмо, бидејќи во него се наоѓа сила на Светиот Дух за да не сочува од секоја измама и од секое зло. Тогаш не мораме да се плашиме.

Томе Трајков