Текстови

Под опсада

Во борбата што ќе се води во последните денови, против божјиот народ ќе се здружат сите изопачени сили кои што отпаднале од Господ погазувајќи го Неговиот закон. Во таа борба, Саботата ќе биде голем камен на проба, затоа што во заповедта за Саботата Тој се открил себеси како Создател на небото и земјата. Саботата ќе биде пробен камен на верноста затоа што таа претставува точка во вистината која што е најмногу изложена на напади. Кога на луѓето ќе дојде последната голема неволја, тогаш ќе биде повлечена гранична линија помеѓу тие што му служат и тие кои не му служат на Бога.

Додека празнувањето на неделата во согласност на земските закони, но спротивно од четвртата заповед, ќе биде знак на верност на онаа сила која се противи на Бога а празнувањето на Саботата во согласност на Божјиот закон ќе биде доказ на верност кон Создателот. Додека една група на луѓе со прифаќање на знакот на послушност кон земските власти ќе го прими жигот на ѕверот, а пак другата избирајќи го знакот на верност кон Божјиот авторитет ќе го прими Божјиот печат. Затоа што Саботата во целото христијанство станала посебен предмет на борба, светските и црковни власти се здружиле да ги принудат луѓето на празнување на неделата и упорното спротивставување на мал број верници да попуштат во тоа барање ќе направи сите да ги мразат. Јавно ќе се истакнува дека тој малкуброен народ кој што се спротивставува на црквените установи и на државниот закон, не смее да биде толериран, дека е подобро тој да страда отколку целиот народ да биде вовлечен во незаконитост. Црковните великодостојници и истакнатите луѓе во државата ќе се соединат и по пат на мито, убедувања или насилно ќе ги натераат сите друштвени слоеви да ја празнуваат неделата. Недостатокот на Божјиот авторитет ќе биде надокнаден со присилни методи. Христијаните во минатите векови ја празнувале неделата, мислејќи дека ја празнуваат библиската Сабота.

И денеска има вистински христијани во разни христијански цркви па и во Римокатоличката кои искрено веруваат дека неделата е од Бога одреден ден за одмор. Бог ги прима нивните искрени намери и нивното почитување. Но кога празнувањето на неделата ќе биде наметнато со закон и кога светот ќе биде потполно упатен и просветлен во поглед на должностите кон вистинската Сабота, тогаш ќе се смета дека сите кои ќе ја прекршат Божјата заповед, за да би ја послушале наредбата која не се темели на поголем авторитет отколку што е Рим, со тоа покажуваат поголемо почитување на папството отколку на Бог. Тие го почитуваат Рим и власта која што наредува празнување на установа која е воведена од страна на Рим. Тие се поклонуваат на ѕверот и на нејзината икона. Кога луѓето ќе ја отфрлат установата за која Бог рекол дека е знак на неговата моќ, а наместо неа ја почитуваат таа која Рим избрал да биде знак на неговата врховна власт, тие на тој начин го примат знакот на верноста кон Рим-жигот на ѕверот. Дури тогаш кога сето тоа ќе им биде на сите јасно и кога луѓето ќе се најдат во ситуација да изберат помеѓу Божјите и човечките заповеди, тие кои ќе останат во својот престап ќе го примат жигот на ѕверот. Поместувајќи го денот за одмор на првиот ден во неделата, тој (сотоната) ги наведува луѓето да се сомневаат во Божјите изјави и да се потпираат на сопствените патишта и планови кои што изгледаат многу мудро во нивните очи и во нивното изопачено просудување. По пат на човечки методи тој ги наведува луѓето јасните Божји заповеди да ги сметаат помалку важни од човечката традиција, и дека отстапувањето на тој Закон кој е свет, праведен и добар не го сметаат за нешто многу важно.Тој сваќа дека со спречувањето на луѓето да одат во послушност со Бога, може да наштети во остварувањето на Божјиот план за овој свет. Сатаната се разгневува кога борбата се проширува на нови подрачја и вниманието на народот се насочува кон погазениот Божји закон. Силата која што ја прати оваа вест ќе ја разгневи онаа што се противи на неа. Свештениците ќе употребат и надприродни напори само да ја отргнат светлоста на вистината како не би ги осветлила верниците во нивнитте цркви. Ќе се обидуваат со сите средства кои што им се на располагање само да го оттргнат секое интересирање за овие важни прашања.

Црквата ќе се ослони на граѓанската власт и во тоа католиците и протестантите ќе се соединат. Кога овој покрет за празнување на неделата ќе стане посилен и поодлучен тогаш и граѓанскиот закон ќе биде повикан да им помогне во борбата против оние кои ја празнуваат Саботата. Ќе им се закануваат со парични казни и затвор, а на некои ќе им бидат понудени високи места и положби во работата само да се откажат од верата. Сатаната кажува : “Така целиот свет ќе биде мој. Јас ќе бидам владател на земјата, кнез на овој свет. Јас ќе управувам со умот на луѓето и ќе направам Саботата да им биде предмет на презир. Ќе направам празнувањето на седмиот ден да биде знак за непочитување на земските власти. Човечките закони ќе ги направам да бидат толку строги па сите луѓе и жени нема да се осудуваат да го празнуваат седмиот ден- Саботата. Од страв дека ќе останат без храна и облека, тие ќе му се придружат на светот во погазувањето на Божјиот закон. Земјата потполно ќе биде под моја контрола“. Но како ќе делува тоа на вистински послушните и праведни луѓе, кога светот ќе го укине Божјиот закон? Дали и нив ќе ги понесе силата на злото? Со оглед на тоа дека мноштвото од народот ќе бидат под водство на кнезот на темнината, дали и Божјиот народ кои ги држи заповедите ќе отстапи од својата верност? Никогаш! Никој кој живее во Христа нема да потклекне ниту да падне. Христовите следбеници се поклонуваат на авторитетот кој што е многу поголем и повозвишен од авторитетот на било која земска власт. Тие и покрај сите овие притисоци уште повеќе ќе ја истакнуваат вистината која ги одвојува од другите. Кога Бојиот народ нема повеќе да биде заштитен од законот на земските власти, истовремено во разни краеви на земјата ќе се кренат движења за нивно уништување. Луѓето ќе сакаат да ја уништат оваа омразена секта. Со извици на победа, потсмевање и проколнување тргнуваат злосторнички чети да се фрлат на својот плен; но, на нивно изненадување, на земјата паѓа густа темнина, потемна и од најтемната ноќ. Тогаш на целото небо се појавува виножито отсјајувајќи ја славата од Божјиот престол, и кое како да ги опкружува сите оние кои се молат. Разбеснетото мноштво наеднаш застанува. Замолкнуваат и нивните извици на проколнување и потсмевање. Тие забораваат на своите жртви. Со страв гледаат во симболот на Божјиот завет и посакуваат што побргу да се оттргнат од неговиот силен сјај. Божјиот народ слуша јасен глас кој им кажува: “Погледајте“! Подигајќи ги очите кон небото тие го виделе виножитото на ветувањето. И повторно се слуша јасен, победоносен глас кој зборува : “Еве ги! Доаѓаат! Свети, невини и чисти. Тие беа верни на мојот Збор и Закон ; Тие ќе живеат помеѓу ангелите “; А оние кои што во сите маки и прогонства цврсто се држеа за својата вера изговараат зборови на победа.