„Пазете ги Моите саботи, почитувајте го Моето светилиште. Јас Сум Господ“! (Мој.19,30).
Бог е возвишен и свет; И за понизната и верна душа, Неговиот дом на Земјата, местото каде што Неговиот народ се состанува на Богослужение, преставува врата на небото.Песните за благодарност и зборовите кои ги изговараат Христовите проповедници, преставуваат од Бога одредени средства преку кои припадниците на Неговиот народ се припремаат за небесната заедница, за она возвишено Богослужение.
Кога оние кои доаѓаат на Богослужение влегуваат во просторијата наменета за тоа, тие треба да се однесуваат спрема тоа како доликува на тоа место, заземајќи го во свечена тишина своето место… Обичните разговори, дошепнувања и смеењето не се дозволени во домот Божји, ни пред ни после Богослужението. Оние кои дошле да присуствуваат на Богослужението треба да бидат обземени со сесрдна и делотворна побожност.
Оние кои што некое време мораат да чекаат за почетокот на Богослужението, Нека во свечена тишина го сочуваат правиот дух на побожност во длабоко размислување, воздигнувајќи го своето срце во молитва на Бога за службата да би делувала благотворно на самите нив, а и да би довела до осведочување и обратување на другите. Да имаме секогаш на ум дека тука се присутни небесните весници. Сите ние губиме од слаткото заедништво со Бога заради нашата вознемиреност и пропуштените моменти за размислување во молитва.
Воздигнете ги начелата на христијанството пред очите на децата и младите; помогнете им мислите за Христа да се вметнат во секој сегмент во нивниот живот. Научете ги спрема Божјиот дом да гајат најдлабоки чувства на стравопочит, имајќи на ум срцето кога ќе влезат во таа света одаја да им биде исполнето со мисли од следната содржина: „Овде е Бог, и ова е Негов дом“. Јас морам да имам чисти мисли и најсвети побуди…
Родителите се должни не само да поучуваат, туку и да им наредат на своите деца во светињата да влегуваат со најголема сериозност и стравопочит. Практикувајте стравопочитување се додека тоа не постане составен дел од вашата природа.